Ја врати темата на нулта точка, на почеток кај прашањето поставено од Ванчев Тодор.
Тие што негуваат бугарштина во Македонија можат да се избројат на прсти, значењето им е маргинално. За темата е битна една друга, реално далеку помоќна политичка сила, која поприлично ефективно ги користи обвиненијата за “бугарштина“ со цел да го онеспособи и дезориентира автентичниот македонски патриотизам.
Во текот на дискусијата беа идентифицирани конкретни политички групации и личности преку кои се имплементира операцијата “создавање бугарштина“. Она што остана недоискажано, е коренот и потеклото на оваа пропаганда. Ако пред 10-15 години трагите очигледно водеа кон српските служби, денес видикот е замаглен, и уште позбунувачи е тоа што “создавањето бугарштина“, нема изгубено ниту влакно од актуелноста, од интензитетот, и од деструктивноста на ефектот.
И покрај формалната разделба со Србија, сеуште е практино неначнат концептот на селектирана и прилагодена историја како подлога за национална митологија, концепт наследен од времето на СФРЈ.
Бугарската пропагандна машинерија, осоколена од фактот дека сега веќе против себе ја нема моќната СФРЈ, туку крајно неук и невешт противник, со сета сила удира таму кадешто се слабите точки на југосоловенската национална митологија, адаптацијата на историјата преку крајно селективен приод кон фактите, систем кој сеуште е на сила кај нас.
Во овие услови, губитничка стратегија е настојувањето да се задржи југословенската основа на националната митологија со обвиненија за “бугараштво“ ако некој побара поинакви податови. Шансите се најголеми да ги пронајде од бугарски извори, разбира се.
Излезот не е во држење на главата во песокот, во затворање во себе и панична одбрана од “бугараштвото“. Битката ја добива оној што знае да нападне, а не оној што се крие.
Tekstov podolu e malo nadopolnuvanje na tvoeto razmisluvanje,odnosno poprecizno ukazuvanje na TVORCITE I NEGUVACHITE NA BUGARSHTINATA.
Несозреано полнолетство
Тие што во 1991 од немај каде (и во тивок договор со Белград) ја спроведоа самостојноста, ниту можеа ниту сакаа да водат независна и автономна политика,која ќе ги задоволи македонските национални интереси. Земјата и нејзините граѓани и натаму се бараат себеси. Национални интереси не се додефинирани, а уште помалку исполнети.....
.....Транзицијата ја почнаа и самостојниот живот го стартуваа не победниците од првите повеќепартиски избори, туку само формално реформираните социјалисти, кои, претходно цели 50 години одеа по „свое“ мислење во Белград (понекогаш и во Москва). Влијанието на Србија во Македонија беше (е) огромно. До таа мера што поданиците на до денес единствената партија што владее со Македонија, СКМ - СДБ (Сојуз на комунисти на Македонија - Служба за државна безбедност), отворено стравуваа дали народот на референдумот од 1991 во доволна мерка ќе се изјасни за самостојна држава. Не беше тоа потценување на народот. Само реално проценување на ефектите од долгодецениската супремација на српската политика во Македонија уште од Балканските војни. Резултат на систематското потиснување на се' што значи афирмација на македонскиот национален интерес, почнувајќи од најбанални работи - од пеење песни на веселби, преку супресија на музичко-издавачка дејност на сопствен јазик, до стигматизација на сите што случајно прашуваа за правата и состојбите на Македонците во Егеј, Пирин или во Војводина.
Значи, тие што во 1991 од немај каде (и во тивок договор со Белград) ја спроведоа самостојноста, бидејќи се наследници на оние што претходно пет децении водеа национална субмисивна политика во федерацијата, ниту можеа ниту сакаа да водат независна и автономна политика, која ќе ги задоволи македонските национални интереси. Целата политика се базираше врз два-три столба: лично богатење, комплементарност со економската политика на Србија, која и денеска трае и функционално оддржување на оската север-југ, преку која Србија и Грција се фактички соседи. Автентичниот македонски интерес, како што е поврзување и по оската исток запад, како што гледаме и ден-денеска е закочен и ставен понастрана. Истото се случува(ше) и со се' друго што може да се дефинира како автентичен интерес. Од изградба на мултиетничко општество што ќе се базира врз современата македонска нација, до формулирање автономна енергетска политика доволна за во наредните 50 до 100 години.
Наместо сето тоа, а благодарение на спроведување туѓи политики, нам ни се случуваа востанија увезени и испланирани во Белград, (Илирида), ни се случуваше Бит-пазар поради одбрана на мафијашки интереси како што е покривање на шверцот на цигари од фри-шоповите на Блаце, а што исто така беше само делче од активностите на Белград, ни се случуваат Мали Речици, Гостивари, Танушевци...Во истото тоа време, втората половина од деведестите, секако не поради автентична македонска политика, се дозволува невидена пенетрација на капитал од „пријателската“ ни Грција. Притоа, само заради лично богатење, тогашните и денешниве гарнитури продаваат се' што не смее така лесно да се продаде - од најчувствителни банки (Стопанска), преку стратегиски важната прехранбена индустрија („Жито лукс“), до телекомуникации („Космофон“) и нафтен сектор („Окта - Хеленик петролеум“). Човекот што денес го нарекуваат со секакви погрдни имиња и кој сепак нешто разбираше и предупредуваше што значи тоа, го тргнаа од патот преку атентат, исто така испланиран и изведен по линијата Белград-Скопје-Атина (иако, знаеле и други). Зарем сево ова ви личи на автентична одговорна и домаќинска политика?
Значи во оваа земја има секакви туѓи државни интереси, само не автентично - македонски. За утеха, има сосема малку и американски интереси, да речеме. Пред се', затоа што западњаците многу лесно им веруваа на овдешните пребојадисани „Американци“ распоредени во политиката, медиумите, цивилниот сектор, кои цело време лажеа дека ги бранат боите на евроатлантските интеграции. Откако ова весело друштво се криминализира до даска, сега истите тие „Американци“ ги бранат и транснационалните интереси на мафијата, пред се', на италијанската...Во меѓувреме светот се смени. Балканот исто така. Србија е без Косово и без Црна Гора. Само во
Македонија се' е по старо.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=E40813912C551545A2EB1CCB934D5B7C
I koga ke go dodadesh i tvrdenjeto na Shehtanski:
"Во изминатите 17 години Македонија ја водат стари безбедносни структури. Тие потекнуваат од УДБА и КОС и се инсталирани во самиот врв на сите партии во државата. А дека Македониа а не Македонија,
нема свој безбедносен систем се гледа и од фактот што за овие близу две децении самостојност нашите служби не открија
ниту еден странски разузнувач, или, не дај Боже, српски шпиун или припадник на албанската ШИК."
togash ulogata na "samoubici","realni","sonji5".... vo ovaa "najezda" od "BIHAKJKA" e mnogu JASNA.....
ps.se izvinuvam na nespomenatite aktivisti od Bihakjka i se nadevam deka toa nema da im vliae na platata.