Уште еднаш да прашам,каде можам и каков вид на папагал препорачувате да земам?
Значи како прво треба да кажеш колку си спремен да дадеш. Инаку имај на ум дека секоја поголема врста на птица нормално е и поинтелегентна, а цената на папагалите пропорционално се зголемува со големината :smir:.
1. Значи најефтина варијанта ти е тигрица. (300-400 денари)
2. Потоа би била розенколинс (накај 600 денари)
3. Нимфа (околу 1000 денари)
4. Розела (околу 2000-2500 денари)
5. Мал александар (околу 150 евра)
6. Голем александар (над 250 евра)
..... и тука веќе следуваат поскапите и егзотични папагали како жако (афрички сив), какаду (има повеќе видови), Ара итн.
Е сега овие поскапите папагали од мал александар па нагоре цената им варира во однос на тоа дали тие биле рачно хранети или пак не, бидејќи рачно хранетите се веќе од мали (колку-толку) припитомени.
Јас многу сакам папагали, и во моментов да немав папагал, и да имав некој денар, веднаш АМА ВЕДНАШ ќе го купев какадуто од кај Војо. Се вика Фуфчо и е млад жолточубен какаду (со жолта "кикереска" односно жолти пердуви на главата). ЦЕната му е 1000 евра и е ПРЕКРАСЕН. Рачно хранет е! Војо може да го најдете позади ким, односно неговата продавничка се наоѓа веднаш до хотел амбасадор (оној хотелот со кипот на слободата што е на кровот
). Се разбира многу многу од животни воопшто а и може да ви набави папагал каков што барате.
btw еве го фуфчо: