А каде е таа видео-касета?
Ако беше толку веродостојно тоа,знаеш ли каков удар ќе имаше врз целата планета?
Ќе беше толку позната,што ќе ја знаеа и жабите.
А ако не грешам,99% од луѓето,дури сега слушаат за тоа.
Зошто ништо од тоа не е емитувано на вести барем?
Па тоа би требало да биде вест на милениумот!!!
Сите ќе го видеа Бог и сите ќе веруваа во него.
Значи,релевантност-нула.Знаеш колку касети со чудни појави има?Милион и една.НЛО,Паралелни Димензии,Нибиру...ова шо ти го спомнуваш е само капка во морето и никаков доказ.
Сето останато што го приложи како докази,наводно се случило 1000 години пред нашето време.Освен ако не успееш да се вратиш назад,и да го видиш со свои очи,можеш само претпоставуваш.А еве,ќе претпоставувам и јас:
-Како знаеле Константин и Елена,дека тоа е крстот на којшто е распнат Исус?Му направиле скенирање на ДНК?Како си сигурен дека не лажат?Секој човек лаже,тоа е нормална особина на сите нас.А мотив да лажат,имаат.Знаеш ли каква почит би добил во тоа време,ако речеш дека си го пронашол крстот на Исус?Стануваш светец во истиот момент,и уживаш огромна популарност низ масите,стануваш идол,а тоа е она што ти е потребно за да останеш на власт доооолго време.
-Дури и да е тоа автентичниот крст,што всушност докажува тоа?Дека во некое време,постоел некој човек,кој бил распнат на него.И ништо повеќе.А римјаните распнале милиони луѓе-значи,милиони крстови.Одново,капка во морето.
-Апостолите се сведоци.Ахам.А тоа го знаеш од Библијата,од истата онаа книга,во која има толку многу глупости,што лектирите за прво одделение ги прави да изгледаат на како ултимативни книги на мудроста.Се што знаеш за Апостолите,е напишано токму од нив.А дали е точно?Дали тие принеле некаков доказ за сето она што го пишувале?Мислам дека не.Поправи ме ако грешам.
Веруваш на зборови.И на ништо повеќе.Ако Бог е толку реален и моќен,зошто тогаш Библијата им заповеда на своите верници да веруваат без да го видат?
Не би требало да е проблем за него да се покаже.Само еднаш,колку сите да бидат сигурни.Но не,Господ го нема никаде.Луѓето чекаат 2000 години,и сеуште ништо.Зошто е тоа така?Библијата објаснува дека тоа е искушение на верноста.
Колку перверзен Бог.
Ги прави луѓето љубопитни,им дава мозок за да поставуваат прашања,и на крај вели дека ќе ги казни ако го направат тоа.Дека ќе одат во пеколот,ако се сомневаат во постоењето на нешто што никогаш не го виделе.И покрај тоа што знае дека сомнежот е дел од природата и карактерот на секој човек на планетава.
Не знам за тебе,ама мене сево ова ми делува малку чудно.Кога би ги отворил очите,би видел и ти,но....тоа е тоа...изборот е твој.