Кампања: Да користиме МАКЕДОНСКИ зборови и термини!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
Ај малку да поработиме на утврдување на нашиот Македонски говор, употреба на широкиот спектар на Македонски зборови, и да престанеме да глумиме интернационалци, сочувувајќи си го своето!

Јас почнувам:

Менаџер - Управник, Раководител
Интернационален - Меѓународен
Више - Веќе
Така да - Така што
Контест - Натпревар
Контестант - Натпреварувач
Фрижидер - Ладилник
Адвокат - Правобранител
Интернет сајт- Интернет страница
Пасворд - Лозинка
Јузернејм - Корисничко име
Парламент - Собрание
Гаранција - Рачателство
Трансформација - Преобразба
Информација - Известување, Податок
Комбинирање - Сообразување, Спојување, Помешување
Интеграција - Вклучување, Приклучување, Внесување
Беџ - Значка, Приврзок
Бај д веј - Патем
Бубњеви-Тапани
Публикација - Објава(-вување)
Едиција - Издание
Едитува, едитор - Уредува, Уредник
Џам - Прозорец
Живели - Да живееме


Листава може да се дополнува постојано(а не „константно“!!!), а се надевам и на поголемо учество на членовите, може и да се направат слики со вметнати врски за потписите!(за тие што не ме разбраа...банери со линкање до темата :) )

Ајде Македонци!




П.С.

Колку за информација како тоа го прават останатите земји:

Хрватското списание „Јазик“ направило конкурс за изнаоѓање на хрватски зборови за странски зборови кои се користат во секојдневието па така првата награда од 3000 куни е добиена за хрватскиот збор СВЕМРЕЖЈЕ кој ќе биде замена за ИНТЕРНЕТ, а втората за СМЕЌНИК збор кој ќе биде замена за Контејнер за отпадоци, а исто така и на хрватски наместо пиштол се вели САМОКРЕС, да потсетам на никој хрват ова не му е смешно!

Па така ние како МАКЕДОНЦИ, мора да си го чуваме јазикот, па макар некој збор бил подолг или посмешен, ако е МАКЕДОНСКИ, треба да го почитуваме и употребуваме.
 
Не можеш да се бориш против термини пред кои потклекнува целиот свет и кои навлегоа во сите јазици од типот на менаџер, интернет, хард диск, монитор, телефон, камера...

Баш ме интересира, кој збор би бил соодветен на камера? Снимало? :)

Но, има многу други зборови во нашиот јазик кои се користат од многу поодамна и имаат фатено корен, а не се наши, ниту интернационални. Тие треба да се исфрлат.

Хрватите глумат лудило - во цел свет се вика интернет, само кај нив СВЕМРЕЖЈЕ. Глупости.
 
Мистичен во право е.Не можат сите зборови да се сменат.Не бидете ко Хрватине.Не учат географија, земјопис учат:pos2:
 
Баш ме интересира, кој збор би бил соодветен на камера? Снимало? :)
Видео апарат бе :)


Како и да е, поентата е да си го локализираме јазикот што повеќе...значи, и јас употребувам изрази бидејќи на компјутеров, користам јузер френдли графички интерфејс, ама кога отворам сајтови, банерите се поместуваат...и тоа понекогаш ме нервира...па и Јутуб плеерот ми кочи понекогаш. :)

Е тоа треба да се намали троа...:smir:

Сепак, на никој нема да му штети ако наместо ФРИЖИДЕР каже ЛАДИЛНИК, нели?

Или наместо БУБЊЕВИ, каже ТАПАНИ...
 
Каиш- околустомачен пантолодржач

:)зезам

Потполно ја поддржувам кампањата.Иако е тешко да се одкоренат овие зборови кои што длабоко се вкорениле во секојдневниот говор.Сепа не е ништо тешко.
 
Се ОК ова, ама најмногу мислам дека србизмите треба да ги снема од нашиот говор, на нерви идат.
 
Зборовите од типот на менаџер, интернет и другите што наброи мистичен неможе да се искоренат па ако сакаш на глава превртисе.:smir: ...А и не глеам реална потреба за тие да се исфрлат затоа што тие се интернационални(меѓународни:smir:) прифатени зборови и ги употребува цел свет, и секој обид да се одвоиме од тоа ќе биде во најмала рака смешен, како во случајот со Хрватите. СВЕМРЕЖЈЕ?!!!!:pos2:


По мое мислење треба најпрво да се исфрлат србизмите како "у" наместо "во" , "свиѓа" наместо "допаѓа", "бољи" наместо "подобро", и уште многу други...

Овие зборови кога ќе се исфрлат ќе имамe многу почист македонски јазик.
 
Одма грешка ... се е добро
на нерви одат

Да, веднаш грешка.

Инаку ја поддржувам идејава меѓутоа навистина мислам дека меѓународните зборови да се заменат со наши малку делува тешко изводливо, а и немаме соодветни зборови за замена.

Исто ме нервира кај Хрватите примерот со фудбалот, цел свет го нарекува фудбал а тие ногомет. Го направија ова во најмала рака за да им се разликува јазикот од српскиот.
 
Видео апарат бе :)


Како и да е, поентата е да си го локализираме јазикот што повеќе...значи, и јас употребувам изрази бидејќи на компјутеров, користам јузер френдли графички интерфејс, ама кога отворам сајтови, банерите се поместуваат...и тоа понекогаш ме нервира...па и Јутуб плеерот ми кочи понекогаш. :)

Е тоа треба да се намали троа...:smir:

Сепак, на никој нема да му штети ако наместо ФРИЖИДЕР каже ЛАДИЛНИК, нели?

Или наместо БУБЊЕВИ, каже ТАПАНИ...

Ни видео, ни апарат не се наши зборови.
За бубњеви, пошто не сум од Скопје, а таму најмногу се користи тој збор не ни знаев што се до пред некоја година.Од мал си ги знам тапани:wink:
 
Ете гледате сепак кај нас се употребуваат. Подсвесно ќе се каже тоа без да приметиш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom