@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.113
Време, број 1386, 09.06.2008
ИРОНИЧЕН ПРОТЕСТ ВО ОДБРАНА НА МАКЕДОНСКИТЕ КАМИОНЏИИ
„Метларско востание“ пред грчката амбасада „Прво метларско востание“ ќе биде „кренато“ во вторник во 11 часот пред грчката амбасада во Скопје, како реакција на малтретирањето на македонските камионџии од грчките цариници на граничниот премин Евзони, најави невладината организација МЦИ (Македонска цивилизација и иднина). - Со метли во рацете ќе им се заблагодариме на нашите јужни соседи за нивниот коректен однос на најдобри соседи на Македонија. Нивниот пример е пример на демократија, потврда за нивната зрелост и почитување меѓу народите. Да се даде метла на некого за да помине граница е врв на демократијата, вистински европски однос, па затоа ние во вторник во 11 часот, европски, цивилизирано и демократски ќе го направиме истото - се вели во соопштението на невладината организација до медиумите. Организацијата ги повикува сите македонски граѓани, со задолжителна опрема - метла, да им се придружат на „востаниците“ во протестот: „Браќа и сестри востаници, земете ги метлите в раце, подајте им ги на нашите драги соседи, на најдемократскиот народ во Европа, нека знаат дека знаеме да ги почитуваме демократските принципи кои ги поставиле“, се вели во прогласот на МЦИ. Тие го покануваат и европскиот амбасадор Ерван Фуере „да се соочи со цивилизираниот однос на граѓаните на државата што себеси се нарекува колевка на демократијата“.
vreme:helou: