Ѓорѓија Пулевски

  • Креатор на темата Креатор на темата Martyr
  • Време на започнување Време на започнување
Во средниот ред пишува на албански, цитирам
"Ашту еде Шкиптарет јан њерез, еде вендас, етијсе пофојн Македонија цили, поријн аче"


"Ashtu edhe Shqiptarer jan njerez, edhe vednas, e dij se po thojn Makedonia cili po rijn atje"

Интересно, дека во левиот ред, преводот е друг. Исто и македонциве се народ и Македонија е нивна.

Албанскиот дел, или па средниот ред, ако се преведе во Македонски, би гласел

И Албанците се народ и тоа од Македониа, и луѓето викаат дека живеат таму.

Познавачите на Пулевски, ве молам објаснете, како тоа писателот во едната графа пишува за Албанците, а во другата графа тоа е преведено како македонци?
Друго што не ми е јасно, тој го користи зборот Atje или како што можеме да примети Аче, кој што значи ТАМУ. Пулевски живеел во Македонија, или од некаде надвор пишувал па се обраќал на луѓето кои живеат ТАМУ (Во Македонија)?
 
Често се дава цитатот на Пулевски што го напишал во Тријазичникот за Македонците и нивната татковина македонија.

Мислам дека овде на форумот го нема постирано целосно некој ова негово дело ( можеби се лажам ) . На веб страната на дигитален архив на македонскиот јазик http://damj.manu.edu.mk/materijali.html го има ова негово дело како и неколку други поврзани со студии од странски автори за македонскиот јазик .

Директниот линк до книгата е: http://damj.manu.edu.mk/pdf/0001Pulevski Trijazichnik.pdf .

Значи : Ѓорги Пулевски , 1875 година, Речник од три јазика

Мене ми се интересни неговите размисли од 38-50 страна ... (За Бугарите вели дека се нарекуваат така заради тоа што дошле од Волга :D)

Да не должам повеќе мислам дека вреди ова негово дело да се види во целосно издание. (Секако и други негови дела кои за жал немам можност да ги видам во електронско издание).

Ја постирам само првата страна од ова дело на Пулевски.

newbitmapimagedw0.jpg
 
Ова може да се искористи и од страна на албанците, да им докажат на гејците кој се Арванитите во грција.
 
Тој (Пулевски - б. м.) наведува дека сите Словени во старо време живееле во Азија, а уште во антиката, македонските Словени се населиле на Балканот, а другите заминале преку Кафказ, зад Карпатите (во Сармација), од каде што и тие во 6 век по Христа се спуштиле кон Балканот.

Според Пулевски, Македонците, односно, како што кратко ги нарекува, Мијаците, се народот на Александар Велики.

Старото македонско население, пишува тој, било составено од три поголеми народи, односно нареченија. Првото наречение биле Теменидите, второто Пеонидите, а трето биле Арнаутите.
-----
Време

За Арнаутите е jасно, ама кои се били Теменидите и Пеонидите?
 
Старото македонско население, пишува тој, било составено од три поголеми народи, односно нареченија. Првото наречение биле Теменидите, второто Пеонидите, а трето биле Арнаутите.

Interesno... Iako ne se slozuvam...
 
Теменидите биле оние кои живееле во Јужна Македонија денешно Костурско, Гребенско,и Кожанско, односно од Теменидите доаѓа и династијата на Аргеадите кои по потекло се од Арго Орестида (с.Рупишта). Исто така зборот Теменид доаѓа од зборот Темен+ид.што е јасно што означува

Пеонидите пак биле племе односно племето Пеонци кои биле населени во центарот на географска Македонија(струмичко,гевгелиско,кукушко,серско). Тие биле многу бунтовнички расположени по што неколку пати се имаат бунтувано против хегемонија на Филип, но секогаш биле поразувани за на крај да го прогласат за нивен крал и обединувач на Македонија.

За Арнаутите останува дилемата,бидејќи може тоа да асоцира на денешниве Албанци (што не ми се верува бидејќи се гледа колку сме поинакви од нив) или пак асоцира на жителите на Нов Епир, во кој Филип Петти Македонски оваа област ја освоил за време на Првата македонска војна и ја населил со доминантно Македонско население,односно тоа може да асоцира на денешните Тоски кои имаат големи разлики од Гегите.
 
