Градов е навидум доста добар, меѓутоа она капењето од климатизерите многу иритира... Седиш на сред лето онака до некоја зграда, и оп во врат ти паѓа вода. Ајде тоа колку-толку не е проблем на градот, но сепак. Старите и не реновирани згради близу центарот на градот даваат многу лош изглед. Новите скулптури го грдат градот. Кината ни се ужасни, а театрите не личат на ништо. Културниот живот е згаснат. Пробаа да го обноват со куќата на мајка Тереза, ама ја доунакажаа пренатрупаната област оклу плоштадот. Центарот Соравија е прекрасен, но со самото тоа што е сврзан со мизерниот ГТЦ губи на лик малку.
Незаменлив фактор се и гужвите, а богами и дупките низ градот како и запушените канализации поради што кога врне водата нема каде да се слева па останува по улиците, што придонесува за туширање на луѓето.
Автобуските станици се многу грди и на се’ личат само на станици не личат. Ме нервира грдиот изглед на железничката станица.
Но највеќе нешто што ме вади од кожа се оние глупави билборди поставени на среде плоштад на кои сега ги нема рекламите, па стојат така само како конструкција...
Доста работи има кои нервираат, нели?:smir: