Откаде сега наш-ваш? Па нели Бог, оној што го создаде небото и земјата и се што постои, оној кој е причина семето да никне и да роди плод, сонцето и ѕвездите да ни го осветлуваат патот, Оној кој
“ниту еден поглед не може да го опфати, но тој опфаќа се видливо“ е еден и единствен? И нели книгите со Божјиот збор се едни за сите? Нели и во Куранот е запишано:
И верувајте во она што ви го испратив (Куранот) кој е потврда на она што е со вас (Тората и Инџилот) ..
(2.41)
Па така, ако има противречност во Библијата, значи дека противречен е и Куранот, зашто тој е потврда, а не укинување на Библијата.
Конкретно, за противречноста која ја спомнуваш:
Конкретно: Земи го Матеј: Прва глава и ѕирни во родословот Исусов,во некои преводи во 11 пасус пишува дека Јосија го родил Јехонија,а во некои како рускиот превод Јосија го родил Јоакима а овој Јехонија. Не може во една Божја книга на едно исто место Јехонија да биде и син и внук на Јосија.
Руската библија е една од ретките кадешто се спомнува Јоаким како генерација меѓу Јосија и Јехонија. Но, токму тоа е во согласност со она што е запишано во Стариот завет, во Првата книга летописи, глава 3:
15 Јосиови синови беа: првенецот Јоанан, вториот Јоаким, третиот Седекиј, четвртиот Салум.
16 Јоакимови синови беа: Јехониј, негов син, и Седекија, негов син.
Макар да неконсистентноста е повеќе од историски карактер и се однесува повеќе на родословот на јудејските владетели одошто на религијата, сепак не смета да се разјасни.
Едно од можните објасненија кое го дава Floyd Nolen Jones, во книгата “Хронологија на Стариот Завет“е дека најверојатно Јосија го назначил својот внук Јехонија како наследник на тронот од политички причини, зашто синот Јоаким војувал со Набукодоносор, и поради тоа во списокот на владетели е прескокната една генерација.
Причината зошто пак името е изоставено во Новиот Завет е можеби и сличноста во изговорот или транскрипцијата:
15The descendants of Josiah: firstborn, Johanan; second, Jehoiakim; third, Zedekiah; fourth, Shallum.
16The descendants of Jehoiakim: Jehoiachin (Jeconiah) his son, Zedekiah his son
Како што реков, овие детали воопшто не ги сметам за битни по прашањето на религијата.