Проблемот е токму тоа, Евангелијата се проблемот.Проблем е нивната нелогичност во многу стихови, проблем е нивното преведување од оригиналниот старо грчки јазик.
Еве сега што вели Кур,анот за тоа:
“И кога Иса,синот на Мерјем,рече:”О,синови Израилови,јас сум ви,навистина,Аллахов пејгамбер,да го потврдам од Теврат она што е пред моиве раце, и да донесам радосница за пејгамберот што ќе дојде по мене,а чие име ќе биде Ахмед/Мухаммед!”.
(Сура Сафф 6 ајет)
И како го кометираш овој цитат кој се наоѓа во Јовановото евангелие од кое погоре извади и ти цитат:
"Таткото е поголем од Мене." (Јован 14:28)
Знам дека сега ќе почнеш да објаснуваш за Светото Тројство, но, не е проблем. Туку кажи ми во твојот спомнат цитат и во другите кои ги спомна,а не ги наведе како е наведен изворниот збор, и дали тој може да се преведе и поинаку од она што некој сака да го прикаже?
Послужи се со речници, паралелни преводи и тн.
Да искоментирам.
Евангелијата НЕ СЕ проблемот-проблемот е во оине кои погрешно ги толкуваат евангелијата. Целото Свето Писмо, а особено Новиот Заве, се толкува со ДУХ а не со РАЦИО/РАЗУМ. Толкувањето со дух е единствено исправно толкување-се друго е обична импровизација, која доведува до погрешни заклучоци. Ако го толкуваш Писмото со разум, тогаш ќе наидеш на нешта кои привидно се нелогични.
Преведувањето до старогрчки јазик воопшто не е проблем, оти Новиот Завет, кој е пишуван на старогчи, веќе е преведен и потврден.
...„ што вели Куранот...„ за она кое Исус Христос го кажал, не е релевантно-она кое Христос има да го каже, веќе го кажал во евангелијата. И ништо повеќе и ништо што е надвор од евангелијата.
„Татктото (т.е. Отецот) е поголем од мене„ е цитат кој се толкува токму онака како е тоа одредено во догмата за Света Троица. Еве го толкувањето:
„Таткот е поглем од Мене„ кога се толкува со дух, ја означува релацијата во која е наоѓа Света Троица. Отецот, Синот и Светиот Дух се наоѓаат во ЛИЧНОСНА релација, а во православието, поимот „личност„ значи „јас со другите„, „јас и другите„ што значи дека трите лика се наоѓаат во ЗАЕДНИЦА и се во непрекидно советување за Нивната промисла за Светот. Поимот „личност„ е во спортивност со поимот „индивидуа„, кој означува изолиран поединец кој си ги тера исклучиво своите интереси. Тоа кај Света Трица е непознаница. Таткото НЕ Е ПОГОЛЕМ ОД СИНОТ, ниту пак синот е ПОМАЛ од Отецот или Светиот Дух-сите тие се богови, сите тие се РАМНОПРАВНИ, без хиерархија, без потчинување на еден во однос на друг. А тоа што Исус вели дека Таткто е поголем од Него, само ја покажува релацијата во која Се наоѓа Синот во однос на Отецот- а тоа не е потчинетоста, туку СЛУЖЕЊЕТО еден на друг. Имено, во христијаството, идеал е ситуацијата кога поединците си служат едни на други, а не ситуацијата кога луѓето се НАМЕТНУВААТ едни на други, поаѓајќи од личниот егоизам и немерлива гордост. Разбира се, ако изразот “Таткото е поголем од Мене„ го толкуваш рационално. ќе испадне дека Отецот му е натчинет и на Синот (пошто Го родил) но и на Светиот Дух, Кој излегува од Отецот.
Ако некој сака да го преведе Писмото поинаку и притоа да го навлече на себе гневот Божји, тогаш нормално дека може да го преведе Писмото и поинаку-погрешно. Имајќи во предвид дека Писмото е старо веќе 2500 г. и пишувано на јазици кои денес не се во “оптек„, нормално е дека Писмото, кога се преведува на јазикот од одреден народ, неможе да се преведе буквално, што поради временската разлика, што поради немањето најсоодветни изрази за превод на Писмото. Не е тоа проблем-не е најбитно дали Писмото е буквално преведено, туку дали ДУХОТ од Писмтото е пренесен со преводот.
Лично, не сум богослов ниту пак имам јака потреба од споредби, од речници и од слични реквизити. Го користам Светото Писмо кое е преведено на македионски јазик и благословено од Македонската Православна Цркав и тоа за мене е релевантно и повеќе од доволно-ништо друго и не ми е потребно. Во преводот од Писмото, учествуваат цели тимови од поединци кои ДЕТАЛНО го познаваат Писмото, а патем кажано, Писмото се преведува за потребите од сите христијански народи, а не само за потребите од македонскиот народ. Преводот од Писмото е конторилиран од професионалци, кои нормално дека знаат што прават а таму каде една работа се изведува колективно, како што е преводот на Писмото, можноста за погрешен превод е сведена на минимум.
Патем кажано, веќе сум навикнат на ситуацијата во која муслиманските верници постојано наведуваат „контрадикции„ во Писмото, без притоа да ги посочат истите. Се сеќавам на еден скорешен телевизиски настап од еден муслимански богослов, кој тврдеше дека во Писмото имало 50 000 контрадицкии (!!!!!!!!!!!). Уште малку, па ќе испадне дека Писмто е збирка од лаги! Да, Писмото е контрадикторно САМО ако се толкува РАЦИОНАЛНО и притоа во него се бара РАЦОНАЛНА а не ДУХОВА логика од нештата! Муслиманските верници се склони да тврдат дека Исламот е поприфатлив од хритијанството затоа што Исламот бил РАЦИОНАЛЕН - е па токму тоа го НЕМА во христијанската вера. За христијаните, битна е ВЕРАТА, а верата е ДУХОВНА е не РАЦИОНАЛНА категорија. Рационална е и еволуцијата, рационален е и „њу ејџот“, рационална е и теоријата на релативитетот, рационална е и квантната механика, но тие НЕ СЕ ДУХОВНИ!