Па најновите светски трендови изгледа не не заобиколуваат ни нас..поточно раширеноста на анорексијата помеѓу младите..во продолжение напис од денешниот печат
Анорексијата напаѓа и 12-годишни девојчиња
Не смее да отсуствува третманот на психолошкиот аспект, бидејќи ова е психосоматско заболување кај кое се негираат телесните карактеристики, а тежината паѓа до критично ниво, велат лекарите
Станав коски и кожа, на крајот тежев едвај 50 килограми, но сосе креветот. Не ни знаев дека тоа е анорексија, која кај мене почна многу наивно - се исплашив дека ќе се здебелам кога градите почнаа да ми растат. Јадев се' помалку, броев калории, на крајот и одбивав храна. Почнав да слабеам и повеќе отколку што сакав, а завршив на инфузија на клиника, раскажува 25-годишна девојка, која поминала низ пеколот што го предизвикува анорексијата. На Клиниката за психијатрија е зголемен бројот на пациентите што страдаат од анорексија и од булимија, а најчесто се погодени девојчињата. Најмалата пациентка со анорексија од земјата е дете на 12-годишна возраст, кое едвај било спасено на Клиниката. Неколку други потешки случаи ја немале таа среќа и починале од ова нарушување.
ПОГРЕШНА ПЕРЦЕПЦИЈА НА ТЕЛОТО
Во светот почнува да се менува ставот за промовирањето на анорексичниот, „испиениот“ изглед на манекенките. На модна ревија во Мадрид лани било забрането да се појават девојки што носат конфекција помала од бројот 38. Анорексија е психијатриско нарушување, кое се јавува во адолесценција, при што детето одбива да јаде, ја селектира храната и води строга контрола за внесот на калориите. Булимија е вид анорексија, растројство во исхраната што оди со прејадување и најчесто со повраќање. Детето е преокупирано со сопствениот изглед и со тежината и го перцепира сопственото тело како подебело отколку што навистина е. Тоа е искривена слика, која може да биде психотична претстава, бидејќи се јавува во адолесцентниот период, кога се дооформуваат телесната и менталната слика за себе - предупредува д-р Марија Ралева, невропсихијатар и шеф на одделението за детска и адолесцентна психијатрија на клиниката.За жал, долната границата на анорексија се поместува и се' почесто страдаат и млади на возраст од десет, 11 години, но најчесто се јавува кај 15-годишници. Кај нас имавме случај на анорексија кај 12-годишно девојче, кое успеа да се извлече. Важно е болеста навреме да се открие, бидејќи ако симптомите траат долго, лекувањето е потешко. Децата на овој начин се справуваат со животните проблеми, напнатоста, стресот. За жал, пациентите со анорексија не доаѓаат веднаш на психијатар, туку одат во клубови за диети! Често проблемот не се препознава како психолошки, туку се третира од ендокринолози или гастроентерохепатолози. Не смее да отсуствува третманот на психолошкиот аспект, бидејќи ова е психосоматско заболување кај кое се негираат телесните карактеристики, а тежината паѓа до критично ниво. Тоа не само што влијае на здравјето, туку го загрозува дури и животот на пациентот - вели д-р Ралева.
МОДАТА ГО ДИКТИРА ИЗГЛЕДОТ
Во некои земји свесноста за овој проблем се зголемува. За да се одбегне влијанието врз јавноста и идентифицирањето на младите девојки со манекенките со анорексичен изглед и со закон се определува под кои стандарди не може да се оди во однос на телесните пропорции на професионалните манекени. Неодамна такви прописи воведе Франција. За жал, таквите обиди бавно ги менуваат длабоко воспоставените корени на претходните децениски влијанија. Модните агенции, рекламите низ модните и други списанија го диктираат изгледот со идеални телесни пропорции и занемарување на основните потреби за внес на разновидна храна, на сметка на синтетички производи. Погрешно е мислењето дека ако се намали бројот на оброци ќе се намали и внесот на храна, а сериозна заблуда е ставот дека пушењето го убива апетитот и дека на тој начин се контролира внесот на храна - објаснува д-р Ралева. Лекувањето може да трае со години, но проблемот може да стане толку сериозен и да заврши со смрт. Затоа е важна превенција во училиштата, кај лекарите, а медиумите треба да промовираат здрав стил на живеење.
ЗДРАВА ДИЕТА И СПОРТ
Во Модното студио „Црнокрак“ тврдат дека манекенките што ги ангажираат отстапуваат од идеалните пропорции 90-60-90 за три-четири сантиметри. Велат дека ниедна девојка од оваа модна куќа не „заглавила“ поради анорексија. Апсолутно сме против тоа девојките да слабеат и да изгледаат како „закачалки“. Особено ни се допадна што на Мадридската модна ревија во минатата година организаторот забрани учество на манекенки што се под конфекциски број 38! Веќе не е тренд анорексична девојка. Сега се оди на типови како Синди Крафорд и Клаудија Шифер. Стандардите кај нас се за неколку сантиметри, поблаги бидејќи манекенството тука не е професија. Идеална висина е меѓу 175 и 180 центриметри, а тежината варира во однос на тежината на коските - вели сопственикот на модното студио „Црнокрак“, Мики Црнокрак. Тој нагласува дека отворено разговараат кога некоја девојка има проблем со тежината: Секогаш разговараме кога некоја се жали на вишок килограми. Не советуваме прегладнување, туку им даваме здрави диети препишани од доктори. Килограми може да се губат и со спортување и фитнес.
Ако детето често станува од ручекот
Родителите треба да обрнат внимание кога кај децата се намалува апетитот и ако се преокупирани со телесниот изглед. Една од карактеристиките на анорексијата е и опседнатоста со телесно вежбање и хиперактивност.Аларм за родителите е ако детето често станува од ручекот и веднаш оди во тоалет, најчесто под разни изговори, а таму повраќа. За жал, таа состојба за кусо време станува автоматизирана и не може да се контролира. Кога не јаде, детето почнува да ги губи и телесните течности, минерали, желудочниот сок не се лачи и се нарушува метаболичката рамнотежа. Децата треба да се воспитуваат да внесуваат разновидна храна и да се хранат дома, а помалку на улица во сендвичарници со брза храна. Барем еден оброк во денот да биде ритуал во кој ќе бидат обединети сите членови на семејството - објаснува д-р Ралева.