"Сонце": за 6 месеци Македонија ќе стане членка на НАТО и ќе добие датум за ЕУ

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
173
до абц

``.Единствена можна варијанта барем за мене е доколку се прифати било каква промена на име(само со мала додавка) тоа да се направи обострано и во ист ден со приемот на Македонија во ЕУ.Значи името доколку се сменува да се смени со еден документ и во ист ден кој ќе има обострано значење но приоритет да му се даде на актот со кој Македонија(xxx) е примена како полноправна членка во ЕУ``

во овој контекст наидов на текст од Мухич.....кој мислам дека многу добро ке репостира тука

Нека ни го дамбот, како што стоеше!

``Дедо ми, Атанас Низамов-Орлов, од славното село Бапчор, еднаш ми раскажа ваква случка: Во соседното и исто толку славно село Д'мбени живеела баба Донка. Мажот м починал, децата заминале во Америка, на гурбет. Останала сама баба Донка во куќата, а во дворот имало еден убав, голем даб.

Под дабот имало маса со две клупи; мажот ги беше направил, пред да ја земе невестата Донка. На таа маса тие седнувале штом ќе осунело, а седнувале и приквечер, откако денот ќе завршел. Тука тие седнувале и со своите дечиња, додека растеле, си до денот кога тие заминале: мажот од овој свет, а децата на печалба.

Арно, ама една ноќ некои дечишта, момчиња од селото, се напиле и се знае - кога нема друга работа, ѓаволот си ги дави децата! - зеле балтии и го посекле дабот. Сторителите биле деца од добри фамилии. Нивните татковци веднаш собрале пари и м понудиле отштета на баба Донка. Дабот имал околу десет товари дрва, а тие предложиле да платат колку за дванаесет товари. Баба Донка не се согласила, туку ги тужела на суд. Судијата м објаснил дека понудата на родителите е фер, но, ете, ако таа сака, може да пресуди да м се плати колку за петнаесет товари. Баба Донка решително го одбила и тој предлог. На новото судење, судијата рекол дека законот предвидува покрај отштетата, и по еден месец затвор за сторителите - ако таа инсистира!

“Не сакам децата да одат затвор! Не им ги сакам ни парите!”, пресекла баба Донка. Судијата се зачудил: “Еми, оти тогаш си ги тужила? Што уште сакаш да сторат!?”

“Нишчо не му сакам, господине судија. Сакам само да ми го 'опре дамбо' како што ми стоеше!”



ОД МЕТАФОРА...



Сакам само да ми го опре дамбо како што ми стоеше! - ете ја формулата на вистинската правда, поправо, ете го судирот на правдата и сторената неправда! Ете ја апоријата на секоја идеја на компензација за одземање и уништување на нештото што не може да се компензира! Не го пресекоа оние аџамии само дабот, не ја оштетија тие баба Донка ни за десет, ни за петнаесет товари дрва; тие м ја уништиле сенката под која таа се одморала на крајот од денот: ги пресекле сите нејзини спомени. Цел еден живот падна кога падна дабот. Последното место на кое баба Донка уште можела да ги најде спомените на мажот и на децата додека биле живи, тие м го пресекоа со своите балтии. Дворот и куќата без дабот веќе никогаш не можеше ништо да ги врати да бидат какви што биле со тој даб. Што друго требаше да бара баба Донка како отштета? Никаква компензација, ни сатисфакција, никакви пари, ни казни за сторителите, не би можеле да го вратат она што беше посечено таа пијана ноќ.

Еднаш посечениот даб веќе ништо не може да го опре, да го исправи. За некои дела, едноставно нема начин да се пресмета и надомести сторената штета - што значи дека за некои неправди нема лек, ни доволно ефикасна правда.



...ДО СУШТИНА



Името на Република Македонија е дабот кој едноставно не смее да биде посечен! Што и да се добие за него, малку ќе е! Ништо не ќе може да го врати на местото каде што стоеше; ни компензации, ни казни за сторителите.``
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Опрел или не опрел Дамбо,во суштина досега Македонците беа перфидно изграни од МЗ и од ЕУ.Го сменија уставот,се деградираа како народ во сопствената држава,прифатија с-рамковен договор каков никаде во светот нема,сменија знаме,претопија тенкови,ја растурија сопствената армија,овозможија Косово да добие независност со тоа што го пуштија НАТО да помине и повеќе од слободно низ наша територија........но за возврат ништо не добија.Токму затоа сеуште важи мојата девиза која важи за сите партии:
-Ако ја продавате Македонија,ве молам,да ја продадете барем поскапо!
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
За мене најприфатливо и најкоректно е да се излезе и да се каже дека никој нема мандат да го менува името на еден народ и една држава кое опстојувало со векови.Значи ни промена на устав,ни референдум,ни промена на име без разлика колку другите понуди изгледаат прифатливо.Единствена можна варијанта барем за мене е доколку се прифати било каква промена на име(само со мала додавка) тоа да се направи обострано и во ист ден со приемот на Македонија во ЕУ.Значи името доколку се сменува да се смени со еден документ и во ист ден кој ќе има обострано значење но приоритет да му се даде на актот со кој Македонија(xxx) е примена како полноправна членка во ЕУ.:toe:
Браво, се согласувам со пристапот.

Иако гледам дека и ти го спушташ гардов во случајов, дозирано.:)

Како за момент Груевски да го искористил твојот јузер :smir:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Крпичките на шекерната


ШЕКЕРИНСКА - НАЈСКАПО ОБЛЕЧЕНА ЖЕНА ВО МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИКА

One million dollar baby

Во Македонија малку жени, од оние кои учествуваат во политиката, можат да се пофалат дека се што гледате на нив, потекнува од ултраскапите светски марки за кои, по правило, за едно парче облека треба да се плати од петсто евра за кондури, до неколку иљади евра за ташна.
Во овие износи не спаѓаат бисерни ѓердани, часовници, накит... кој чини од неколку иљади евра, па нагоре.
Радмила Шекеринска, лидерката на СДСМ спаѓа во оваа џет сет категорија. Жената која ја обиколува предизборна Македонија носи ташни од класата и типот на Гучи и Лансел, какао на фотографиите кои се приложени кон текстот, кои коштаат од иљада до пет иљади евра. Цените на тие ташни лесно можат да се најдат на интернет. За Лансел ташната, плус шалот и чевлите кои Шекеринска ги носеше на конгресот на СДСМ, пишуваа и други македонски весници како за врвно скапа и гламурозна појава. Ретка во Македонија.
Фактот дека еден од модните советници на Шекеринска е Ирина Пановска, ќерка на Златко Пановски - сопстевеник на озлогласената веледрогерија Пановски за која нон-стоп се пишува дека е во коруптивни врски со владите на СДСМ, говори повеќе од модните пораки.
На ланската годишнина на СДСМ Шекеринска се реши на демагошки, популистички потег кога отиде меѓу стечајците што штрајкуваа во Жена парк, карши Собрание, давајќи им поддршка. Дури и нејзините партиски колеги дента и забележаа дека е крајно невкусно таков настап да се направи со чевли од четрсто евра, и костум од иљада евра нагоре. Сума сумарум, меу стечајците Шекеринска се појави со гардероба која на лице место кошта повеќе од годишна плата на просечен Македонец.
Но, некои така ја сфаќаат Социјалдемократијата. Пред да стане министерка за евроинтеграции Шекеринска возеше Шкода Фелиција. Оттогаш екстремно скапата облека и е слабост и пасија. Сега ја возат, а една комбинација на нејзината облека, плус часовникот, не кошта помалку од четири до пет иљади евра секоја, не сметајќи го тука накитот.
Таков неконтролиран нагон кон скапа облека имаше само уште една жена: Снешка Георгиевска. Но, за разлика од Радмила таа не агитира на избори, и не држеше демагогии за сиромашниот народ за кој ете, таа е решение.
И нешто друго. Снешка Гергиевска имаше скапа облека како и Радмила но, имаше и петља. Никогаш не тужеше редакции, па дури ни новинари.
Штета што во времето на Марија Антоанета немало весници, и новинари. Не можеме да видиме какао кон нив таа би се однесувала.

 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Па зарем тајна досега било дека СДСовците отсекогаш си држеле “стандард“ :)

Јас веќе му реков на Солунскиот Атентатор... дека лудите во оваа држава најдобро живеат.
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
173
Опрел или не опрел Дамбо,во суштина досега Македонците беа перфидно изграни од МЗ и од ЕУ.Го сменија уставот,се деградираа како народ во сопствената држава,прифатија с-рамковен договор каков никаде во светот нема,сменија знаме,претопија тенкови,ја растурија сопствената армија,овозможија Косово да добие независност со тоа што го пуштија НАТО да помине и повеќе од слободно низ наша територија........но за возврат ништо не добија.Токму затоа сеуште важи мојата девиза која важи за сите партии:
-Ако ја продавате Македонија,ве молам,да ја продадете барем поскапо!
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
-Ако ја продавате Македонија,ве молам,да ја продадете барем поскапо!
АБЦ, на продажба можеш да го нудиш тоа што ти го оставил дедо ти како наследство во Прилеп - и ништо повеќе од тоа. Немој ни да си помислил да продаваш нешто мое, оти волко ќе те јај.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
АБЦ, на продажба можеш да го нудиш тоа што ти го оставил дедо ти како наследство во Прилеп - и ништо повеќе од тоа. Немој ни да си помислил да продаваш нешто мое, оти волко ќе те јај.
Со други зборови ако некој се обиде да го продаде името ќе има едно големо братобиство помеѓу тие што сакаат да го продадат и тие што не сакаат да го продадат.
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Крпичките на шекерната


ШЕКЕРИНСКА - НАЈСКАПО ОБЛЕЧЕНА ЖЕНА ВО МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИКА

One million dollar baby

Па и ја да се кецам со Бобо дајнерс ќе носам така скапа облека :)
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
173
``soncata praktikuvaat demokratija`

 
Член од
14 мај 2008
Мислења
203
Поени од реакции
0
Опрел или не опрел Дамбо,во суштина досега Македонците беа перфидно изграни од МЗ и од ЕУ.Го сменија уставот,се деградираа како народ во сопствената држава,прифатија с-рамковен договор каков никаде во светот нема,сменија знаме,претопија тенкови,ја растурија сопствената армија,овозможија Косово да добие независност со тоа што го пуштија НАТО да помине и повеќе од слободно низ наша територија........но за возврат ништо не добија.Токму затоа сеуште важи мојата девиза која важи за сите партии:
-Ако ја продавате Македонија,ве молам,да ја продадете барем поскапо!
Убаво си наброја неколку работи, па само потсети се кој, кога го направил тоа!
Еднаш кога ќе ги послушаш нормално е после од тебе да бараат се и сешто...но, мора да има црвена линија..а тоа е дефинитивно името, идентитетот...но овие од СДС изгледа не мислат така..па можеби планот им да заработат доволно да можат да жиеват каде било низ светот без разлика како се викаат.!
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
За мене најприфатливо и најкоректно е да се излезе и да се каже дека никој нема мандат да го менува името на еден народ и една држава кое опстојувало со векови.Значи ни промена на устав,ни референдум,ни промена на име без разлика колку другите понуди изгледаат прифатливо.Единствена можна варијанта барем за мене е доколку се прифати било каква промена на име(само со мала додавка) тоа да се направи обострано и во ист ден со приемот на Македонија во ЕУ.Значи името доколку се сменува да се смени со еден документ и во ист ден кој ќе има обострано значење но приоритет да му се даде на актот со кој Македонија(xxx) е примена како полноправна членка во ЕУ.:toe:
Некако беше сличен договорот за пред Букурешт, ама ахајците како и секогаш не испочитуваа ништо, туку првин:

1. бараа предвреме да го смениме (за да после пак ни опнат ВЕТО); а потоа

2. бараа (кога видоа дека сме килав народ и држава до бескрајност) комплетно да смениме СВЕ! Бидејќи се раководат од онаа познатата, кick them while they're down and weak! И така и понатака прават.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Ахајци, не.

ДАНАЈЦИ , да.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Не се данајци, данајците барем бакшиши носат, хехехехехе!

Туку може и се, ама на нас, магарињата џабе е да ни носат бакшиш кобила.

Ене ја, ја имаме, се нарекува жена политичар и лидер на СДС.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom