Стратегија за распад на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Fruity Girl
  • Време на започнување Време на започнување
Таа групата на времето лева патика ли како се викаше, епа едниот од нив е албанец, син на тој починатиот Вулнет :) Газда на Корнер. Гет ит?:P

Иначе јас албанците не ги делам на муслимани и католици и будисти. Сите се за мене албанци. Македонците се тие кои што прават верски поделби. Со христијаните се поблиски, без разлика на националност, а муслиманите ги отфрлија, ги понижија, ги деградираа, па макар и македонци биле по националност.
 
Колку и да не му одговара на некој, албанците во македонија СЕ македонци со албанско потекло. Се додека некој не прави малцинство во сопствена држава...

Кажи ми ти сега мене, кога твојата држава, те потценува, не те вреднува, ти прави посебни графи...ти ќе ја сакаш таа држава? Искрено и отворено одговори, мушки што би се рекло.

Што има мушки да ти одговарам, процентот на вработени членови на семејството кај Албанците е далеку поголем одколку кај Македонците.

И сепак со сила ви даваат работни места и се молиме сите на бога некој неук да не усере нешто.
Треба нели графите да ги постирам на форум кога сите знаеме како е.

Има една разлика која треба и ти и вие во множина албанците да ја сфатите, поради една политичка структура која владееше изминативе 50 години голем дел “непривилегирани“ Македонци делеа потполно иста ако не и полоша судбина од вас албанците во Македонија за кои исто така важеа разни графи и дискредитирања.
 
rymz, го цитирав, али по грешка ми се избришало нешто па останал само коментарот. Мислев на ова:
Интересно е што најголеми поборници за отфрлање какви било промени во името на државата се токму просрпските инсталации во Македонија. Нивната девиза гласи „не смееме ниту една буква да смениме од нашето вековно име, оти македонската нација би го загубила сопствениот идентитет“. Српскиот линк не е далеку ни од владините кругови, кои во име на „патриотизмот“ ја реализираат грчко-српската долгорочна агенда. Без дилема, тука станува збор за многу силна мамка, која лесно се голтнува. Таквите „патриотски“ сили многу се плашат од можните решенија на проблемот, оти со тоа Македонија би се ослободила од опасната стапица и туѓата агенда би била мртва.
Kaков српски линк, какви просрпски инсталации, какви бакрачи тропа овој. Секој нормален Македонец знае што значи "решение за името". Многу лошо и безобразно игра во колумнава, реков - ги гнаси нашите национални чувства. Не прави будали што се спротиставуваме на наметнатата фашистичка политика на Грција.
 
Ај цитирај каде тоа АВТОРОТ порачува промена на името...баш ме интересира.. :)

Не си и не сме глупи или неписмени!

Не е случајно што Американците со сите сили притискаат да се најде решение за името, за да ја турнат Македонија во посигурни безбедносни води, со што би се отворила и реалната перспектива за нејзиниот брз развој.
Таквата грчко-српска долгорочна стратегија не е без поддршка и внатре во Македонија.
Интересно е што најголеми поборници за отфрлање какви било промени во името на државата се токму просрпските инсталации во Македонија.
Нивната девиза гласи „не смееме ниту една буква да смениме од нашето вековно име, оти македонската нација би го загубила сопствениот идентитет“.
Српскиот линк не е далеку ни од владините кругови, кои во име на „патриотизмот“ ја реализираат грчко-српската долгорочна агенда. Без дилема, тука станува збор за многу силна мамка, која лесно се голтнува. Таквите „патриотски“ сили многу се плашат од можните решенија на проблемот, оти со тоа Македонија би се ослободила од опасната стапица и туѓата агенда би била мртва.
 
Се сложувам, ама па таа политичка структура и ден денеска владее, и донесува закони. Без разлика дали и македонците патат од тоа. Албанците си го кажаа своето. ДОСТА. Би ми било мило и македонците да си кажат доста. Напротив цело време истите се ротираат, сите страдаме, на купче.

И порано напишав, јас лично немам ништо против македонскиот народ. Ниту било кога ќе имам. Искрен сум кон тие што ме познаваат и ми се блиски, исто така и се поставени кон мене. Истиот став го имам, и сите го поздравуваат и се сложуваат.
Кажете доста. Станете, бунете се. Албанците ќе ви се придружат. Ама не да ги тепате после со изговор дека носеле знаме наводно.

Албанците биле покрај македонците во многу наврати. Така и ќе остане, доколку има потреба. Доколку ги примите.
 
Мистик, јас пак другше го читам постот...

Значи, не случајно Американците упорно сакаат решение на името. Што значи тоа. Грците по секоја цена сакаат промена на името. Значи за да има решение за името, тоа што Американците го сакаат, треба да се промени името. Тоа сакаат Американците. Промена на името, од ФИРОМ во нешто друго, што нормално не би го загрозило идентитетот на Македонците. Грците со второво претеруваат. Американците се огорчени.

Немој Брат да мислиш дека американците го бранат ставот името да остане Р. Македонија. НЕ!

