уфф, колку работи ми текнуваат

како мала не бев баш мирна и на првиот одмор на море трчав бркајќи ѓаволско топче низ хотелот цел обложен со мермер , иако ми рекоа да не трчам, и завршив со дупната глава.наредниот одмор се давев правејќи се многу способна да пливам
со децата од маало праевме мноогу бељи:мававме авотбуси со јајца, преку зима мававме коли и автобуси со заледен снег и не ретко се кршеа шофершајбни, посматравме парови во кола на паркинг и им го уништувавме доживувањетo:pos2:
во основно исто така преку зима мававме со снег и еднаш еден таксист застана и не собраа кај директорката во канцеларија, лекции ни држеа..во 8мо тотално скренавме и се прскавме на час со вода и низ ходници на одмор;на една наставничка и ставивме тегет темпера на кваката и сите мирни си седнавме.кога влезе се чудеше што сме толку мирни за чудо.не ја примети темперната, па си го испофаќа џемперот, панталоните, тефтерот, отвори прозор(како што фаќаше се ние буквално подзинувавме што се уништи со тоа што фати

) и кога зема да го отвори дневникот си ги виде рацете и излета од училна плачејќи.дојдоа класниот, педагогот, директорката..ни држеа лекции ама џабе.
исто така во осмо еден ѕид во кабинетот по англиски ни се виде многу празен и чист, па земавме мрсни боици и цело одделение се испотпишавме..наредниот ден имавме итна родителска и си ја искречивме цела училна
во некој нареден пост ќе пишам за бељите во средно
