- Член од
- 7 ноември 2007
- Мислења
- 994
- Поени од реакции
- 9
Демократската Унија за Интеграција, во овој ден на жалост за нашата партија, за Албанското општество и за демократијата во Македонија, во овој ден кога се организира погребот на херојот на демократијата, уште еднаш го афирмира нашиот став дека вчерашниот ден ќе биде симбол за најостро силување на слободниот глас.
Наместо да прогласиме победа, ние денес ја споделуваме болката со семејството кои за помалку од еден час ќе го испратат во вечниот дом Насер Ајвази, кој ќе биде запаметен како херој паднат во заштита на слободниот глас на граѓаните. Ние ја споделуваме жалоста со членовите на семејството, со жителите на Арачиново и Грушино и ја споделуваме жалоста со сите Албанци каде и да се.
Демократската Унија за Интеграција изразува бладодарност до сите активисти и симпатизери на партијата кои останаа доследни и не дозволија да бидат испровоцирани од тешките провокации кои организирано ги вршеа Алфите и милитантите на ДПА. Изразуваме огромна благодарност до сите граѓани Албанци кои не поддржаа со нивниот глас!
Шокантна е „храброста„ и ароганцијата на криминалците и фалангите на ДПА и Алфите кои на многу гласачки места, во присуство на меѓународните претставници, ги полнеа кутиите со фалсификувани гласачки ливчиња, се закануваа, напаѓаа и уценуваа не само членови на изборните комисии, туку особено граѓаните кои беа излегле на гласање. Шокантно е држењето во заложништво на официјални претставници на ДИК и меѓународни набљудувачи во селото Порој, Тетовско, во кое оперирал пратеникот во оставка и кандидат за пратеник на ДПА, Даут Реџепи Лека. Шокантно е присуството на синот на судијата Бедредин Ибрахими, Агон Ибрахими, на гласачкото место 1927 во Тетово, кој, откако им се заканил на овластените претставници на ДУИ и откако ги отстранил од гласачкото место, насилно полнел кутии. Скандалозно е учеството на Министерот за здравство во оставка и носител на листа во ИЕ 1, Имер Селмани, кој заедно со Кондовската банда, уште пред да бидат отворени гласачките места, полнел кутии со фалсификувани гласачки ливчиња. Скандалозно е тоа што Евро Амбасадорот Ерван Фуере бил лично сведок дека во просториите на Градоначалникот на Сарај, Беким Фазлиу, биле депонирани однапред полнетите гласачки кутии. Шокира присуството на кандидатот за пратеник и Потпретседател на ДПА, Ружди Матоши, во населбата Серава во Чаир, каде заедно со бандата на Бушат Хасани, Гафур Хасани и личниот шофер на Матоши, го оркестрирале обидот за убиство на членот на Претседателството на ДУИ, Бекир Хасани, кој се наоѓа во болница. Притворањето на Агим Красниќи со воен арсенал како ја тероризира целата ИЕ 1 не заслужува никаков друг коментар!
За сите овие дејствија бараме институциите на државата да превземат итни мерки бидејќи на 1ви јуни во Македонија потфрли правната држава. ДПА, со криминални и незаконски дејствија се однесуваше во целата ИЕ 1 и ИЕ 6 и во оваа прилика го повикуваме Јавното обвинителство и Јавниот обвинител итно да отвори досие и случај против ДПА и нејзиниот лидер.
Во оваа прилика, уште еднаш повторуваме дека ДУИ ги оспори резултатите во ИЕ 1 и ИЕ 6 каде на организиран начин се крадеа гласови и за сите овие случаи ние имаме подготвено посебно досие со филмски материјал. На сите овие места ќе бараме целосно прегласување.
И покрај невидениот терор кој беше вршен вчера, ДУИ, сепак, излезе победник!