Пливање (помош, прашања, совети, новости)

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Нов пливачки рекорд на 50 метри градно

Бразилецот Фелипе Франка постави нов светски рекорд на 50 метри градно на пливачкиот митинг во Рио де Жанеиро.
Неговиот резултат 26.89 е прв во историјата под 27 секунди во оваа дисциплина.
Со него Франка го поправи најдоброто досегашно време на Јужноафриканецот Ван ден Бург од пред 20-тина дена.
Франка е прв Бразилец со светски пливачки рекорд по 27 години.

Извор: А1.

Ете, срушена е уште една граница, 50 градно се исплива за помалку од 27 секунди. Уште еден доказ дека човековото тело не познава граници.
 
Јас се извинувам ако веќе претходно е кажано на темава, не проверив.

Дали во Скопјево има така некој солиден базен, чисто за рекреација да се иде? Кога велам солиден, пред се мислам на чиста вода... да не закачам некои инфекции или слично. Знам во хотел Плаза имаше минатата година, ама месечна членарина мислам дека беше околу 150 евра, не ме држете за збор.
 
За инфекции ни во Карпош ни на Олимписки нема да фатиш, јас пливам цел живот, ниту алергија ми излегла ниту инфекција некоја сум фатила. Ставаат многу хлор, дома кога ќе ги соблечам алиштата, бели се одвнатре од хлор. Проблемот е со греењето на водата, не знам колку ти одговара толку малку згреаната вода затоа што за пливачите мора да е нешто поладна отколку вообичаено, затоа што ќе прегрееме.
Работат и Карпош и Олимписки, можеш да одиш каде сакаш :)
 
Фала за одговорот :smir:, баш ке проверам каква е ситуацијата со овие два базени. Како што реков, мене ми треба онака за 2-3 пати неделно, чисто за рекреација.

Ако можеш уште да ми кажеш работно време и цена за влез или месечно?
 
Хм, за рекреативци не знам ништо, затоа што од утре е летна сезона, моите тренинзи ќе се преместат отсабајле само или па на Олимписки попладне од 5 до 6 и пол ќе делиме базен со рекреативците, ама ништо не е сигурно, не знам ни билети колку се, менуваат многу често, ептен е лоша организацијата, за жал :(
 
raboti i voen bazen i ima impresivni uslovi i za rekreacija i za trening , kamo da bea site bazeni vo takva sostojba.
 
Ај бидејќи нема посебна тема за Ватерполо освен репрезентативната би сакал да потенцирам дека денес официјално по пауза од три години продолжува ватерполо лигата.

Денеска во базенот „Бисер“ во Скопје, по пауза од три години, повторно ќе профункционира македонската ватерполо-лига, јави Нова Македонија.

На првенството ќе настапат следниве пет клуба: Динамо, Локомотива, Бисер, 18. Август и Младост. Ова, меѓу другото, беше речено на вчерашниот прес на Иницијативниот одбор за возобновување на Македонската ватерполо-лига, на кој присуствуваа познатите ватерполо-стручњаци Боро Стефановски, Димитар Дуковски, Димитар Ивановски и Александар Радиќ.

„Идејата за обновување на лигата произлезе од фактот што ватерполото во Македонија е дојдено до самото дно, а да не заборавиме дека пред 10 години Македонија испрати своја репрезентација на Б-Европското првенство со македонски играчи. Не сум против странски играчи во репрезентацијата, но барем неколку да играат во домашното првенство. Лигата ќе биде финансирана од самите клубови“, истакна Дуковски.

Во план на одборот е и организирање на меморијалните турнири „Слободан Муљановски“ и „Миле Пеповски“.

„Состојбата во домашното ватерполо е алармантна, практично не функционира ниедно тело, жиро-сметката е блокирана, а нема ни каде да се обратиме“, вели Боро Стефановски.

Првото коло од првенството се игра денеска, а се среќаваат: Бисер - Младост (17 ч.) и Динамо - Локомотива (19.30 ч.). Слободна е екипата на 18. Август.

„Не може 200 млади ватерполисти да бидат заложници на желбите на некои родителите чии деца се во репрезентацијата, а имаат многу слаб квалитет. Затоа ги повикувам сите заинтересирани клубови да ни се придружат во оваа лига, која ќе се игра трикружно преку целото лето“, рече Радиќ.

Пулејковски: ПФМ уште во април испрати барање до сите клубови

„Пливачката федерација на Македонија (ПФМ) во април достави официјално барање до сите заинтересирани клубови во своите категории, кои се заинтересирани да учествуваат во домашното првенство и покрај Работнички и Орки да се пријават. Не одговорија, од причини што мене не ми се познати. Сепак, ако толку сакаат да играат, при крајот на август Федерацијата е подготвена да организира домашно првенство, но сите клубови треба да знаат дека тоа има свои критериуми, по кои треба и да се придржуваат“, рече генералниот секретар на ПФМ, Стефан Пулејковски.
 
Знае некој колку пари е месечно на Олимписки или Карпош базенот?
 
Обожавам пливање...Секој ден одам на базен од сабајле пошо покасно многу гужва е. од 7ипол до 11 цело време и после цел ден топ ми е :)
 
Здраво, веќе година дена се занимавам со пливање... што мислите за пливањето како спорт, дали е добар спорт?
 
Мене ми е многу топ спорт...иам идено 2-3 пати,ни даваше пливање напред-назад,на грб,и такви некои основни работи...иам мерак ептен :D
 
Спортот над спортовите. :) има веќе ваква тема, ќе ја спојам.
 
Бидерман ќе растури на ЛОИ.

Sent from my HTC EVO 3D X515m using Tapatalk 2
 
Како сте задоволни од базенот во Борис Трајковски? Сте биле ли деновиве?
Сакам да појдам навечер, од 21 часот, па ме интересира дали има многу гужва, или не?
Секако, картата е 200 + капа 300. Се надевам вреди за парите.
Месечна (ако некого го интересира) е 2700 денари.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom