Кога требаше да бирам меѓу среќа и тага одбрав...

Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
.....тага......
ете се случува конечно да се почувствувате среќни и треба да го направите следниот чекор...во зависност каде ќе стапнете ќе бидете или задоволни или мизерни....
сум приметила дека луѓето (свесно или несвесно) кога имаат избор меѓу неколку работи кои ке ги направат среќни или тажни најчесто се определуваат за она што ќе ги направи несреќни....
дали сте се нашле во слична ситуација?
дали на луѓето им е поубаво кога се несреќни?!?
од кога луѓето уживаат во чувството на мизерија????

искуства?
 
kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
ама ич не те капирам. кој би избрал тага преку среќа?
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
.....тага......
ете се случува конечно да се почувствувате среќни и треба да го направите следниот чекор...во зависност каде ќе стапнете ќе бидете или задоволни или мизерни....
сум приметила дека луѓето (свесно или несвесно) кога имаат избор меѓу неколку работи кои ке ги направат среќни или тажни најчесто се определуваат за она што ќе ги направи несреќни....
дали сте се нашле во слична ситуација?
дали на луѓето им е поубаво кога се несреќни?!?
од кога луѓето уживаат во чувството на мизерија????

искуства?
И јас малку не те разбирам,ако сум среќна нели треба да го живеам тој момент зошто да правам следен чекор пред да го изодам овој?

Збунува темата.
 
Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Луѓето не бираат да се несреќни, туку самиот живот ги тера да станат такви и со мала помош од личноста. Никој не бира несреќа туку таа самата доаѓа и те окупира. Би избрала тага само доколку знам дека моите најблиски се поптполно среќни, во друг случај не. Ама и тоа нема да се случи зашто кога јас би била тажна тие не би можеле да се среќни. Луѓето не избираат тага, туку тие го избираат начинот на кој ќе живеат и како ги прифаќаат работите. Среќата не се одбира, таа доаѓа и си оди или останува да те прати. Луѓето цел живот се незадоволни, или можеби и не е така ама тргнувам од себе, цел живот трагам по нешто повеќе нешто над тоа што веќе го имам. Значи тоа човечкото о нас не прави да се чувствуваме тажни, да мечтаеме за нешто неостварливо, а да не го чуваме она кое не прави среќни. Што и да сторам јас мислам дека сум можела подобро иако сум била најдобра во тоа. Неможам да изберам среќа зашто тоа не се бира, тага се бира, тагата е изборот на единката дали ќе тагува или ќе преброди. Да би се бирала среќата, би ја избрала неа само за кратко, зашто знам дека преголема среќа за мене не постои, не општо.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
ама ич не те капирам. кој би избрал тага преку среќа?
п33р43,не си глеал на филмови кога некој ќе жртвува се,само за да му помогне на друг,и слични други срцепарателни филмски моменти?:kesa:

Него,ако збориме за реално,човекот несвесно ја бира тагата,и секогаш ќе најде нешто за што ќе му биде мизерно.
На крај,не е работата колку сме среќни,туку колку сме несреќни во тој момент.

Hell,дури и да имаш се на светот,ќе бидеш несреќен зашто не можеш ништо повеќе да напраиш во животот.
Но ова е веќе филозофско прашање,не знам дали авторката на темата сакала да оди во таа насока :)
 
Станоја

The Patriot
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.322
Поени од реакции
29
јас би одбрал тага за да бидам среќен:smir:
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Ако секогаш кога ќе се најдам на крстопат би знаела кој пат ќе ми донесе тага, а кој среќа, сигурно не би се двоумела и би ја одбрала среќата, но не секогаш толку едноставно и провидно, па многу пати се случило да одберам едно мислејќи дека тоа е вистинското, а да добијам баш спротивно.

Јбг, на секој ќе му дојдат 5те минути да му биде мизерно.

И колку сака нека звучи себично, ама еден живот имам бе, зашто туѓата* среќа да ја ставм пред мојата?
Секако дека кога со мојата одлука би можела да повредам некој- би размислила 2 пати, но да му ја препуштам среќата на некој друг знаејќи дека мене ќе ми биде мизерно - па баш и не ми одговара така.
Зашто јас да правам за некој нешто, кога ќе биде “фала, фала“ некои 2-3 недели, а после пак попреку ќе ме гледа.

*под ТУЃА среќа спаѓа онаа на познајници и не толку блиски пријатели, среќата на оние во мојот потесен круг ми е скоро на исто рамниште како мојата и тие по автоматизам отпаѓаат од муабетов погоре.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060

Апсолутно се согласувам со Маwечко и не воопшто не звучи себично она што го кажа. Отсекогаш така функционирале нештата, само што некоја привидна слика не тера да размислуваме на тоа како на нешто погрешно. И јас би ја избрала среќата за мене. Ако ја изберам тагата пак за сметка на тоа што некој мој многу близок ќе го направам среќен тогаш нема да се чувствувам тажна т.е. ќе бидам среќна затоа што личноста која многу ми значи е среќна, значи ни тука нема тага.

:smir: За авторката- ако може да ја пообјасни темава со примери или нешто слично за да повеќе ја сфатиме.
 
Член од
28 април 2008
Мислења
258
Поени од реакции
9
Среќа се разбира:icon_surp:icon_surp:icon_surp
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Без разлика која варијанта да ја одбере човек на животен крстопат ќе промаши. Тоа е една теорија моја која не изгледа логично, но убеден сум дека е така. :mist:

Често велам дека животот се состои воглавно од лоши работи, случки и искуства, и секоја одбрана варијанта носи со себе многу лоши особини. Според тоа, и да помислиме дека сме одбрале добро всушност сме го промашиле патот како и да е. :zid:

2. Второ толкување на прашањата... луѓето уживаат во својата мизерија и особено уживаат во самосожалувањето. Очекуваат и другите да ги сожалуваат што го храни нивниот дух. А тоа е бајаги патетично. :nesum:
 
Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Бирајќи круцијални насоки во животот, одам само заради своја цел, со желба за среќа, секако, и не сакам да паѓам во тага или песимизам, иако тоа е исто неминовна човечка емоција.
А мизеријата станува придружба на секој кога ќе се почувствува осамен, бесен, сиромашен со избор и некорисен.А такви примери за жал во нашето општество има многу, и секогаш можеш да си најдеш мизерија во се што не ти се допаѓа.Јас лично мислам дека менталитетот ни е мизерен, но неможејќи да се справувам со него во целост, гледам јас да се променам.Малку оф топик, али и темава не е сосем јасна:)
 
Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Неможе да ОДБЕРЕШ
Циганот плаче и кога му е добро, затоа што после доброто следи пак лошо. Исто и со дождот, после дождот сонце и обратно. Црно и бело, среќа и тага, живот и смрт. Исто е како и да се вртиш гзот секогаш ќе биде одпозади, тоа не се менува.
 
Расизмус... :)

Туку, циганот има една многу добра особина (односно токму таа). Циганот знае дека пак ќе му биде лошо... тактиката на нивниото живеење е секогаш да извадат максимум од животот. Тие зависат од туѓите пари и туѓото сожалување и тоа е нивно орудие за преживување. Фактот е дека ромите... океј, циганчињата, се вечно среќни, токму заради нивната “од денес за утре“ филозофија.

Тие се далеку по среќни од нас, одбирајќи да молат за храна секој ден. Што доаѓа во согласност со темата... тие одбираат да бидат “несреќни“ а со тоа го купуваат своето животно блаженство.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
ама ич не те капирам. кој би избрал тага преку среќа?
:smir: За авторката- ако може да ја пообјасни темава со примери или нешто слично за да повеќе ја сфатиме.
2. Второ толкување на прашањата... луѓето уживаат во својата мизерија и особено уживаат во самосожалувањето. Очекуваат и другите да ги сожалуваат што го храни нивниот дух. А тоа е бајаги патетично. :nesum:
Него,ако збориме за реално,човекот несвесно ја бира тагата,и секогаш ќе најде нешто за што ќе му биде мизерно.
На крај,не е работата колку сме среќни,туку колку сме несреќни во тој момент.

Hell,дури и да имаш се на светот,ќе бидеш несреќен зашто не можеш ништо повеќе да напраиш во животот.
Но ова е веќе филозофско прашање,не знам дали авторката на темата сакала да оди во таа насока :)
znaci imav situacija koga trebase da odberam megu 2 licnosti...bev svesna koj od niv me pravi srekna a koj ne...i go odbrav toj sto me pravese...pa ne nesrekna tuku ne mi bese naj naj so nego...bev svesna za potegot sto go pravam ama sepak ne mozev da si objasnam zs go napraviv toj izbor....
ete vi obicen primer..
mislam deka prasanjevo tera nakaj filozofija taka da ako mislite deka e vo red terajte vo taa nasoka

Mislam deka ni samata ne se razbira:pos2::pos2::pos2:
aaa ti ako nemas so drugo da dodades na temava...primer pametno nesto...voopsto nema potereba da pises
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.841
Поени од реакции
11.491
Не бирам, среќата сама ми доаѓа, кога тогаш, а тага има секаде наоколу, колку сакаш :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom