Батка, те читам одамна и ти се „восхитувам“ на умешноста да го смениш правецот на темата.
Махер си за игнорирање на работи кои не ти одат во прилог, а кога ќе те притегне некој за нешто, демек почнуваш да зборуваш за тоа и после 2 поста веднаш одиш во друга насока. Само, кај раја добро поткована со читање и историја паламудење не ти помага.
Вака сега ... единствен словенски елемент во Р.бугарија се Македонците. Словенски, не зошто пливале преку Дунав туку затоа што биле отсекогаш тука. Славни Славјани, како што сме и денес. Гордо исправени пред волците кои си ги острат забите, само за да ги искршат од нашиот тврд инает.
Јас веувам дека еден куп луѓе тука на форумов, ќе се сложат дека во Р.Македонија и во еден добар дел од Р.Бугарија, живее население кое што има иста крв, минато и историја.... АРНО АМА, кој црн ѓавол ве натера од толку имиња од нафталин да го одберете баш оноа со кое немате никаква врска?! Предците во гроб ви се превртуваат.
Па цела пропаганда со две слики од интернет во вода ви паѓа.
И најнеписмен човек во Македонија, неможеш да го убедиш дека Мостич и Омуртаг му се дедовци. Ниту сега, ниту било кога. Тоа едноставно не проаѓа, заборавете.
Мора да се помирите со фактот што сте одбрале.
Македонија, никогаш нема бугарска да биде. - СЕ МИСЛИ НА СС Бугарија и Окупацијата од ВВ2. Пак историја.
И да не окупирате, ќе се бориме и ќе се закрвиме до тој степен што никогаш нема помирување да има. 50 години имавте грејс период да ви простиме за втора светска војна.... И? Пак се посравте. Пак политика на асимилација и слични глупости. Па без мозок да бевте ќе сватевте дека НЕ МОЖЕТЕ да не асимилирате и точка.
И за крај, има македонско малцинство во Бугарија, на тие луѓе, без разлика дали се 500, 5000 или 500.000 им требаат
човечки права, основни човечки права.
прво оди разбери се со нив и чикај си ја главата како после сите
малтретирања и угнетувања не сте успеале да ги асимилирате, - се мисли на периодот од 1912 до ден денес
па после дојди тука да се расправаш со нас.
П.С. Текстот не беше составен на брзина. Текстот беше внимателно напишан, со цел да те наведе да го избегнеш она што
јас однапред знаев дека нема да ти се допадне. Ти благодарам што ми помогна.
П.П.С. Дедо ми 1945 год. бил учител по МАКЕДОНСКИ јазик во Пиринска Македонија. Баба ми е Македонка од Бугарија. Имам роднини во Софија и некои други места во западниот дел. Оди кажи им на нив дека се бугари. очи ќе ти извадат. :nenene:
И сите заедно со цело срце, секој ден чекаме кога ќе се регистрира ОМО-Илинден како политичка партија. Тогаш бато, јас ПРВ ќе се наредам за бугарски пасош. И тоа еден ден ќе биде историја.