Пливање(од историја до давање на прва помош)
Пливање
Инспирирана од многуте прашања на мсн/скајп/ICQ/друштвени разговори, кои ја отсликуваат нестручноста на поединци во врска со овој спорт, како и да додадам неколку корисни совети, ја отворам посебно темава за да го објаснам пливањето како спорт и како вештина, погодна за секој момент, дали за рекреација, професионално занимавање(мада во оваа земја тоа не постоиJ) или па за не дај Боже најважното, помош при давење на личност во водена површина.
1. Општо за пливањето
Сите знаеме дека пливањето е вештина која му е потребна на човекот. Се изведува со движење на сите можни мускули во телото, па затоа повеќемина ја сметаат и за најтешка вештина и спорт воедно. Се смета дека прв народ што почнал да плива биле Англичаните, за што говори фактот дека кај нив се појавиле и првите базени, при што градот Ливерпул(LiverPOOL) го добил своето име.
2. Пливањето како спорт
Професионалното пливање се појавило во 19-от век.
Целта на пливањето е да се совлада одередена далечина за најкраток можен временски период. Постојат 13 дисциплини и во машка и во женска конкуренција кои се пливаат на сите можни планетарни и континентални собири, но исклучок се Олимпискоте Игри, каде дисциплината 1500 слободно ја нема во женска конкуренција. Официјалните резултати се сметаат во 50 метарски базен, кој е практикуван на Олимпијадата, но дозволено е да се плива и во 25 метарски базени. Професионалното пливање како спорт е под закрила на FINA (Federacion Internationale de Natation), чиј моментален претседател е Густав Лакроа.
Наредно : Пливачки дисциплини и правила, давање на прва помош при давење, итн.