Елевтерос Tипос: Скопjе може да го прифати името “Горна Македонија“
Името “Горна Македонија“ (Северна Македонија) е на масата на преговори меѓу Атина и Скопје, пишува во својот денешен број грчкиот весник Елевтерос Типос.
“Предлогот може да биде прифатен откако ќе се формира новата влада од македонскиот премиер, Никола Груевски“, пишува весникот повикувајќи се на сигурни извори.
Во текстот се вели дека со таа варијанта Јоргос Папандреу, лидер на опозициската ПАСОК,
стигнал на чекор од решавање на проблемот со името во јануари 2002 година, како тогашен министер за надворешни работи. Весникот напоменува дека “проблемот тогаш не беше решен поради кризата во Тетово“. Според објавеното, Груевски е подготвен да прифати составно име, со јасна географска одредница, за меѓународна употреба, но ќе настојува во спогодбата да се напомене “македонски идентитет“ и “македонски јазик“.