МАКЕДОНСКИОТ БОГ НА ВИНОТО Д И О Н (DIONYSOS)
Македонскиот бог ДИОН е богот на виното и лозарството, кој со својот дар – виното го развеселувал човековото срце, ги растерувал грижите, ги лекувал болките, давајќи му на телото здравје и напредок, во улога на спасител во духовна и телесна смисла.
Неговни редовни придружници му се: Мудриот старец СИЛЕН, САТИРИТЕ, малите богови подбуцнувачи КОБАЛИТЕ, а често и ПАН.
Затоа името на богот ДИОН ја носи пораката во себе на ТОЈ - ОН што пие и оди одн; самиот збор е двосложен составен од македонскиот глагол ДИ и личната заменка која се однесува на трето лице еднина ОН.
Во што се состои митолошката порака која ни ја упатува ДИОН?
1.
Во врска со СИЛЕН (SILENUS).
Да пиеш но умот да не си го пиеш и со тебе секогаш да биде мудроста , умот и силата на телото , затоа најчесто мудриот и СИЛЕН старец е во негова придружба.
- Клучен збор ---------именката СИЛА !
2.
Во врска со САТИРИТЕ (SATYROI).
Виното дава моќ, тој што пие мисли дека е семоќен како леопард или лав , и затоа често се ЗАДИРА , иако тром фаќа кавги, прикажан како САТИР префрлен со кожа од леопард или како јава на нив, понесен од виното со ”сила” како нив ! ”САТИРОТ” одн. ЗАДИРОТ свири, игра, гласно пее, вика, задева жени и сл. Тој често е наречен САВАТОИ што повеќе одговара на Хрватскиот и Српскиот Јазик со значење ЗАВАДИ одн. фаќа кавга. Во денешна смисла зборот САТИРА (кој и како мноштво други зборови е превземен од јазикот на Македонците и препишувачки видоизменет од страна на јазичниците), се однесува на литературно дело во кое со потсмев и безмилосна острина се ЗАДИРА и камшикува се она што не чини во општеството и кај поединецот!
- Клучен збор -------глаголот ЗАДИРА !
3.
Во врска со КОБАЛИТЕ (KOBALOI).
Да внимаваме со чашката и да не претераме со пијачката, затоа што тука редовно се малите богови - подбуцнувачи КОБАЛИ одн. преполните садови за пиење вино - КОБЛИ, на кои тешко може да им се одолее!
- Клучен збор -------именката КОБЕЛ; КОБЛИ
4.
Во врска со ПАН (PAN)
”Кој што пие дома не спие” – спие ВАН ! Односно се дружи со ПАН. ПАН не произлегува од грчкото pano, со значење – горе туку од изворната форма на македонскиот прилог за место ВАН, со значење - надвор! Затоа ПАН во подоцнежниот Латински дериват на Македонскиот Пантеон од богови ќе се наречи faun односно ФАУН што изговорно е поблиску до ВАН, а ја има истата функција како ПАН!
ПАН затоа е чест придружник и заштитник на сите кои се надвор и на отворено т.е. ВАН , на сточарите , ловците , вклучувајќи ја тука и божицата АРТЕМИДА каде со кучиња одн; Ртки ИДИ на лов!
- Клучен збор ------предлогот за место ВАН !
5.
Во врска со СЕМЕЛА (SEMELA)
СЕМЕЛА , божицата ЗЕМЕЛА кај Етрурците одн. ЗЕМЈА Кај Македонците , е мајката на ДИОН , која го раѓа со ЅЕ –” ЗЕВС ” ,
(Алегоријата се состои во тоа да виното е дар од земјата (СЕМЕЛА) и бог (ЅЕ)). СЕМЕЛА по нејзината смрт го добива името ТИОНА што изговорно се доближува до ДИОН но овде вториот дел од зборот е во трето лице еднина - ОНА , па имаме ДИ ОНА т.е. ТИОНА чие име е поврзано со нејзиното патешествие до Пиерија и ОЛИМП каде вечно ќе живее?
6.
Во врска со ЈАКХО (JAKHO)
- Постои и мистичен ДИОН наречен ЈАКХО кој е син на ЅЕ (ЗЕВС) И ДЕМЕТРА, макар да Аристофан го смета за син на ДИОН ; И овде главната врска поради кое ЈАКХО го добил името е моќта на виното кое го заЈАКнува телото !
(Клучен збор поврзан со ЈАКХО е описната именка ЈАК!)
И денес постои изворно Македонско име ЈАКО карактеристично за некои региони во Македонија!
7.
Во врска со ЗАГРЕЈ (ZAGREUS)
- Честа идентификација на ЈАКХО се прави со исто така мистичниот и хроничен ЗАГРЕЈ, синот на ЅЕ (ЗЕВС) и ПЕРСЕФОНА чие име во оригинална форма ја дава една од особините на виното по неговата употреба - ЗАГРЕВАЊЕТО!
Клучен збор за ЗАГРЕЈ ……… глаголот ЗАГРЕВА!
8.
Во врска со ПИЕРИЈА (PIERIA)
ПИЕРИЈА - Област околу ОЛИМП Составен дел на МАКЕДОНИЈА со главниот град ДИОН каде ПЕОНЦИТЕ ПИЕЛЕ вино и ги ПЕЕле ПЕАНИТЕ во слава на боговите на ОЛИМП ( Клучен збор за името на Пеонците е глаголот ПЕЕ , оттаму произлегува именката ПЕЕОН
(двосложен збор од глаголот ПЕЕ и личната заменка ОН) што означува жител на Пеонија, име кое и денес Македонците го имаат Пео; Пејо!
- Клучен збор за ПИЕРИЈА е Глаголот ПИЕ !
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=12107