Мистик, најголемите поборници за зачувување на името се тие истите кои што го продадоа истото име. Сега јасно ти е малце? Исто така и во владиниот круг, де факто дека повеќе им помагаат на грците отколку самите себеси. Во моменти на решителност, ние прогласуваме вонредни избори заради личен интерес. Ебаве политиката. Тоа иде во грчка полза, не наша. Дали свесно, или несвесно, ја не знам. Авторов изгледа знае, чим коментира.

Уште еднаш...каде читате личен став на авторот околу прашањето на името што толку огорчено го напаѓате? Тој дава став околу предавството на другите.

Е сега БРАТ, знам дека не сум, и дека не си неписмен, прочитај ја пак колумнава сеа од друга призма...
 
Мистик, јас пак другше го читам постот...
Го читаш како што ти одговара.

Мистик, најголемите поборници за зачувување на името се тие истите кои што го продадоа истото име.
Не би рекол, тие кои тогаш го продадоа и сега се за продажба, продажба под итно, по секоја цена, само за "да се најдело решение". Си заборавил кој беше тогаш во улога на трговец.

Ама тоа е најмалку битно, битно е дека секој нормален без разлика на партија и националност знае што е фашистишка политика. Со зорле да те тера некој да менуваш име, идентитет... Ненормалните ја поддржуваат таквата политика, преку колумнички, нарачани.
 
Знам кој беше трговец. Исто така знам дека трговецот беше единствениот кој излезе после самитот во Букурешт и кажа тоа тоа и тоа, а Гвујо ќутеше (дали мудро?). Истиот трговец го гледам на ТВ како мава груда не мењаме име. Така да, дали би мењал пак, не се сомневам воопшто. Ставот кон јавноста му е концизен. Не мењаме. Тоа, за авторот е српскиот линк.

Точно, кој како сака си го чита, како му одговара. Ти огорчен од проблематикава со името, го читаш негативно. Запали цигара две.
 
Мистик, јас пак другше го читам постот...

Значи, не случајно Американците упорно сакаат решение на името. Што значи тоа. Грците по секоја цена сакаат промена на името. Значи за да има решение за името, тоа што Американците го сакаат, треба да се промени името. Тоа сакаат Американците. Промена на името, од ФИРОМ во нешто друго, што нормално не би го загрозило идентитетот на Македонците. Грците со второво претеруваат. Американците се огорчени.

Немој Брат да мислиш дека американците го бранат ставот името да остане Р. Македонија. НЕ!

Мистик, најголемите поборници за зачувување на името се тие истите кои што го продадоа истото име. Сега јасно ти е малце? Исто така и во владиниот круг, де факто дека повеќе им помагаат на грците отколку самите себеси. Во моменти на решителност, ние прогласуваме вонредни избори заради личен интерес. Ебаве политиката. Тоа иде во грчка полза, не наша. Дали свесно, или несвесно, ја не знам. Авторов изгледа знае, чим коментира.

Уште еднаш...каде читате личен став на авторот околу прашањето на името што толку огорчено го напаѓате? Тој дава став околу предавството на другите.

Е сега БРАТ, знам дека не сум, и дека не си неписмен, прочитај ја пак колумнава сеа од друга призма..
.

Ја прочитав,споредив и сепак останувам на својот став.
Ти образложив веќе претходно зашто.
 
Ти огорчен од проблематикава со името, го читаш негативно. Запали цигара две.
A ти по братска линија го читаш братски. Затоа ти паше, братот е секогаш во право. Проклета реалност.

Запалив, втора кутија денес.
 
Полека римз не се крсти толку многу во однос на името и американците. И јас имав малку премногу верба во тоа ама по еден муабет со колега тука во германија тој малку подобро ми пјасни како функционира не само нато туку у еу во однос на односите на членките. Имено Тие функционираат на консензус и тој консензус е ултимативниот принцип. Со други зборови америка неможе да ги притисне грците и да им рече мора да го прифатите тој предлог и тоа да им биде казна бидејќи грците им го вртат грбот на американците. Тоа значи дека дури не попушти грција американците неможат ништо да направат бидејќи ако ако ги притиснат грците да се сложат со некое решение колку и да било штетно и да било за нас, а да не им се допаѓа на грците, се руши ултимативниот принцип односно консезусот бидејќи грција пак ќе каже дека ние иридентистички се однесуваме и пак да не се согласуваат со влез во НАТО, бидејќи според нив ние нема да се однесуваме иридентистички само ако направиме се како што тие ќе издиктираат. И затоа Америка сега е само во положба да ги држи преговорите актуелни бидејќи тие се симбол дека има добра воља од двете страни и ништо повеќе. Е сега бидејќи ја немаат веќе таа стратешка важност како кога биле првпат примени во НАТО а почнуваат отворено да соработуваат со првиот ривал односно русија, единствено што би можело да се случи да поради тоа членството на грција биде ставено во мирување или сл. поради анти-НАТО политика и тој момент да се искористи за влез на македонија во НАТО без притоа да мора да биде решен проблемот со името. А дотогаш сите ќе се држат до принципот консензус бидејќи секое нарушување на тој консензус значи распад на НАТО.
 
A ти по братска линија го читаш братски. Затоа ти паше, братот е секогаш во право. Проклета реалност.

Запалив, втора кутија денес.

Не, нема врска, мојот став е сосема поразличен од сите досегашни што го дрват, па макар и овој. Само братски реагирам на тоа дека некој го етикетира типов дека пропагира промена на име. Типов само напаѓа и едните и другите, со некои негови мислења. Негов став личен, нема на колумнава. Тоа да, на тоа етикетирање реагирав братски. Иначе за името и колумната ин џенерал јок. Боли ме милојко за политичариве кај нас. И едните и другите ќе не предадат на крај :)
 
Значи, не случајно Американците упорно сакаат решение на името. Што значи тоа. Грците по секоја цена сакаат промена на името. Значи за да има решение за името, тоа што Американците го сакаат, треба да се промени името. Тоа сакаат Американците. Промена на името, од ФИРОМ во нешто друго, што нормално не би го загрозило идентитетот на Македонците. Грците со второво претеруваат. Американците се огорчени.

Немој Брат да мислиш дека американците го бранат ставот името да остане Р. Македонија. НЕ!

Полека римз не се крсти толку многу во однос на името и американците. И јас имав малку премногу верба во тоа ама по еден муабет со колега тука во германија тој малку подобро ми пјасни како функционира не само нато туку у еу во однос на односите на членките. Имено Тие функционираат на консензус и тој консензус е ултимативниот принцип. Со други зборови америка неможе да ги притисне грците и да им рече мора да го прифатите тој предлог и тоа да им биде казна бидејќи грците им го вртат грбот на американците. Тоа значи дека дури не попушти грција американците неможат ништо да направат бидејќи ако ако ги притиснат грците да се сложат со некое решение колку и да било штетно и да било за нас, а да не им се допаѓа на грците, се руши ултимативниот принцип односно консезусот бидејќи грција пак ќе каже дека ние иридентистички се однесуваме и пак да не се согласуваат со влез во НАТО, бидејќи според нив ние нема да се однесуваме иридентистички само ако направиме се како што тие ќе издиктираат. И затоа Америка сега е само во положба да ги држи преговорите актуелни бидејќи тие се симбол дека има добра воља од двете страни и ништо повеќе. Е сега бидејќи ја немаат веќе таа стратешка важност како кога биле првпат примени во НАТО а почнуваат отворено да соработуваат со првиот ривал односно русија, единствено што би можело да се случи да поради тоа членството на грција биде ставено во мирување или сл. поради анти-НАТО политика и тој момент да се искористи за влез на македонија во НАТО без притоа да мора да биде решен проблемот со името. А дотогаш сите ќе се држат до принципот консензус бидејќи секое нарушување на тој консензус значи распад на НАТО.

Истото го кажав баци, истото. Ете ти болдирано. Јасен ми е консензусот. Дискутирано ми е анализирано и дебатирано со саати :) Таа е реалноста. Останува само да видиме кој ќе не предаде.
 
Ја реагирам подеднакво со исто гадење на сите кои заговараат промена. А во колумнава го гледам токму тоа. Пораката е таа - демек не бидете жртви на инсталираните српски линкови (тука секој кој има чисти патриотски мисли би требало да се почувствува демек го возат Србите), и сменете си го името за Гешшшовски да може да иде на море во Грчшшшка.
 
Истото го кажав баци, истото. Ете ти болдирано. Јасен ми е консензусот. Дискутирано ми е анализирано и дебатирано со саати :) Таа е реалноста. Останува само да видиме кој ќе не предаде.

римз според ова што го објаснив остануваат 2 алтернативи или тотално да се откажеме од нашиот идентитет што всушност го сакаат грците и ги злоупотребуваат принципите на НАТО за тоа што само тие го сакаат што верувај ми дури и да излезе некој политичар да каже јавно дека ќе направи се што грците ќе кажат за да влеземе во нато, ќе биде симнат од народот и само ќе се создаде политичка криза а на власт ќе дојде само тој што ќе го поништи тоа што претходниот го кажал. втората алтернатива е да држиме статус кво додека грција дефинитивно не ги премине сите граници на трпеливост што ги имаат сите останати членки на НАТО па сите членки едногласно ја стават грција во мирување. Разликата е во тоа што во првата варијанта само неколку политичари ќе отидат јабана и пак ќе се врати на втората алтернатива.
Во основа има и други две алтернативи а тоа се или грција да се распадне а со неа и ветото и проблемот што го имаат со нашето име што иако ќе значи ново дестабилизирање на балканот сепак има некои индикации дека можеби и е можно вакво сценарио или да се изврши геноцид на Македонците што не е возможно. Како и да е при секоја од овие две последни алтернативи ќе се создаде нова балканска војна во најмала рака или уште полошо светска војна.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom