Поука на денот

  • Креатор на темата Креатор на темата simeon
  • Време на започнување Време на започнување
нема потреба,веќе е докажано дека Бог постои
Сериозно?
Кога?
Мора да сум многу назад со информацииве.
Сигурно е нешто со квантна физика,нели?
Ај објасни ми го доказот и ако е доволно релевантен,одма одам во Црква.
Јас грешам,секој греши,не велам дека сум безгрешен.
Очигледно имаш слично ниво на логика и сваќање како и твоите пријателчиња.
Не мислев на такво грешење.
Сакав да кажам:Што ќе се случи,ако се докаже дека грешиш во твоето сваќање и дека Бог не постои?
 
Сериозно?
Кога?
Мора да сум многу назад со информацииве.
Сигурно е нешто со квантна физика,нели?
Ај објасни ми го доказот и ако е доволно релевантен,одма одам во Црква.

Очигледно имаш слично ниво на логика и сваќање како и твоите пријателчиња.
Не мислев на такво грешење.
Сакав да кажам:Што ќе се случи,ако се докаже дека грешиш во твоето сваќање и дека Бог не постои?

Докажано е уште многу одамна,откога светот постои.Кога Бог не би постоел,не би ни бил испратен Исус Христос,кој бил Богочовек.Крстот на кој бил распнат Исус Христос,постои,Светите цар Константин и царица Елена го пронашле,затоа и постои празникот Воздижение на Чесниот Крст.Има и дел од него кај нас,во Македонија.Понатаму,самото Христово Воскресение,за кое е докажано дека се случило,самите Апостоли се и сведоци на истото.Кога постоењето на Бог би било измислено од луѓето,тогаш не би ни постоел Исус Христос-Богочовекот.Не би се случил огромен потрес на земјата кога Он бил распнат,и ја испуштил душата.Не би постоел гробот на Господ Исус Христос и не би се случувале огромен број на чуда на Истиот,и не би слегувал секоја година,и ден денес,Светиот Дух во вид на Оган,во Ерусалим за Воскресение.За ова симнување на Светиот Дух,има и видео касета,на која сето тоа е снимено во Ерусалим.На касетата,која патем,ја имам гледано,Светиот Дух во вид на оган,слегува директно од куполата на црквата каде се наоѓа Светиот Гроб,и ја пали свеќата на Патријархот,и на останатите присутни.И луѓето кои живеат таму,се очевидци на сето тоа.....Да одиш во Ерусалим,и да го спомнеш сето ова,за нив тоа не е чудно или измислено,бидејќи и самите тие луѓе го виделе,и го гледаат сето тоа.
Не може да се докаже спротивното,бидејќи веке е докажано Неговото Постоење.
 
А каде е таа видео-касета?
Ако беше толку веродостојно тоа,знаеш ли каков удар ќе имаше врз целата планета?
Ќе беше толку позната,што ќе ја знаеа и жабите.
А ако не грешам,99% од луѓето,дури сега слушаат за тоа.
Зошто ништо од тоа не е емитувано на вести барем?
Па тоа би требало да биде вест на милениумот!!!
Сите ќе го видеа Бог и сите ќе веруваа во него.
Значи,релевантност-нула.Знаеш колку касети со чудни појави има?Милион и една.НЛО,Паралелни Димензии,Нибиру...ова шо ти го спомнуваш е само капка во морето и никаков доказ.
Сето останато што го приложи како докази,наводно се случило 1000 години пред нашето време.Освен ако не успееш да се вратиш назад,и да го видиш со свои очи,можеш само претпоставуваш.А еве,ќе претпоставувам и јас:
-Како знаеле Константин и Елена,дека тоа е крстот на којшто е распнат Исус?Му направиле скенирање на ДНК?Како си сигурен дека не лажат?Секој човек лаже,тоа е нормална особина на сите нас.А мотив да лажат,имаат.Знаеш ли каква почит би добил во тоа време,ако речеш дека си го пронашол крстот на Исус?Стануваш светец во истиот момент,и уживаш огромна популарност низ масите,стануваш идол,а тоа е она што ти е потребно за да останеш на власт доооолго време.
-Дури и да е тоа автентичниот крст,што всушност докажува тоа?Дека во некое време,постоел некој човек,кој бил распнат на него.И ништо повеќе.А римјаните распнале милиони луѓе-значи,милиони крстови.Одново,капка во морето.
-Апостолите се сведоци.Ахам.А тоа го знаеш од Библијата,од истата онаа книга,во која има толку многу глупости,што лектирите за прво одделение ги прави да изгледаат на како ултимативни книги на мудроста.Се што знаеш за Апостолите,е напишано токму од нив.А дали е точно?Дали тие принеле некаков доказ за сето она што го пишувале?Мислам дека не.Поправи ме ако грешам.
Веруваш на зборови.И на ништо повеќе.Ако Бог е толку реален и моќен,зошто тогаш Библијата им заповеда на своите верници да веруваат без да го видат?
Не би требало да е проблем за него да се покаже.Само еднаш,колку сите да бидат сигурни.Но не,Господ го нема никаде.Луѓето чекаат 2000 години,и сеуште ништо.Зошто е тоа така?Библијата објаснува дека тоа е искушение на верноста.
Колку перверзен Бог.
Ги прави луѓето љубопитни,им дава мозок за да поставуваат прашања,и на крај вели дека ќе ги казни ако го направат тоа.Дека ќе одат во пеколот,ако се сомневаат во постоењето на нешто што никогаш не го виделе.И покрај тоа што знае дека сомнежот е дел од природата и карактерот на секој човек на планетава.
Не знам за тебе,ама мене сево ова ми делува малку чудно.Кога би ги отворил очите,би видел и ти,но....тоа е тоа...изборот е твој.
 
-Кај мене дома.Не се покажува бидејќи тоа веќе важи како нешто познато,само кој слушнал?За тоа ќе слушнат само оние кои веруваат,само тие се интересираат за тоа.
-Направен е тест за ДНК,а башка не на секој крст се случуваат чуда(да беше обичен,немаше да се случуваат чуда).Никој не би зборувал дека е тоа Исусовиот крст,а да не утврдил дека е.
-Цар Константин и Царица Елена,веќе се прогласени за светители и се познати.И биле најголемите цареви на тогашната Византија,најмоќната империја во тој период,кои останале на власт.
-Докажува дека Исус Христос навистина постоел.
-Се што пишува внатре самото по себе е доказ.
-Веќе Го виделе,во облик на Богочовек,чие постоење е докажано.
-Веќе се појавил,еднаш,и луѓето не чекаат 2000 години,веќе го виделе,пред 2000 години.
-Сликата за Бог,сам си ја створил.Секој човек си ствара слика во својот УМ,според начинот и на кој размислува.„НА ЧИСТИТЕ СЕ ИМ Е ЧИСТО,А НА НЕЧИСТИТЕ,ДУРИ И СОВЕСТА ИМ Е ОСКВЕРНЕТА“.......
 
:):):):):)KOLKU E NAJUBAVO I NAJRADOSNO.....DA GO NOSIS BOGA VO SVOETO SRCE,DA NEMOZES DA ZIVEES BEZ NEGO,I SEKOJDEN,SEKOJA MINUTA DA GO PRIZOVUVAS NEGOVOTO PRESVETO IME.....SLAVA TI BOZE!SLAVA TI STO NI DARUVAS VOLKAVA LJUBOV I RADOST....TI BLAGODARAM STO MI GO OTVORI SRCETO DA TE SPOZNAAM,TEBE,EDINSTVENIOT MOJ BOG I SOZDATEL....I STO MI DARI MNOGU....:)BLAZE NA ONIE,KOI TE SPOZNALE I POCUVSTVUVALE,BLAZE NA SEKOJ DOM NA DUSATA,POD KOJ PRESTOJUVAS TI.....

НАВИСТИНА СЛАВА МУ!!! МЕ РАДУВА ТВОЈАТА ИСКРЕНА РАДОСТ ОД ЖИВОТОТ СО БОГА.
 
Животот во Црквата е љубов, начин на живеење во послушаније и молитва.
 
А каде е таа видео-касета?
Ако беше толку веродостојно тоа,знаеш ли каков удар ќе имаше врз целата планета?
Ќе беше толку позната,што ќе ја знаеа и жабите.
А ако не грешам,99% од луѓето,дури сега слушаат за тоа.
Зошто ништо од тоа не е емитувано на вести барем?
Па тоа би требало да биде вест на милениумот!!!
Сите ќе го видеа Бог и сите ќе веруваа во него.

Ќе ви се дава колку што можите да поднесете од Славата Божја.
Видете го Светиот Велигденски оган кој сјае а не гори а се случува еднаш во годината на ВЕЛИГДЕН ноќта еднаш годишно.

Само едно се бара од вас а не е тешко ВЕРУВАЈТЕ!
__________________
не остана време:angel1:
 
Нема да веруваме.
Мислам дека го имаме сепак тоа право.
Нели?
 
Го имаш правото нормално, но некако сите атеисти мислам некако многу сте силни вака преку компјутер, имам идеја да се видите со некој верник очи во очи, можеби ке смените мислење:smir:
 
:pos::pos::pos:Дечко ај не ме смеј вака ќе те замолам.
Ако таков бил случајот кај тебе и си дозволил некој верник да ти го испере мозокот, верувај нема да биде така кај нас.
 
Не би рекол, мислам гледаш дека сте многу храбри да кажете се и сешто, а очи во очи се губите некаде по долината на мракот без коментар заслепени од гревот :pos2:
 
Brakja za nasata vera e vazno da veruvame vo Hrista Carot i Bog nas iako ne sme bile svedoci na 4udata sto gi pravel
 
Не би рекол, мислам гледаш дека сте многу храбри да кажете се и сешто, а очи во очи се губите некаде по долината на мракот без коментар заслепени од гревот :pos2:
:toe:
Нема друг коментар.
 
Не би рекол, мислам гледаш дека сте многу храбри да кажете се и сешто, а очи во очи се губите некаде по долината на мракот без коментар заслепени од гревот :pos2:

Поранешниот велешки прота и секретар на црквата у Епархија беше многу близок пријател со нашава фамилија.Не еднаш сме седнале да дискутираме на таа тема.Кога тој човек можеше да ја прифати во приватни околности(оти,јавно,нели,догмата не му дозволува) мојата Thelema,а човекот е крајно начитан и интелегентен, тогаш можам само да ти кажам дека ти немаш доволно карактер оти си се потчинил на туѓата волја и туѓото размислување.Карактер се гради со вградување на силни аргументи и принципи.Слаб карактер се гради со потпаѓање под влијание.
 
Го имаш правото нормално, но некако сите атеисти мислам некако многу сте силни вака преку компјутер, имам идеја да се видите со некој верник очи во очи, можеби ке смените мислење:smir:
Нормално..ни се може....како вика мики1...тоа е ѓаволска направа.:vozbud:
Очи во очи......па секој ден сме...не живееме едни од други на различни континенти...па и во една иста фамилија ги има и од двата вида.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom