ogledalo
провинцијалец
- Член од
- 12 мај 2008
- Мислења
- 3.198
- Поени од реакции
- 174
до абц
``.Единствена можна варијанта барем за мене е доколку се прифати било каква промена на име(само со мала додавка) тоа да се направи обострано и во ист ден со приемот на Македонија во ЕУ.Значи името доколку се сменува да се смени со еден документ и во ист ден кој ќе има обострано значење но приоритет да му се даде на актот со кој Македонија(xxx) е примена како полноправна членка во ЕУ``
во овој контекст наидов на текст од Мухич.....кој мислам дека многу добро ке репостира тука
Нека ни го дамбот, како што стоеше!
``Дедо ми, Атанас Низамов-Орлов, од славното село Бапчор, еднаш ми раскажа ваква случка: Во соседното и исто толку славно село Д'мбени живеела баба Донка. Мажот м починал, децата заминале во Америка, на гурбет. Останала сама баба Донка во куќата, а во дворот имало еден убав, голем даб.
Под дабот имало маса со две клупи; мажот ги беше направил, пред да ја земе невестата Донка. На таа маса тие седнувале штом ќе осунело, а седнувале и приквечер, откако денот ќе завршел. Тука тие седнувале и со своите дечиња, додека растеле, си до денот кога тие заминале: мажот од овој свет, а децата на печалба.
Арно, ама една ноќ некои дечишта, момчиња од селото, се напиле и се знае - кога нема друга работа, ѓаволот си ги дави децата! - зеле балтии и го посекле дабот. Сторителите биле деца од добри фамилии. Нивните татковци веднаш собрале пари и м понудиле отштета на баба Донка. Дабот имал околу десет товари дрва, а тие предложиле да платат колку за дванаесет товари. Баба Донка не се согласила, туку ги тужела на суд. Судијата м објаснил дека понудата на родителите е фер, но, ете, ако таа сака, може да пресуди да м се плати колку за петнаесет товари. Баба Донка решително го одбила и тој предлог. На новото судење, судијата рекол дека законот предвидува покрај отштетата, и по еден месец затвор за сторителите - ако таа инсистира!
“Не сакам децата да одат затвор! Не им ги сакам ни парите!”, пресекла баба Донка. Судијата се зачудил: “Еми, оти тогаш си ги тужила? Што уште сакаш да сторат!?”
“Нишчо не му сакам, господине судија. Сакам само да ми го 'опре дамбо' како што ми стоеше!”
ОД МЕТАФОРА...
Сакам само да ми го опре дамбо како што ми стоеше! - ете ја формулата на вистинската правда, поправо, ете го судирот на правдата и сторената неправда! Ете ја апоријата на секоја идеја на компензација за одземање и уништување на нештото што не може да се компензира! Не го пресекоа оние аџамии само дабот, не ја оштетија тие баба Донка ни за десет, ни за петнаесет товари дрва; тие м ја уништиле сенката под која таа се одморала на крајот од денот: ги пресекле сите нејзини спомени. Цел еден живот падна кога падна дабот. Последното место на кое баба Донка уште можела да ги најде спомените на мажот и на децата додека биле живи, тие м го пресекоа со своите балтии. Дворот и куќата без дабот веќе никогаш не можеше ништо да ги врати да бидат какви што биле со тој даб. Што друго требаше да бара баба Донка како отштета? Никаква компензација, ни сатисфакција, никакви пари, ни казни за сторителите, не би можеле да го вратат она што беше посечено таа пијана ноќ.
Еднаш посечениот даб веќе ништо не може да го опре, да го исправи. За некои дела, едноставно нема начин да се пресмета и надомести сторената штета - што значи дека за некои неправди нема лек, ни доволно ефикасна правда.
...ДО СУШТИНА
Името на Република Македонија е дабот кој едноставно не смее да биде посечен! Што и да се добие за него, малку ќе е! Ништо не ќе може да го врати на местото каде што стоеше; ни компензации, ни казни за сторителите.``