Смрт барем за личност како мене што бара издржано мислење за секоја постапка е кога за одговор и е понудено-па кул е. И тоа кажано со таков тон...па што ќе ни се проповедања кога едноставно можеш да кажеш-кул е.
Не сум следела трендови ниту пак ќе ми падне на памет да следам. Конкретно за темата,настрана облеката за која мислам дека секое дете уште од мали нозе треба да се учи на право на избор. Да не се потсетувам на деновите кога мајка ми без мое знаење ќе ми купеше некое парче облека за кое ќе ми речеше-тоа е модерно сега(добро таа зборот кул не го користеше и ниту го користи,Чола генерација).Ја научив на ред кога воопшто немаше да ги облечам

Или пак во школо кога сите ќе дојдеа''степенасто'' потстрижени,бидејќи главната фаца во одделението вчера се потшишала тоа било кул,тренди и така пишувало во не знам кое списание.
Болна тема на разговор ми се кул работите од аспект на љубов,партнери,и нивниот избор. Кул е сега да се залапаш со најдобрата другарка само затоа што...(молк)е кул. И ти доаѓаш до точка на вриење-дали ќе добиеш некогаш објаснување-не. Добро може некој `снаодлив` да ти рече дека е лезби,а по 3 дена те убедува дека е до уши заљубена во новиот дечко,кој по една недела ќе го остави за неговиот најдобар другар.
Сето ова го прават за да им се восхитуваат во друштво за нивната храброст,сакаат да се почувствуваат поуспешни од другите кои паралелно водат исто таков мизерен живот,па си ставаат цртки. Нема таблетки за овој синдром,но и од друштво до друштво има разлика. Треба само да не се плашиш да го одбереш тоа што највеќе ти одговара,она кое нема да ти се потсмева ако носиш маичка од пред 3 сезони,или пак си среќно во врска веќе 7-8месеци па наеднаш НИВ им е многу-па да видиме сега како ќе се однесува ако малку заладите односи,чисто оти е кул да трчаат по тебе. Бидете свои,затоа што пред да трепнете вие ќе остарете такви-во сенката на нечиј друг. На крај краеви,кој ви гарантира дека ќе останете и каква-таква сенка?