The Mummy
The world is not enough
- Член од
- 3 мај 2006
- Мислења
- 5.415
- Поени од реакции
- 181
Повторувајќи го материјалот по македонски за матура наидов на информација која ме доведе во забуна.
Цел живот учиме дека Св.Кирил и Методиј ја создале првата словенска азбука - глаголицата, а нивниот ученик Климент во чест на својот учител подоцна модифицираната азбука ја нарекол кирилица. Така учел дедо ми во 1940 - те год, така учел татко ми во 1970 - те, така сум учел јас во основно, па дури и во 1 или 2год средно.
Но сега наеднаш во материјалот за матура стои, а и имам чуено на ТВ дека кирилицата е создадена во Преславската школа во Бугарија. Според новите истражувања Климент не ја создал кирилицата, бидејќи имал респект кон својот учител и во својата Охридска книжевна школа ја практикувал глаголицата.
Значи до лани се учеше дека во чест на учителот ја направил кирилицата, а сега заради споменот на учителот не можел да ја направи.
Значи прашањето всушност не ми е кој е вистинскиот создавач на кирилицата, бидејќи секако ние не можеме со сигурност да тврдиме, туку како можат вака да си играат професорите, историчарите, културните дејци итн? Сфаќам да било едно учење во 19 век, а денес друго. Ама во 2006 год да учиш едно, а 2 год подоцна сосема друго според мене е апсурд.
Што мислите вие за оваа ситуација, има ли некакво чаре?