со татко ми сум поминала да речам низ многу етапи-од блискост, до неконтактирање и повторно гледање.
моите се развеле кога сум имала само три години и од тогаш живеев со мајка ми и сестра ми.тука беа и баба ми и дедо ми без кои немаше денес да сум ваква каква што сум(но за нив на друга тема).
тогаш татко ми го гледав ретко бидејќи живееше во Србија, но буквално живеев за деновите кога ќе дојдеше или пак за телефонските повици.иако тогаш не бев свесна што се случува, знаев дека тој ми недостасува и секоја средба со него ми правеше многу среќна.немаше еден пат да дојде без да ни донесе нешто на мене и сестра ми.често патуваше и во странство и секогаш ни купуваше многу подароци, да речам не размазуваше исто како и сега, ни носеше облеки и барбики..ах колку бев среќна кога другарките ми љубомореа на подароците.
но среќата исчезнуваше кога тој ќе си одеше и знаев дека ќе помине долго време пред повторно да го видам.имаше многу моменти кога плачев, навистина многу ми недостигаше.ми требаше да го видам, а беше далеку од мене.
малите деца имаат навика да се фалат со нивните татковци, со тоа што тие направиле тој ден за нив, како си поминале ваму или онаму..не дека јас немав што да кажам, меѓутоа сосема е различно да го гледаш својот татко секојдневно или еднаш на два месеца.
љубов не ми недостасуваше никогаш.секогаш се трудеше додека е тука да го надокнади изгубеното време.не` носеше мене и сестра ми во луна парк, во зоолошка, на секој начин се обидуваше да го надокнади изгубеното време.
кога почна војната во србија тој се врати тука.но откога се врати работите се сменија.најде нова жена, живееше и се ожени со неа.не беше повеќе мојот татичко.таа како да имаше некоја моќ(е жени, што се можат да направат:nesum
да го промени, да направи да трча по неа, а не по своите ќерки.да, се гледавме почесто, ми помагаше кога имав проблеми(најчесто со математика и физика), но некако беше сменет.не знам што се случи, но со него изгубив контакт некаде во 7мо одд.знаев дека е во Скопје, но немав ништо случнато за него, ниту пак го имав видено, ко да не живеевме на иста планета, а не па во ист град.за него дознавав само онолку колку што баба ми ќе ми кажеше за него..
повторно воспоставив контакт во втора година, и тоа го искористив за да му побарам камера да снимам нешто за во школо..некако тоа беше начин да го видам, ах тој ден нема да го заборавам.после цели 4 год го видов повторно..го гушнав и го бацив, почуствував како блискоста со него никогаш да не се изгубила.ми требаше време да се навикнам на фактот дека повторно се врати во мојот живот.сега се труди да го надокнади изгубеното време кое за жал не може да се врати, но сепак се труди
и покрај се го сакам премногу.отсекогаш со него сум била поблиска отколку со мајка ми.едноставно со него можам да зборам за работи за кои штом би зборела со мајка ми би се испокарала.секогаш ми дава совети, никогаш нема кренато рака на мене иако еднаш по телефон ми кажа дека да сум била пред него ќе ме удрел(наместо мене настрада телефонот
).ми има викано, но само кога тоа навистина сум го заслужила.има поминато низ многу, но секогаш се трудел да го добијам она што ќе посакам, никогаш не ме оставил покусо од другите.ама, нели сите девојчиња се татини мази?
знам дека го отупев со мојава(животна)приказна, ама едноставно морав да раскажам за мојот татичко.сепак, ја сум неговата маза
татичко те сакам:back: