Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
Tи ја споив темата со основната за Пливање. Друг пат побарај малку =).
Во врска со прашањето. Имаш неколку пливачки клубови во градов кои имаат тренинзи и во базенот Младост во Карпош и на Олимписки во Центар.
Вардар, Студент, Акватик и Бисер имаат тренинзи на Олимписки, а Работнички, Младост и други помали клубови сега настанати имаат тренинзи во Младост, макар што е ова релативно, затоа што од ден на ден се` се менува.
Запиши се во кој клуб сакаш, нема некоја голема разлика, макар што во Студент би ти било подобро. Ќе имаш тренинзи 3 или 4 пати неделно, па потоа ако сакаш уште да пливаш ќе имаш секој ден освен понеделник. Само, немој да очекуваш да набиеш кондиција или да се спремиш добро за натпревар, затоа што на Олимписки пливаме во малиот базен, и се пикаме по 10 души во стаза. Се случува првиот што тргнал со пливање веќе да стигне, да направи еден круг, а уште последниот да не тргнал. Па буткање, па голтање вода па што не.
Водата е хлорирана до максимално ниво, така што ќе мораш да си купиш наочари за пливање ако не сакаш после да имаш силни болки во очите и да се тушираш на базен по тренингот, затоа што кога ќе се вратиш дома и ќе се пресоблечеш облеката ќе ти биде бела одвнатре.
Во врска со греењето, има греење, малиот базен на Олимписки(затоа што во него тренираме) е како сауна. Мал просторот, греењето вклучено и водата е претопла што дури ни пречи на нас пливачите. Од што испарува водата, се создава пареа и се прави магла, па од едната страна кога ќе погледнам кон другиот дел на базенот не си го гледам тренерот. Како во некој хорор филм.
Ќе ти требаат и влечки, за од соблекувална до базен, бањарка/пешкир, купаќи нормално(избегавај да носиш шорцеви, тие не се за пливање, за чалам се), наочари и капа ако имаш подолга коса.
Членарината кај различни клубови е различна, сега не знам баш колку е, но се движи од 800-1500 денари. Варира околу желбата на ПФМ колку пари да ги украде клубовите за киријата што го користат базенот + греењето.
Пливањето е најубавиот спорт, запиши се, нема да зажалиш, само што кај нас е неорганизирано и трагикомично.