Гледам не многу жени искоментирале на темава
ај да бидам меѓу првите, мислам дека тоа со "давањето" и "недавањето" постои но само во конкретни индивдуални случаи,
јас ќе си кажам од моја лична перспектива како јас гледам на работите, јас лично би се почувствувала приморана да "дадам" само и единствено во случај кога не би ми се допаѓал мажјакот и кога сексот со него би бил
читај:одвратно, одбивен и измачувачки чин (а тоа досега не ми се случило со ниту еден дечко, ок при тоа треба да се земе во обзир дека само со двајца сум имала секс во животов досега),
со вториот дечко еве ќе си кажам најисрекно јас бев иницијаторот за секс и воопшто не се срамам да го признаам тоа, значи заклучувам дека сексот би требало да е взаемно уживање а не измачувачки чин во кој што жената ќе биде приморана да "даде" и да се измачува во текот не целиот секслуален чин, и задоволството да биде исклучиво на мажјакот, постојат и такви случаи но вообичаено за тие случаи е задната намера или намерата која се крие позади тоа "давање" а тие намери можат да бидат многубројни за постигнување на одредени цели, било да се материјални било да се друштвени:smir:
доколку зборуваме од женска гледна точка каде што таа сексуалниот чин го доживува како единствено сексуално задоволство во хедонистичка смисла каде што главна и единствена неприкосновена цел и е исклучиво актот на оргазам и ослободување од сексуалната напнатост тогаш јас во овие конкретни случаи тотално би го отфрлила терминот "давање" барем не во женска смисла на зборот.