Инаку на темата... не знам дали е досега постирано ама еве интервју на покојниот Александар Лепавцов, македонски миниситер во првата влада...
Александар Лепавцов за софискиот весник 24 часа: Со референдум да jа исчистиме нашата азбука од српско влиjание
Интервjуто со високиот функционер на ВМРО-ДПМНЕ и бивш министер во т.н. експертска влада на Република Македониjа, Александар Лепавцов, што го даде за софискиот весник 24 часа на 8 jули оваа година, е пренесено во извадоци во неделникот на ВМРО-ДПМНЕ Фокус. Со оглед дека истргнатите извадоци не го одразуваат контекстот, духот и суштината на она што имаше да го каже Александар Лепавцов, ПУЛС одлучи да го обjави интервjуто во целост со цел читателите и македонската научна и политичка jавност да бидат запознаени со политичките намери и планови на партиjата што jа освои власта на неодамнешните парламентарни избори.
Александар Лепавцов е член на Советот на интелектуалците на партиjата ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на партиската комисиjа за стратегиски истражувања. Во интервjуто тоj зборува за изгледите на неговата партиjа на изборите, за состоjбата во македонско-бугарските односи и за тоа како тие ќе се подобруваат кога ВМРО-ДПМНЕ ќе jа освои власта. Во бугарскиот весник Лепавцов ги обjаснува моделите според кои треба да се гради чувство на врзаност со Бугариjа, за потоа да може да се тргне на чистење на нашата азбука. Колку за потсетување за оние што не знаат: станува збор за бришење на буквите: ќ, ѓ, y, x, њ, љ, j и нивната замена со бугарски.
- Господине Лепавцов, какви се шансите на ВМРО-ДПМНЕ да победи на парламентарните избори?
- ЛЕПАВЦОВ: Според наjавторитетните социолошки истражувања, ВМРО-ДПМНЕ води со околу 1,5 проценти пред сега владеjачкиот Социjалдемократски соjуз на Македониjа. 37 проценти од населението с уште се немаат одлучено за кого ќе гласаат. Според нас, поголемиот процент од нив е наш потенциjален електорат. Меѓутоа, дали ќе jа освоиме власта зависи и од некои други фактори. Речиси сигурна ни е коалициjата со либералите на Петар Гошев кои се надеваат на 9 проценти од гласачите. Ако, меѓутоа, не се договориме или не постигнеме спогодба со демократите на Васил Тупурковски, кои сега држат 7 проценти од електоратот, по изборите Македониjа одново може да jа водат бившите комунисти и Албанците.
Независно од изборниот резултат важно е дека Запад веќе н прифаќа како одговорна политичка сила, а не како комитска организациjа. Такви ни се сознаниjата од посетата на нашиот лидер Љупчо Георгиевски во САД, Франциjа, Германиjа.
- Какви ќе бидат последиците за Македониjа од евентуалното конзервирање на сегашната власт?
- ЛЕПАВЦОВ: Невработеноста ќе порасне, ќе имаме уште поголем буxетски дефицит и инфлациjа, денарот ќе девалвира спрема марката. Етничките тензии во Западна Македониjа ќе ескалираат.
- Како го оценувате однесувањето на властите во Скопjе спрема кризата во Косово?
- ЛЕПАВЦОВ: Како апсолутно неадекватно. Прво, претседателот Глигоров вети коридор за албански бегалци без да е свесен каков еж можеме да си ставиме во гаќите со него.
Неодамна властите се приклучиjа кон општиот хор на заканите кон Белград, а пред тоа беа наjголемите нивни приjатели. Го знаете односот на ВМРО-ДПМНЕ кон Србиjа, но така веќе не може. Србиjа е наш сосед, Косово си е неjзин внатрешен проблем и ние не можеме да даваме рецепти за неговото решавање.
- Сега претседателот вели дека нема да дозволи база на НАТО на Криволак од каде што би се напаѓало Косово, но дали да му веруваме.
- На зборови Македониjа jа спроведуваше политиката на подеднаква оддалеченост од сите соседи. На краjот, нема ни траги од неа. Премиерот Црвенковски изjави дека наjмногу треба да се потпреме на Грциjа. По атентатот против Киро Глигоров и неговите љубовни афери замаглен е мозокот и на стариот претседател.
- Во сите сценариjа за разврска на косовскиот конфликт прва жртва е Македониjа...
- ЛЕПАВЦОВ: Тие вариjанти се наполно реални. Меѓу Албанците во Косово и каj нас има блиски роднински односи. Во моментот се распалува хистериjата меѓу Албанците во Западна Македониjа. Тие веќе отворено изjавуваат дека ќе се борат на Косово. А тоа би предизвикало автоматска реакциjа на Србите. Тогаш Македониjа ќе пламне.
- Ако ВМРО-ДПМНЕ доjде на власт ќе побарате ли продолжување на странското воено присуство во Македониjа?
- ЛЕПАВЦОВ: Додека границата со Србиjа не биде и официjално регулирана, ние ќе продолжиме да бараме заштита од ООН и НАТО.
- А, ќе успеете ли да ги регулирате односите со Грциjа, коjа не го признава името на Републиката?
- ЛЕПАВЦОВ: Кога вие ќе се разберете со Грците, ќе се разбереме и ние. Засега немаме готови рецепти.
- Но, треба да ги напишете. Не може да постои држава со две имиња.
- ЛЕПАВЦОВ: Jас би jа посоветувал нашата нова влада да прифати еден нестандарден потег. Да излезе од Обединетите нации и да се врати во светската организациjа тогаш кога светот ќе jа признае не како бивша Jугословенска Република Македониjа туку како Република Македониjа.
Во исто време можеме да склучиме договор за поспециjални односи со Бугариjа. Но, има ли таа модели за развоj на односите со Македониjа?
Нема. Иако властите каj нас чекаат ВМРО-ДПМНЕ да jа преземе власта за да стане Македониjа покомуникативна.
ЛЕПАВЦОВ: Постоjано велам дека Бугариjа треба да биде точка за поддршка на Македониjа. Први jа признавте нашата независност, но не ги направивте следните чекори. За времето на последните години бугарската политика кон Македониjа е целосна катастрофа. Се разбира, бугарско-македонските односи се блокирани и од сегашната македонска влада, коjа не сака диjалог со Бугариjа. Но, главната вина за застоjот го носите вие зашто вашата политика кон Македониjа е кусогледа.
Бугариjа не инвестира во Македониjа, не испраќа весници и часописи. Народот покраj Вардар и Охридското Езеро не може да гледа бугарска телевизиjа. Како тогаш сакате тоа население да ви верува?
- Тогаш каква би требало да биде бугарската политика кон Македониjа? Како да биде решен jазичниот спор коj го блокира потпишувањето на 23 меѓудржавни спогодби?
- ЛЕПАВЦОВ: Вие треба да ги оставите настрана муабетите од типот Македониjа е втората бугарска држава. Не е во националниот интерес на Бугариjа да ги приложува таквите санстефански марифети.
Сега е доволно Софиjа одговорно да изjави: Добро бре, вие сте наши браќа Македонци, си имате jазик, зборуваjте си и пишуваjте си на него.
А, за две до три години, откако ќе ги добиеме изборите, ние можеме да направиме референдум за нашата азбука на коjа ќе одлучиме, на пример, дека понатаму согласките нема да се омекнуваат вештачки - нешто што на времето беше прифатено по српско влиjание. И да jа воведеме буквата и ер голем (станува збор за уште една нова буква - н.з.). Се разбира тие промени треба да бидат подготвени со претходна пропагандна кампања. На тоj начин jазичниот спор ќе стане бесмислен.
Работите ќе си доjдат на своето место. Кога границата меѓу нас ќе се отвори и луѓето ќе се измешаат, следните генерации Македонци ќе си ги осознаат и откриjат корените. Сето тоа, меѓутоа, тешко би се извело сега затоа што нашите мозоци 70 години безмилосно се перени на антибугарска основа.
ВМРО-ДПМНЕ не се спротивставува на историските вистини. Но, не можеме да трпиме некоj да ни вели: Вие сте чисти Бугари. Сега ние сме Македонци.
- Во вториот том на бугарската национална доктрина пишува дека во Македониjа живеат 1,4 милиони луѓе со бугарски национален корен. Како се чувствувате вие?
- ЛЕПАВЦОВ: Видете како, моjот дедо се нарекуваше Бугарин. Татко ми беше Бугарин или наjблагоречено голем бугарофил. Jас исто така сум бугарофил, но пред с сум Македонец. Jас си ги знам корените, но денес ситуациjата е таква.