Ѓорѓија Пулески Цар Македонски
Вакви луѓе нас ни треба

Почит
 
Пулевски има и неприфатливи ставови:

mongko2.jpg


Тука е интересно, од каде дојдени Славјаните
20090306_150901_азија1.jpg
 
Ако не се лажам оние делови од текстот над кои е Пи. се прашања (питања)ако не се лажаам а тие со Од. се одговори.
Ако не е така исправете ме.
 
Добро кои се Теменидите и Пеонидите, и дали со Арнаутите мислел за денешните Арнаути-Албанци или за други?

Знам Арнаути ги сметал Гегите, додека Тоските си ги викал Тоски.

Има некој некакви информации, и покрај неколкуте ставови и точки кои се неприфатливи за сите нас, Пулевски бил многу во право, ваљда ги следел упатствата на средовековните автори и списи.

Халкикондил Албанците ги нарекувал Македонци, а исто така.

The Kings of Naples kept an Albanian regiment styled the Royal Macedonian

Туека се велит дека кралот на Наполи, Карл Бурон трети, креирал сектор со албански платеници од јужна Италија и дојдени од Балканот(албанци), и тие си се нарекувале Македонци, според Карл и нивниот сектор се викал КРАЛСКИТЕ МАКЕДОНЦИ.

Има уште. Јас не се срамам да кажам дека сум потомок на Македонци и Македонец.:)

Значи Теменидите и Пеонидите се...?
 
Во Историјата“ тој најнапред ги наведува словенските “соеви“ на Балканот:

Јеновците,
Торлаците,
Брсјаците,
Мијаците,
Бондарците,
Мариовците,
Кардалинците,
Ајраните,
Врбаците,
Пчинците,
Улуфите,
Свеневците,
Чолаците,
Челјанците,
Задгорците,
Шумадинците,
Црните Шопи и
Белите Шопи.

Пулевски ги наведува и несловенските племиња:
Арнаутите,
Тоските,
Куцо-Власите,
Грците,
Јуруците,
Ерменците,
Арапите,
Курдите,
Евреите,
Еѓупците,
Татарите и
Гагаузите.
Тој се задржува детално кај сите нив.

Пулевски е убеден дека Мијаците се старите македонски Словени, народот на Александар Македонски и негова гарда и оти Мијак е кратка форма за - Македонец.

“Мијаци - кусо речено, Македонци - продолжено речено.

Мијак значит бистар ум, хора бистроумни, оште Македонци“, пишува тој.
Мијаците, додава Пулевски, живеат во регионот на Долна и Горна Река, горни Дебарски округ и Кичевски округ, а иселени Мијаци има и во:
Смилево, Битолско,
Крушевско,
Папрадишта,
Орашје и во
Бабунската околија.

Ова се племињата што ги спомнува Пулески.

Еве и за Aлбанците што рекол. Денешните Албанци Пулевски ги дели на две групи: Арнаути и Тоски.

Според него, Арнаутите се потомци на Траките, а Тоските на Фокитите.
Арнаутите меѓу себе со Тоските се нарекувале Шкиптари.

Првите живееле најнапред во Тракија (просторот меѓу денешна Грција, Бугарија и Турција), за подоцна римскиот император Трајан да ги премести кон Јонско Море.

“Кесар Трајан римски като царувал, тики, заради дружението им со Уните Траките ги кренал от Тракија и ги заселил во Музекија, близу до Тоскине.
Арнаутското старо име им било Траки“, напишал Пулевски.

Тоските, според галичкиот историчар, живееле во околината на Корча, Старова, Јанина, Берат, Епир, Елбасан, Музекиското поле, а ги имало во атинскиот округ.
 
Епа треба да се гордеам што сум завршил во школото што го носи неговото име :)
 
A kako ke objasnish sledniot pasos od Trijazichnikot?

20090815_103116_%D1%81%D1%80%D0%B1%D0%B0%D0%B4.bmp

20090815_103144_%D1%81%D1%80%D0%B1%D0%B0%D0%B41.bmp

Aко убаво прочиташ во одговорот(вториот одговор) ќе видиш дека зборува за илирија вo римскиот период.

А во првиот одговор кажува дека Србија е место кај што живеат тие луѓе кои се доселени од север. Јас така го разбирам (толкувам) него.
.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom