Stvarno jas vas ne ve mrzam kako sto vie nas ne mrazite, sekogas ja sakav i ke ja sakam Makedonija ama me nervirat djubrinja poput Thaci i Gruevski...i toa e toa...
А мислиш дека нас ни се мили и тачи и груевски до толку?
Јас ќе ти кажам, и тачи и али нејќам да ги видам, бидејќи се големи хипокрити, зошто? бидејќи ви кажуваат мир и напредок а само подгреваат ривалство кое резултуира со пукање помеѓу албанците, ви ветуваат НАТО и ЕУ ама на нивни митинзи никогаш не рекле од вечерва нашата партија нема веќе да толерира да гледа луѓе кои слават со пукање во воздух туку само такви кои слават со песни. Е тоа ти е дволичност на ниво и од страна на Тачи и од страна на Ахмети.
А за Македонските лидери?
Прво Рада ветува влез во НАТО и ЕУ за 6 месеци но фактот дека тоа не зависи од промената на името не го спомунва, со други зборови само кажува гачки и наместо да даде нешто конкретно и реално, а зад неа Б.Ц. кој се што прави е само да остане на власт и да украде пари.
Груевски? тој изгледа наивно, во основа форсира развој на економија што е во ред, ама истовремено прави огормни пропусти во дипломатија кои дупло му се враќаат и од тоа страда и економијата која сака да ја развие. А сега ако добие мнозинство тогашстанува и поопасен бидејќи нема кој да ги корегира неговите грешки.
Со други зборови ниеден не сакам, и во основа неможам да сакам бидејќи политичар по дефиниција е превртлива и лажлива личност на која неможе да и се верува.
Така да како што множеш да видиш омразата помеѓу албанците и македонците е вештачка, продуцирана смао од некои криминогени структури на кои им одговара таквата омраза бидејќи создава безбедносен вакуум во кој тие најдобро можат да функционираат.
Свести се, не барај жавол во еден а нагел во друг политичар, бидејќи сега како што е ситуацијата сите гледаат само за себе а ништо за нардот без разлика на ниванта етничка или верска определба.