Библија v.s. Куран

  • Креатор на темата Креатор на темата neo_wmaster
  • Време на започнување Време на започнување
И ја му велам на жената ако не ме сакаш ќе ти удрам ќотек и ќе те избркам од дома.
И таа ме сака?
Искрено?
 
Е баш за такви мажи (инвалиди) како мене и тебе и такви прекрасни жени како мојата и твојата, Тој го даде највредното!

Ај сега, како да не Го сака чоек?:toe:
 
И ја му велам на жената ако не ме сакаш ќе ти удрам ќотек и ќе те избркам од дома.
И таа ме сака?
Искрено?

Не, не е искрено, туку од страв од казна, од нов ќотек.
 
Не, не е искрено, туку од страв од казна, од нов ќотек.
Исто ко со дедо боже. Ако не го сакаш - пекол оган и вечни маки болки и страданија. И тука од страв и зорт е љубовта
А на жената модринките ќе и поминат за некој ден и пак весела...
 
Да, на жената модринките ќе и поминат, а вечната смрт во геента, не поминува. Ете ја разликата...
 
А дали има на пример средно решение. Нит ме интересира бог ни вера , ни го сакам ни го неќам, едноставно настрана си седи чоек си живее живот... дал и таков човек ќе биди суден од Бога и зошто?
 
Во христијанството, не постои „неутралност„, не постои „сиво„, не постои „воздржаност„. Сам Христос вели: „...Кој не е со мене, против Мене е...„. Така, ќе ни биде судено на сите, според верата и според делата. Христос доброволно отиде на крстот и за тие кои Го сакаат и за тие кои Го мразат, и за тие кои слушнале за Него и за тие кои никогаш нема да слушнат за Него. Значи, жртвата Христова е за сите, а не само за некои. Така „седењето„ од страна, значи и лично неприфаќање и непризнавање на она кое Христос го стори за цел човечки род, за целата Вселена.
На Судот Христов, или си десно од Него или си лево до Него, нема „трето„ место.
 
Значи ќе патиш во вечни болки мака и оган ако не го сакаш Исус или ако немаш никакви емоции или став кон Исуса.

Па и не е некоја претерана љубов тоа, ако чоек се замисли. Појќе нешто ко тиранија и приморување. Појќе со страв и терор да се натераат луѓето да го сакаат.
 
А тебе, некој те тера на Го сакаш или да веруваш во Него? Не верувам. Па тогаш, што толку „рипаш и скокаш„, без никаков основ. Од твоите постови, може да се види само едно обично инаетење на она кое е открена Божја вистина.
 
Извини, не се нервирај, јас немав намера да ти ја поткопам твојата вера и да почниш да се сомневаш во неа.
Си праиме муабет... дискусија, јас мое мислење, ти твое.... ако сакаш.
 
Мојата вера може да ја поткопам само јас самиот, ако се откажам од неа а за тоа самиот ќе бидам виновен, без ничии притисоци од страна. Никој не ме натера(л) да верувам.
А она кое ми пречи кај дел од форумџиите е нивното инаетење, иако е веќе јасно дека за најголемиот број прашања, верата веќе има одговор.
 
Кој не е со мене, против Мене е-така викал и Хитлер, и Хомеини и...
 
Да...Сите тие се веќе покојни, а Христос воскресна. Разлика-небо и Земја.
 
Мојата вера може да ја поткопам само јас самиот, ако се откажам од неа а за тоа самиот ќе бидам виновен, без ничии притисоци од страна. Никој не ме натера(л) да верувам.
А она кое ми пречи кај дел од форумџиите е нивното инаетење, иако е веќе јасно дека за најголемиот број прашања, верата веќе има одговор.

Како ти што си запнал со инает дека Исус навистина постоел проповедал и бил божји син?
На такви форумџии мислиш?

А инаку за одговорите.
Како на школо имаш одговор за 1 имаш и за 5. Верата има навистина одговори .. али колку се точни и уверливи...
 
За оние кои веруваат, верата е учење кое може да се операционализира и да даде видливи и мерливи дела/плодови.
За оние кои не веруваат, им останува да веруваат во самите себе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom