Проблеми со авторитети?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
можеби преголемата почит кон некој со авторитет произлегува од неговата функција. меѓутоа не треба да биде тоа во кој знае колкав степен изразен, пај сега ќе се топиме пред него/неа, ќе "лижеме газови" што би се рекло.
Реков Функцијата, тој да успеал да дојде до таа функција, но и ние имаме нешто за кое тој треба да не почитува а не да гледа на нас како поданици (постојат многу примери особено во школството).
Почит да ама кон постари и кон некој што постигнал многу во животот, но почит со која ќе покажеш дека го цениш тоа што го постигнал, а не да претеруваш.

Конкретен пример може да го земам Тоше Проески, реално беше над сите останати пејачи и пејачки во Македонија. во поглед на успех, глас, посакуваност. а никогаш не летна во облаци и никогаш луѓето околу себе не престана да ѓи гледа како што ѓи гледаше на почетокот кога не беше толку славен. Сите ѓи почитуваше, сетете се само на "ВЕ САКАМ СИТЕ" и се е јасно. Беше почитуван, и тој почитуваше.
 
Сите сме луѓе.

Што толку голема фама ако он е професор а јас сум пропалица ? Јас ќе му се обракам како сакам, и никој неможе да ми противречи, па ако треба и по цена и година да губам.
 
Сите сме луѓе.

Што толку голема фама ако он е професор а јас сум пропалица ? Јас ќе му се обракам како сакам, и никој неможе да ми противречи, па ако треба и по цена и година да губам.

Епа затоа ќе си останеш само националнист и статистика, а Гоце Делчев ќе биде големиот... затоа што ги немал твоите сфаќања.
 
Лол?

Револуција?
ЧеГЕВАРА?
Лол, пак?
То се треба да се убие!

Тогаш, што треба да прави секој вработен... да не го почитува својот шеф? Нека не работи, нека го убие и нека му ја земе функцијата и парите. Ако некој друг не се сложува со него, нека земе копје и нека се борат или нека убие мамут и нека го донесе неговото крзно.

Тогаш, што треба да прави секој играч... да не го почитува својот тренер?
Да не тренира, да го убие тренерот. Да ги покори соиграчите, ако не тренираат да ги убие и нив. Повеќе чирлидерки за него.

Тогаш, што треба да прави секое дете... да не ги почитува своите родители? Нека ги убие. Тие него ќе му кажат до колку треба да останува надвор. И детето е човек.

:S
 
Почитувам Авторитет и неам фрки, а не афторитет :) од завчера!
Разлика во светлосни години има.
Авторитетот фала богу нит се купува, ниту пак се здобива за 2 дена, а што е најтрагично, ни татко ти не ти го дава со тоа што те мести на некоја позиција!
Лол, back to the roots!
А тие вторите што уште и ми персираат со што мислат дека ме спуштаат на некое најдолно ниво, ах пациенти, неизлечиво болни и со тешки комплекси, створења!
Да ти е ќеиф да ги шамараш со муабети а они уше па коа не знаат да ти вратат, уствари ти го праат филмот дека мудро молчат и не си компетентен да ти вратат со одговор Аааааа шо е тоа бе? Ретард'с - за нив важи Fuck Authority! :bip:
 
Лол?

Револуција?
ЧеГЕВАРА?
Лол, пак?
То се треба да се убие!

Тогаш, што треба да прави секој вработен... да не го почитува својот шеф? Нека не работи, нека го убие и нека му ја земе функцијата и парите. Ако некој друг не се сложува со него, нека земе копје и нека се борат или нека убие мамут и нека го донесе неговото крзно.

Тогаш, што треба да прави секој играч... да не го почитува својот тренер?
Да не тренира, да го убие тренерот. Да ги покори соиграчите, ако не тренираат да ги убие и нив. Повеќе чирлидерки за него.

Тогаш, што треба да прави секое дете... да не ги почитува своите родители? Нека ги убие. Тие него ќе му кажат до колку треба да останува надвор. И детето е човек.

:S
Е така. Одличен пет. :pipi:

Не може да викате дека не признавате авторитет и дека не им се покорувате на луѓе што се на (повисока) функција (од вас), што значи имаат моќ над вас и можат да ве смачкаат со малото прсте, ако не им ја оддадете должната авторитетска почит.
Да ве видам дали некој од вас ќе си го задржи работното место ако стварно постапувате како што зборите тука. Да не му зборите на шефот на работа: „Шо е бе копук, ти мене ќе ми се прајш газда!“. Не, нормално. Наместо тоа му викате: „Во ред директоре, работата ќе биде завршена брзо. “, додека потајно сакате да му ја забиете хефталицата у глава.

Или дали некој од вас непочитувачите на авторитети ќе заврши некогаш факултет ако се однесува како му текне. Камо да можев да и речам на мојана неписмена: „Професорке, кој кур вработил неспособна жена како вас да предава предмет што не знае ни да го прочита од текст, побогу?!“ Ама, нееее. Мене ми треба оцена од таа жена, зошто е над мене (и покрај политиката „сите сме еднакви на факултет и затоа се нарекуваме колеги :icon_roll ), зошто може никогаш да не завршам факс поради таа жена и да си ја ебам иднината.

Сите „почитуваме“ авторитети. Само што тоа во наводно почитување не се работи воопшто за почит, туку за еден вид на стравопочит: улизувањето. Знаеш дека зависиш од авторитетот и дека си инфериорен во однос на него, па ќе си ќутиш, ќе глумиш фин/а и ќе климаш со главата.

Ти по дома пак не признавај авторитети. И ја не ги признавам кога не ми се во близина. :uvo:
 
Тоа што пред вас стои човек кој е на некое повисоко ниво по општествен статус не значи дека треба да ви го стресе гласот, задолжително да му персирате, дури и во крајности да заглавите во толкава љубезност на однесување која што е далеку од она што вие сте и од вашиот стил на однесување.
Навистина не можам да ги сватам оние кои знаат така "умешно" да се топат во среќа, да цимолат,да пелтечат...... озарени и воодушевени што ја имаат таа чест да се во комуникација со така "важни" луѓе....
Па и тие се така обични луѓе , кои ги прават истите грешки, имаат 300 пропусти во своето работење но ете така, по сплет на околности се нашле на таа позиција на која што се....

Спаѓате во персирачите, природни сте или пак спаѓате во оние сосема спротивните кои имаат проблеми со авторитетите?
Што мислите зошто е тоа така, во кој лежи проблемот во вас или во нив?
Спаѓам во персирачите и тоа ми доаѓа природно. Истото воопшто не го сметам за проблем, па да морам да барам кај кого лежи истиот.
Кога разговарам со повозрасен човек, неможам а да не му се обраќам со почит и да го персирам пред се`. Тоа го правам дури и со блиски луѓе, со кои се гледам често. Значи со самото тоа што имаат поголем животен стаж од мене, заслужуваат да ги почитувам. Понатаму, зависи од тоа како тие се однесуваат со мене, иако и на поарогантно однесување, секогаш враќам културно и со доза разбирање.
Кога станува збор за претпоставени на работа, кога сум ги имала, крајно сум ги почитувала и на работно место и надвор од истото. Не сум можела поинаку да се поставам, кога биле со нешто над мене. Не знам како понаку да се однесувам всушност.
Сега кога јас сум претпоставена, нејќам никој да ми прави посебни почести или да ми се лиже поради истото. Барам секој да се однесува со мене, така како што јас се однесувам со него.
Во школските денови сум била миленичка на професорите поради мојата крајна култура и почит. Не сум можела да се спротивставам на професор на арогантен начин. Кога сум сметала дека со нешто ми згрешил и тогаш сум наоѓала начини културно да се обратам, затоа што тој не ми бил врсник или сељак од улица за да не го сметам за авторитет.
Тоа ми останало, така сум воспитана, па и општо во секојдневен живот, со сите непознати и помалку познати луѓе се однесувам исто и знам да премолчам доколку со нешто не се сложувам или ме навредиле. Доколку некој се спушти на тоа ниво да си го посрамоти својот авторитет, јас немам потреба да му се придружам.
Значи не се лижам никому и за ништо, но почитувам и кон секого се обраќам како што ми налага мојата свест и култура.

Сите сме луѓе.

Што толку голема фама ако он е професор а јас сум пропалица ? Јас ќе му се обракам како сакам, и никој неможе да ми противречи, па ако треба и по цена и година да губам.
Кога ќе размислам, конкретно професорите понекогаш се такви какви што се поради вакви деца кои незнаат да почитуваат ништо. Од овој мубает јасно е каков ученик си ти, па што очекуваш? Ти да си му авторитет на професорот, наместо тој тебе?:uvo:
 
Pocituvam avtoriteti i nikogas ne mi pretstavuvalo problem problem toa.Mislam deka presudna uloga za ova ima vospitanieto.Duri i koga sum bila vo konatkt so luge sto po moe mislenje ne bile dostojni za nicija pocit,sum bila krajno pristojna,vozdrzanai korektna.So avtoriteti nikogas ne sum se odnsuvala drsko i nepristojno,oti mislam deka so toa samo bi se spustila uste podolu otkolku sto sum.
Od druga strana, ne idealiziram nikogo i ne sum se lizela nikomu za na takov nacin da sobiram poeni.I na uciliste i na rabota sekogas sum prezirala lizaci.Ako treba ke vlozam iljada pati pogolem trud i podolgo vreme za da postignam nesto,no ne mozam da funkcioniram taka.Ne sum skroena za toa,a mislam deka ne e nesto sto moze da se nauci.Ustvari i da moze,ne sakam da naucam.:smir:
 
Немам проблем со авторитети, затоа што ги почитувам. Не ласкам, не се смешкам, не се улизувам. Но, се однесувам со почит и на начин на кој што доликува. Сепак, моето мислење секогаш си го искажувам без разлика на пример какво е мислењето на професорот. Се имам и спротиставувано на асистент, на професор - но сето тоа било културно и во рамките на нормалното дебатирање и разменување мислења.
Ако не за друго, ги почитувам заради искуството.
Да, има искомплексирани, сум запознала многу искомплексирани професори - но, како и да е, се однесувам со почит, но не дозволувам ниту пак да ме навредуваат.
Си се држам до моето.
 
Кога ќе размислам, конкретно професорите понекогаш се такви какви што се поради вакви деца кои незнаат да почитуваат ништо. Од овој мубает јасно е каков ученик си ти, па што очекуваш? Ти да си му авторитет на професорот, наместо тој тебе?:uvo:

Извини али нема да дозволам некој да ме прави магаре, пропалица, и ред други работи, а јас да молчам и да гледам во некоја точка во земјата. Ги има многу такви што незнаат да се спротистават на професор, зошто можеле да загазат.

Епа јас не сум таков, некој кога ме навредува и јас навредувам без разлика дали е професор, или директор.
 
Ако некој ми е претпоставен не значи дека по дефолт треба да биде почитуван,тоа се заслужува.Почит за луѓе кои со дела се докажале и кои останале луѓе каде и да се во општествениот поредок,а такви се многу малку.А за оние другите дудлачи,лижачи,кодоши,такви имало и ке има,они не се криви.Криви се оние што ги слушаат и што ги охрабруваат.Сум имал претпоставени кои се опкружувале со дудлачи а сум имал и претпоставени кои на клоци ваделе од канцеларија некој што дошол да кодоши.Навише нервира тоа што сите тие дудлачи скоро секогаш се најнеспособните а секогаш најлесно си поминуваат додека другите скапуваат од работа.
 
Знам на што мислиш ама на тоа да не се нервираш зошто секогаш ќе го има и нема да може да престане. Затоа ти глеј успеј си на свој начин без кодошење и слично колку да си докажеш на себе си дека можеш и со кодоши и со некој авторитет што не го почитуваш и слично веруј ми голема сатисфакција е. Ова од искуство
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom