- Член од
- 5 мај 2005
- Мислења
- 4.454
- Поени од реакции
- 178
Не бе Рамиз, предавници и квази патриоти сме сите ние како народ кој не е вмешан во политиката и што сакаме да ни се вика државата Македонија како што се вика со векови. Ај ти не треси глупости.
Глупости тресам? Знаеш што е глупост за мене? Што самиот момент дека ПОСТОЈАТ преговори за име, македонците се предавници (генелизирам со причина).
Зашто јас не преговарам за мое име? Боли ме милојко како ме викаш, јас тој сум, немам што да преговарам. Е кога владата ќе има таков став, ќе бидат патриоти во моите очи. Се додека се кријат позади завеси, на некои си тајни состаноци, си кројат некои си нивни планови, пропагираат ИМЕ НЕ ДАВАМЕ, а СЕПАК ПРЕГОВАРААТ!!! Тие за мене никогаш нема да бидат патриоти. Така да, ДА, за мене се квази патриоти, тие што преговаараат. Преговор, на нашки, сељачки би значело ценкање....ИМЕ НЕ Е ЗА ЦЕНКАЊЕ. Тоа друже е мојот став, сето ова што ти го браниш, а мислиш дека јас го напаѓам, е пропаганда.
Нема братски ништо во ставов, ниту ќе има некогаш нешто братски во моите ставови.
Тргнувајќи од квази патриоти форумски, кои се за бранење на името, а си го прчат дома, па преку патриоти (со или без загради) кои што сакаат чиста етничка Македонија, сонуваат за соединување на Македонија, а ги обвинуваат албанците што ист таков план реализираат, па патриоти од типот кои што обвинуваат албанци дека сакаат соживот а македонците душички мирни, тепаат албанци на протески дека наводно истакнале албанско знаме, како изговор, па тука се и патриотите кои пропагираат цврст став околу името, колку тие демек нема да мењаат ништо, а сепак се ценкаат, па преку таквите кои гледаат европска иднина за Македонија, по цена на некоја вила на некое крајбрежје, па преку....
Море преку таквото, многу ги има...Патриоти на куп....а преговорите траат.
Тоа е мојот став чоече...али јбг, тропам глупости нели?
Среќа што ја сум тој што тропа глупости, па паметните решаваат за мојата иднина (или наша, сејм шит). Замисли ја со глупостиве да ги водев преговорите кои глупости би ги тресел. Упс, сори, албанците не смеат да бидат преговарачи на името, дека тоа е македонско, иако живеат во истата таа држава.
Така да, на албанците не им останува ништо освен да тропаат глупости, дали вака отворено ко мене на форум, или да пишуваат нивно мислење во вид на колумни како авторот, колку да имаат македонските патриоти кон кого да посочат со прст.
Со среќа со мудростите..
