Тешко...Исламот, како што е повеќе пати споменато од муслиманските верници на форумов, не познава грев-чоекот/бебето се раѓа „совршено„ чисто, без првородениот грев. Со тоа, апсурд е постењето на смррта, како казна за гревот, ама чудна работа, таа (смртта) сепак постои.
Ах бре Мики, до толку ли си?
Па што има врска смртта со вашиот "првороден грев"? -Што е виновно бебето или детенцето за гревот на Адам и Ева, хљеба ти?
Точно, секое дете се раѓа чисто,без гревови, како неиспишан лист, па потоа со текот на неговиот развој ( читај живот) и неговите постапки се испишува книгата на неговите дела.Каква Божја правдина е таа да луѓето се раѓаат со првородениот грев?
Малку надвор од темата: римските императори, речиси без исклучок, ги касапеле раните христијани. Според тоа, ЧИЈА е таа „нарачка„?
Дири и во Стариот Завет имаме „најава„ за Божјата Троичнос: „....Да создадеме...„ а не „...Да создадам....„ ( и тн). Во Новиот Завет, тоа е уште појасно.
Фантастично!
Или си тотален лаик кога станува збор за еврејскиот јазик,или намерно ја извртуваш вистината во твоја корист?
Сега немам време,ама кога ќе се вратам ќе ти докажам дека погорново нема никаква врска со реалноста. За тоа време, отвори ги малце книгите и пролистај за некои основни јазични правила во употребата на личните заменки во семитската група на јазици ( еврејскиот,арапскиот итн...), немој да пишуваш само колку да е напишано.