- Член од
- 25 февруари 2006
- Мислења
- 254
- Поени од реакции
- 28
Јавна тајна за која никој не смее ни да шепне во државава е дека нашите политичари кои доаѓаат како титова омладина да водат независна и демократска Македонија со социјален-демократски акцент (која немерлива глупост), за обичај си зедоа јавните претпријатија да го усвојат на име на нивната фамилија и да се чувствуваат НЕДОПИРЛИВИ во наредните стотици години. "Државници" наши, Вашето време изминува. Можеби бавно, но Вашиот часовник и тоа како отчукува. Пример за она што ќе следи во Република Македонија е примерот од Република Хрватска.
Осум години по смртта на првиот хрватски претседател, Фрањо Туѓман, пропаднаа речиси сите бизниси на некогаш најмоќното семејство во Хрватска а ќерка му веќе некое време е на суд, објавува Јутарњи Лист.
За време на неговото владеење, од 1991-ва до 1999-та, семејство Туѓман имаше компанија за трговија, стрелиште, контролен пакет во Каптол банката, фабрика за корнети, продавници за техничка опрема и уште дузина бизниси кои се проценуваа на стотици милиони долари.
Меѓутоа, речиси една деценија подоцна, некогаш највлијателното и најбогато семејство во Хрватска денес има малку влијание а од целиот бизнис им е останат само еден ресторан и трговската компанија Домовина.
Вдовицата на Туѓман, Анкица, успеа да ја одржи во живот добротворната организација за хрватските деца, но и таа работи со намалени донации кои од некогашните 3 милиони евра годишно сега одвај собира една третина од тоа.
Инаку во изминатите неколку години семејството беше обвинувано за корупција и злоупотреба на власта на Туѓман во приватни цели. а по неговата смрт, хрватските власти ја уапсија ќерка му Невенка, која моментално се наоѓа на судење за корупција.
on.net