Сигурно личност број еден во државава деновиве.Покрај секојдневните проблеми со кои се соочуваме сите,тој и неговите другари од репрезентација ни донесоа огромна радост на спортски план со успесите што ги бележат на СП.А истата таа репрезентација пред почетокот беше тотален аутсајдер.Но,ние го имаме Лазаров,еден вистински професионалец во и надвор од теренот,страшен мотиватор на екипата и прав капитен.Човек кој поседува огромно ракометно знаење и искуство.Иако соочен со грубите стартови на противниците кои неретко завршуваа со скинат дрес,лошите судиски одлуки што му беа наметнати,никогаш на запре неговата мотивација и фанатична борбеност.Затоа е и голем спортист.Злобниците ќе речат дека се изнапромашувал на дуелот со Данска,но одговорноста која ја има во нападот,секако во услови на пехови со повреди и дефицитарност од други квалитетни бекови,понекогаш е и преголема.Но,тој е голем играч и секогаш знае вистински да се врати.Огромен респект чувствувам кон еден од најдобрите спортисти кои Македонија ги создала и се надвевам на понатамошни негови успеси на клубски,а секако и на репрезентативен план.