Како наближуват изборите, сведоци сме на се поголем притисок од страна на оние кои демократијата не ја вадат од уста, а во пракса имаме, мускул демократија, или благо речено комунизам.
Демократските партиски војници, инфилтрирани во јавната администрација, почнаа со броењето на оние кои не се нивни
истомисленици, и демократски почнаа да прават списоци, кои ќе бидат основа за демократскиот притисок кој ќе се зголемува се повеќе и повеќе до почетокот на изборите.
Новата тактика на демократите не е убедување да гласаат за нивната демократска опција, туку културна наредба од страна на нивните демократски шефчиња и директори, до обележаните, да не излегуват на избори, зошто доколку излезе некој што не е докажан демократ, може безобразно да се дрзне и да не гласа за нив.
Демократските локални партиски шерифчиња, почнаа да одат од зграда во зграда, од куќа до куќа, и што е најгрубо, почнаа да се вртат и по приватните фирми. Постапката е секаде иста (види нова тактика), а пораката е, биди добар, зошто после први пак ќе се видиме.
Така одприлика се практикува демократијата во Македонија, и се повеќе ќе се засилува до почетокот на изборите, а после....
господ нека ни е напомош.
Ова не е демократија.
Ова е безобразно силување на демократијата.
Ова се граничи со комунизам.
И затоа Европа.
За да се искоренат, еднаш за секогаш "демократските" процедури својствени на овој "fuckin Balcan" пред секои избори кои трајат
веќе осумнаесет години, но никогаш поинтензивно од денес.
И затоа во потполност го разбирам "zevsus" кога ќе рече:
"Тотална контрола = диктатура = фашизам =
багер револуција.
НЕ и во мојата држава.
NO PASSARAN."
А медиумите....
Медиумите молчат.
А зошто?
Види потпис.