Зголемен број на млади со психолошки растројства

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.334
Поени од реакции
1.346
Локација
Тука негде наоколу
Па најновите светски трендови изгледа не не заобиколуваат ни нас..поточно раширеноста на анорексијата помеѓу младите..во продолжение напис од денешниот печат

Анорексијата напаѓа и 12-годишни девојчиња
Не смее да отсуствува третманот на психолошкиот аспект, бидејќи ова е психосоматско заболување кај кое се негираат телесните карактеристики, а тежината паѓа до критично ниво, велат лекарите
13EE52698852714FB87B76863A1C51A8.jpg

Станав коски и кожа, на крајот тежев едвај 50 килограми, но сосе креветот. Не ни знаев дека тоа е анорексија, која кај мене почна многу наивно - се исплашив дека ќе се здебелам кога градите почнаа да ми растат. Јадев се' помалку, броев калории, на крајот и одбивав храна. Почнав да слабеам и повеќе отколку што сакав, а завршив на инфузија на клиника, раскажува 25-годишна девојка, која поминала низ пеколот што го предизвикува анорексијата. На Клиниката за психијатрија е зголемен бројот на пациентите што страдаат од анорексија и од булимија, а најчесто се погодени девојчињата. Најмалата пациентка со анорексија од земјата е дете на 12-годишна возраст, кое едвај било спасено на Клиниката. Неколку други потешки случаи ја немале таа среќа и починале од ова нарушување.

ПОГРЕШНА ПЕРЦЕПЦИЈА НА ТЕЛОТО

Во светот почнува да се менува ставот за промовирањето на анорексичниот, „испиениот“ изглед на манекенките. На модна ревија во Мадрид лани било забрането да се појават девојки што носат конфекција помала од бројот 38. Анорексија е психијатриско нарушување, кое се јавува во адолесценција, при што детето одбива да јаде, ја селектира храната и води строга контрола за внесот на калориите. Булимија е вид анорексија, растројство во исхраната што оди со прејадување и најчесто со повраќање. Детето е преокупирано со сопствениот изглед и со тежината и го перцепира сопственото тело како подебело отколку што навистина е. Тоа е искривена слика, која може да биде психотична претстава, бидејќи се јавува во адолесцентниот период, кога се дооформуваат телесната и менталната слика за себе - предупредува д-р Марија Ралева, невропсихијатар и шеф на одделението за детска и адолесцентна психијатрија на клиниката.За жал, долната границата на анорексија се поместува и се' почесто страдаат и млади на возраст од десет, 11 години, но најчесто се јавува кај 15-годишници. Кај нас имавме случај на анорексија кај 12-годишно девојче, кое успеа да се извлече. Важно е болеста навреме да се открие, бидејќи ако симптомите траат долго, лекувањето е потешко. Децата на овој начин се справуваат со животните проблеми, напнатоста, стресот. За жал, пациентите со анорексија не доаѓаат веднаш на психијатар, туку одат во клубови за диети! Често проблемот не се препознава како психолошки, туку се третира од ендокринолози или гастроентерохепатолози. Не смее да отсуствува третманот на психолошкиот аспект, бидејќи ова е психосоматско заболување кај кое се негираат телесните карактеристики, а тежината паѓа до критично ниво. Тоа не само што влијае на здравјето, туку го загрозува дури и животот на пациентот - вели д-р Ралева.

МОДАТА ГО ДИКТИРА ИЗГЛЕДОТ

Во некои земји свесноста за овој проблем се зголемува. За да се одбегне влијанието врз јавноста и идентифицирањето на младите девојки со манекенките со анорексичен изглед и со закон се определува под кои стандарди не може да се оди во однос на телесните пропорции на професионалните манекени. Неодамна такви прописи воведе Франција. За жал, таквите обиди бавно ги менуваат длабоко воспоставените корени на претходните децениски влијанија. Модните агенции, рекламите низ модните и други списанија го диктираат изгледот со идеални телесни пропорции и занемарување на основните потреби за внес на разновидна храна, на сметка на синтетички производи. Погрешно е мислењето дека ако се намали бројот на оброци ќе се намали и внесот на храна, а сериозна заблуда е ставот дека пушењето го убива апетитот и дека на тој начин се контролира внесот на храна - објаснува д-р Ралева. Лекувањето може да трае со години, но проблемот може да стане толку сериозен и да заврши со смрт. Затоа е важна превенција во училиштата, кај лекарите, а медиумите треба да промовираат здрав стил на живеење.

ЗДРАВА ДИЕТА И СПОРТ

Во Модното студио „Црнокрак“ тврдат дека манекенките што ги ангажираат отстапуваат од идеалните пропорции 90-60-90 за три-четири сантиметри. Велат дека ниедна девојка од оваа модна куќа не „заглавила“ поради анорексија. Апсолутно сме против тоа девојките да слабеат и да изгледаат како „закачалки“. Особено ни се допадна што на Мадридската модна ревија во минатата година организаторот забрани учество на манекенки што се под конфекциски број 38! Веќе не е тренд анорексична девојка. Сега се оди на типови како Синди Крафорд и Клаудија Шифер. Стандардите кај нас се за неколку сантиметри, поблаги бидејќи манекенството тука не е професија. Идеална висина е меѓу 175 и 180 центриметри, а тежината варира во однос на тежината на коските - вели сопственикот на модното студио „Црнокрак“, Мики Црнокрак. Тој нагласува дека отворено разговараат кога некоја девојка има проблем со тежината: Секогаш разговараме кога некоја се жали на вишок килограми. Не советуваме прегладнување, туку им даваме здрави диети препишани од доктори. Килограми може да се губат и со спортување и фитнес.
Ако детето често станува од ручекот
Родителите треба да обрнат внимание кога кај децата се намалува апетитот и ако се преокупирани со телесниот изглед. Една од карактеристиките на анорексијата е и опседнатоста со телесно вежбање и хиперактивност.Аларм за родителите е ако детето често станува од ручекот и веднаш оди во тоалет, најчесто под разни изговори, а таму повраќа. За жал, таа состојба за кусо време станува автоматизирана и не може да се контролира. Кога не јаде, детето почнува да ги губи и телесните течности, минерали, желудочниот сок не се лачи и се нарушува метаболичката рамнотежа. Децата треба да се воспитуваат да внесуваат разновидна храна и да се хранат дома, а помалку на улица во сендвичарници со брза храна. Барем еден оброк во денот да биде ритуал во кој ќе бидат обединети сите членови на семејството - објаснува д-р Ралева.
 
Ауу, оваа на сликава - скелет и кожа. :ija:
Секоја чест за темата, vone. Се надевам дека ќе опамети многу млади луѓе да не си создаваат комплекси без причина, затоа што тоа може да ги доведе до смрт. Јас го поминав тоа, како мала бев загрижена многу за мојот изглед, но за среќа тоа брзо се смени и не дојдов до состојба во која дошле многу млади и кутри тинејџерки кои нормално дека во пубертетот не се задоволни од својот изглед.
Отсекогаш сум била против диетите, тие не се начин да ослабеш, туку да се разболиш. Има многу поздрави начини кои водат до (нормално) слабеење, а тоа се спортот и здравата исхрана. :toe:
Знам дека е тешко, ама кога ќе накачиш килограми, само така можеш (на здрав начин) да ги симнеш. :toe:

П.С. Совет до сите тинејџерки, не се замарајте, и јас така многу се замарав, па после се беше ок, а за среќа поминав и добро.
 
А Има многу поздрави начини кои водат до (нормално) слабеење, а тоа се спортот и здравата исхрана. :toe:
Знам дека е тешко, ама кога ќе накачиш килограми, само така можеш (на здрав начин) да ги симнеш. :toe:
Тука би додал има уште поздрави начини да не се дозволи натрупување непотребна прекумерна тежина, односно...активен живот (не мора со спорт да се бавиш) нормална и редовна исхрана во приблиближно исто време секој ден
 
Ах младино македонска, што ли ти направија Жаде и Млади Бунтовници?
Деца, деца, не клинчете по улици, не се пијанчете и што ли не.. земете спортувајте, подобро тоа отколку диети, па слабокрвност па што ли не. Мојот клас се 80 посто на диети, секој ден има некој што се онесвестува.
Спортот му е мајката:)
 
Абе кој е по спортот ке слабее кој не диети.

Има и здрави диети.
 
Еден збор : КОМПЛЕКСИ

Е ова зборче , ни го владее животот .. колку побрзо го загубите во речникот , толку подобро ..

Во ова време , МОРАШ , за да бидеш прифатен како фаца , да правиш некои работи , кои и најверојатно и не ти пружат среќа ..

Со која цел ?

За да им удоволиш на другите ? За да изгледаш убаво во нечии туѓи очи ? За да бидеш попознат ? За да бидеш прифатен од страна за истите како тебе ?

Жално е ова .. Мене лично ме погодува оваа тема .. секој ден гледам вакви луѓе( да не кажам случаеви ) .. И од 7 до 77 години , не е само младината зафатена ..

јбг .. и јас бев истиот во средно , али сега дури свакам каде ми биле грешките ..

И не е само диетата или анораксијата .. што е со однесувањето према другите , со облекувањето , со сопствените принципи ?

до кога ќе се прифаќаат туѓи идеи за уредувањето на сопствениот живот ? Зашо мораш да бидеш 40 кила и коска и кожа за да се чуствуваш убаво ( а има спротивен ефект ) , или зашо мораш да имаш 150 кила и 35цм ширина на бицепс за да ти укажуваат почит ( која е базирана на страв ) ? Зашо мораш да исмеваш накој за да се чуствуваш посупериорен ?

све је сјебано ...али има време за поправка , само колку сакаме да си помогнеме е поентата ..
 
Со која цел ?

За да им удоволиш на другите ? За да изгледаш убаво во нечии туѓи очи ? За да бидеш попознат ? За да бидеш прифатен од страна за истите како тебе ?

до кога ќе се прифаќаат туѓи идеи за уредувањето на сопствениот живот ? Зашо мораш да бидеш 40 кила и коска и кожа за да се чуствуваш убаво ( а има спротивен ефект ) , или зашо мораш да имаш 150 кила и 35цм ширина на бицепс за да ти укажуваат почит ( која е базирана на страв ) ? Зашо мораш да исмеваш накој за да се чуствуваш посупериорен ?

Не верувам дека сите тоа го прават поради мислењето на другите.Мислам дека повеќето се стават на диети поради личното незадоволство од сопственото тело.
Кога е без причина-секако дека го сметам за нешто ненормално и на личноста навистина и е потребна помош.
Но факт е дека сите до еден треба да внимаваме на исхраната и на физичката активност.
Јас на пример, ако не сум „официјално“ на диета-јадам сва и свашта.:)
Значи, за мене, диетата претставува здрава исхрана...А вообичаеното јадење чоколади и други слатки и мрсни работи-не е здраво.
Кога не јадеш ништо или јадеш многу малку-тоа не е диета.Тоа е гладување.
 
Поентата е од дека потекнува тоа незадоволство за сопствениот изглед .. Опшеството игра голема улога .. нема да ме чуди , ако нашите деца станат ко идиоти од оние на MTV ( за дебилските емисии зборам ) ..
 
Да, во право си...Од таму потекнува, но за жал, тоа не може да се промени.
Јас, еве отворено ќе кажам дека имам комплекси и кога читам овде, на кајгана од некои машки-дека сакале надворешно убави, привлечни девојки.Тоа е сосема нормално, знам, кој не сака...и затоа, иако емоциите се значајни и не треба да се запоставуваат, мислам дека сепак надворешноста е најмоќна.
Можеби звучи како да ги оправдувам анорексичните девојки но само сакав да кажам дека до некаде ги разбирам, а верувам и вие исто така.Ова до некаде-значи дека разбирам на кој начин и поради што започнуваат ваквите растројства но како доаѓаат до тој степен-тоа не можам да го сфатам...
А навистина ми е мака што бројот на ваквите млади се зголемува, наместо да се намалува и да се зголеми свеста кај сите нас.
 
Да точно е тоа...но не и анорексични, еве една слика за привлечна но не и жив костур....на такви мислиме

dahl.jpg
 
Да точно е тоа...но не и анорексични, еве една слика за привлечна но не и жив костур....

Разбирам, но некоја (како мене:)) е далеку од вашата дримгрл и сакала-не сакала ќе добие комплекси, ќе почне со ненормални „диети“, на крајот ќе загуби секаква контрола и може да заврши таква како тие од првиот пост.
Тоа е тоа.Ова е светот во кој живееме.
 
еее децава на денешницава.... јас се гојам и гојам ко свињче сум станала али у никој случај не ми паѓа на памет да повраќам или да одам на диета...
вчера нешто се зезав као од денес сум на диета али ако диета подразбира чоколади помфрит и ред ствари... да на диета сум...

абе младиве све искомплексирани се...
диета.. пих
 
Не е проблемот само во диетата и јадењето ..

Али таков е периодот ..Damn,those hormons ..работата е како ќе изчезеш како личност и со колкава самодоверба после адолесценцијата ..
 
Разбирам, но некоја (како мене:)) е далеку од вашата дримгрл и сакала-не сакала ќе добие комплекси, ќе почне со ненормални „диети“, на крајот ќе загуби секаква контрола и може да заврши таква како тие од првиот пост.
Тоа е тоа.Ова е светот во кој живееме.
Таа нашата девојка од соништата е само сон кој се наоѓа на страниците од списанијата, во стварноста лесно го прифаќаме тоа што ни е на дофат, не е се во сликата, ама изгледа женскиот дел, тоа го сфаќа мошне сериозно. Некои добиваат комплекси без потреба и преземаат скоро самоуништувачки дејствија.
 
Не е проблемот само во диетата и јадењето ..

Али таков е периодот ..Damn,those hormons ..работата е како ќе изчезеш како личност и со колкава самодоверба после адолесценцијата ..

Самодоверба...да, ова е главниот проблем кај оние што страдаат од анорексија или булимија.Сакаат да ја зајакнат што е можно повеќе...
Адолесценцијата е период во кој најмногу ја градиме нашата личност и самодовербата е многу важна.Тешко е кога ја немаш...:pipi:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom