Sekoj den naogjam se poveke i poveke informacii za blgari-vlasi,blagodarenie na Anaveno.
Eve ti poveke informacii:
БУГАРИТЕ БИЛЕ НАРЕКУВАНИ И ВЛАСИ!
А, кога ги опишува нападите на
Асан во Тракија (1189 година) Хонијат им дава ново етничко име на народот од некогашна Бугарија. Тој пишува: "Значи,
Власите откако се возгордеале од непрекинатите победи над Ромеите, тие се здобиле со големи богатства и секакви оружја од пљачкосувањето на Ромеите." (исто, стр. 404).
Друг византиски писател (Георги Скутариот), кој бил современик на Петар,
Асан и Калојан, пишува за византискиот поход против нив во истата година.
Тој пишува: "Откако работите на запад (од Константинопол, з.м.) станале лоши и
Власите, заедно со Куманите, почнале да ја пљачкосуваат ромејската земја, императорот презел поход против нив." (ГИБИ, т. 8. стр. 230).
Во врска со бегството на Иванко, кое се случило по убиството на Асан, Георги Скутариот соопштува: "И така Иванко кришум ја напуштил Мизија и отишол кај императорот." (исто, стр. 255).
Да кажеме дека бугарските историчари денес името на владетелот на т.н. "Втора бугарска држава" - Асан, го пишуваат како "Асен", што не одговара на вистината, затоа што во византиските извори тој е запишан како "Асан", а не како "Асен".
Но, не се само Византијците тие кои од 10 до 14 век го користеле политичкото име за сите народи од онаа страна на Стара Планина (Печенези, Кумани, Татари, Власи, Трако-Словени и неколку "островчиња" остатоци од Бугарите, главно во Провадиско, Варненско и Добричко), туку тоа го правеле и западните хроничари. Така, на пример, учесникот во Третата крстоносна војна презвитер Магнус кога раскажува за преговорите помеѓу бугарскиот цар Петар Втори и Фридрих Барбароса, пишува: "Власите се со нас!" (ЛИБИ, т. 3., стр. 215).
Друг учесник во оваа крстоносна војна - Ансберг во својата "Историја на походот на императорот Фридрих Први" соопштува дека во дунавската рамнина: "... владееја со своите
Власи некој си
Калопетар, кој бил
Влав, и брат му
Асан (
Assanis, з.м.)." (ЛИБИ, т. 3. стр. 257).
Во врска со преговорите на Петар со Фридрих Барбароса (од кого барал царска круна), Ансберг потенцира: "Додека се вршеше сето тоа,
Калопетар, господарот на
Власите..." ветил четириесет илјадна војска, составена од "Власи и Кумани" (исто, стр. 279).
Asan turkot.
Asan, Hasan...bulgari.
БУГАРИТЕ СЕ ТУРСКО-ВЛАШКА ПРИМЕСА!?
Името на еден народ, не соодветствува секогаш со неговата етничка припадност и во такви случаи се вели дека тој народ го носи своето второ (политичко) име.
Автономните кнежества на словените во западна Македонија и го дале новото име на оваа област.
Византиските императори и писатели од средината на 6 век, западна Македонија ја нарекуваат со новото име - Славинија (Склавинија).
Крстоносецот Вилардуен, третиот брат на Петар и Асан, го нарекол: "Јо-ван, кралот на Влахија" ("Бугарска воена уметност"... стр. 437).
Роберт Кларк за нападите на Калојан во 1207 година пишува: "Не помина многу време, а Јован Влавот и Куманите навлегоа во земјата на солунскиот маркиз (Бонифациј Монфератски, з.м.)" (исто, стр. 420).
Кларк ги дава и следниве податоци за владеењето на Калојан:"Значи, Влахија е земја која му припаѓа на императорот (византиски, з.м.)"(исто, стр. 479).
Најневеројатно е тоа што некои византиски писатели (како, на пример, Македонецот Јован Кантакузин кој, откако доброволно се откажал од византискиот престол, ја напишал својата "Историја" во втората половина на 14. век, т.е. во последните децении од т.н. Втора бугарска држава) продолжиле Бугарија да ја нарекуваат Мизија, а нејзиниот народ - Мизи, иако таму веќе не живеел еден народ, туку шест засебни племиња: Печенези, Кумани, Татари, Власи, Трако - Словени и незначителен број Бугари.
Така, на пример, кога Кантакузин ја спомнува смртта на бугарскиот цар Светослав, пишува: "Светослав, царот на Мизите, умрел од болест." (исто, стр. 433).
Во врска со походот на Михаил Шишман, во 1323 година, овој писател, запишал: "Во тоа време, царот на Мизите Михаил, навлегол со целата своја војска во земјата на Ромеите" (исто, стр. 434).
За последниот бугарски владетел, Кантакузин ги дава следните сведоштва: "Срацимир... води потекло од Мизи и од Кумани" (исто, стр. 443).
Уште поинтересно е дека самите бугарски владетели од 13. век, себеси се претставувале како "господари на Власите".
Така, на пример, архиерејот на тогашната Бугарска црква, епископот Василиј, во едно од своите писма до папата Инокентие Трети, откако настојува да му се задоволи желбата на Калојан да добие царска круна, пишува: "Тој (Калојан, з.м.) и целото негово царство, како наследници на римската крв, имаат добро чувство на преданост кон Римската црква." (ЛИБИ, т. 3., стр. 314).
Врз основа на што епископот Василиј тврдел дека населението во т.н. "Втора бугарска држава" носело во своите вени римска крв, а освен тоа, видовме и дека западните хроничари ги нарекувале Калојан и неговиот народ Власи?