- Член од
- 22 февруари 2008
- Мислења
- 1.647
- Поени од реакции
- 45
Украдени 100.000 евра од возило на “Македонски пошти“
Вооружена група рано утрово, го ограбила возилото на “Македонска пошта“ на автопатот Куманово – Скопје. Според првичните информации биле украдени околу 100.000 евра.
Како што изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски, грабежот бил извршен кај првата наплатна рампа од страна на пет вооружени лица. Според изјавата на двајцата вработени, нивното возило било пресретнато од напаѓачите. Не било употребено оружје, напажачите само ги зеле парите, клучевите од автомобилот и мобилните телефони што тие ги имале кај себе.
Полицијата веднаш по пријавувањето на случајот презела мерки. Блокирани биле сите локални патишта, но досега не е најдено возилото и напаѓачите.
Како што велат од МВР, за денешниот превоз на парите од страна на “Македонски пошти“, не било побарано асистенција од полицијата за обезбедување. Според нив крајно сомнителен е целиот случај и ќе посветат поголемо внимание и индикативно е што нема други очевидци.
Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 08.05.2008 14:00:00
Не да е сомнително, дури и очигледно аматерски делува... Па незнам веќе кој пат им е ова ? Трет, четврти пат... Нешто тука како да смрди... Што мислите Вие ?