Најдобрите животни услови во десетте најбогати земји во светот
Најдобрите животни услови во десетте најбогати земји во светот
Најдобро се живее во скандинавските земји
Финска, Данска, Исланд, Норвешка, Шведска и Холандија се земјите во кои е најдобро да се живее. Тие имаат најразвиен образовен, здравствен и пензиски систем и силен приватен сектор што работи без никаква помош од властите
Неделникот Њузвик (Newsweek) објави листа на 10 топ-земји во кои денес вреди да се живее, кои најмногу му одговараат на современиот човек и на неговите животни потреби. Првото место го делат скандинавските земји - Финска, Данска, Исланд, Норвешка, Шведска. Денес таму најдобро се живее. Причината зошто овие земји се на врвот е тоа што тие донесоа три историски одлуки – на прво место го поставија развојот на образовниот и здраствениот сектор, на второ грижата кон граѓаните кои се осигурани со пензиски, јавни, здравствени и образовни услуги. На трето место - изградија силен приватен сектор од кој се родија фирмите како Ериксон и Нокиа, кои постигнаа светски успех без влијание и помош од владата, кои и онака не ја толерираат корумпираноста.
Давај и ќе ти се врати
Во Холандија секој жител годишно издвојува 208 долари за помош на жителите на неразвиените земји, што ја прави оваа земја најдарежлива на светот. Нејзината политика се темели на совршената рамнотежа “давај и ќе ти се врати”. Се разбира, холандските мотиви не се само алтруистички. Резултатите од комбинацијата на добрата волја и високата заработувачка, наскоро ќе се согледа во многу добар профит од земјите во развој, кои од неа имаат добиено бројни кредити и & ги отворија своите пазари.
Берлин – рај за уметниците
Финска е земја во која навистина се исплатува да се студира или дообразува. Професорите, чија најмала титула е магистер, сами во договор со студентите бираат литература и имаат потполна слобода во работната методика. Студентите не го плаќаат студирањето и околу 65% од нив магистрираат. Повеќето факултети од државата месечно добиваат по 6.000 евра за тековни трошоци.
Кога станува збор за социјалната еднаквост, ниту една друга земја не ги држи своите жители на речиси исто социјално-економско ниво, како што тоа го прави Данска. Со многу ниска стапка на невработеност (5,9%) и многу мала разлика помеѓу најбогатите и најсиромашните, Данска е една од првите три најнекорумпирани држави на светот.
Рај за уметниците и креативците од сите националности, раси и вероисповест моментално е Германија, или поточно Берлин. Овој град според Њузвик е прогласен за нај-град на културата. Градот во кој уметноста ја победи трговијата со своите и меѓународните уметници, овозможува голем број бесплатни простори за творештво и културни проекти.
Берлин е мека за странските уметници и заради многу ниските животни трошоци, но и заради менталитетот на луѓето кои ја ценат уметноста пред сe според нејзиниот квалитет, а не според нејзината материјална добивка.
Франција, која освен што има традиционално признание за придонесот во историскиот и културен развој, сега промовира и уметници од своите поранешни колонии. Како најголем продуцент на миксови на домашна и странска музика, Франција роди популарни ѕвезди како што се харизматичниот Ману Чао и групата Ер.
Пораст на културното творештво во прекуокеанските земји бележи Канада, која сите свои напори ги вложи во развојот на книжевноста. Некогаш канадските писатели признанија бараа во европските земји, но сега канадската влада им нуди бројни стимулации и фондации.
Турција најдобра за младите
Без оглед на трагичните случувања и падот на вредноста на доларот, САД е сe уште земја од соништата за емигрантите кои бараат подобра иднина. Една од
Топ 10 земји со најдобри услови за живот
- Холандија
- Финска
- Данска
- Германија
- Франција
- Канада
- САД
- Турција
- Естонија
- Русија
најперспективните и најпродуктивни држави моментално е Тексас.
Поранешната земја-членка на СССР, Естонија, многу напредна со помош на младата стручна постава - експертите за информатичка технологија (ИТ) кои по ништо не заостануваат зад своите врсници на запад. Половина од нив, кои дипломирале во главниот град Талин, веќе најдоа вработување во мултинационалните компании, па побарувачката за специјализирани експерти во Естонија сe уште е многу голема.
Кога сме кај младата популација, проценето е дека Турција е најдобро место за младите. Во текот на втората половина од минатиот век околу 85% од жителите во Турција живееја во рурални средини, додека денес останаа само 35%. Младите масовно доаѓаат да живеат во урбаните средини како што се Истанбул и Анкара. Ситуацијата е променета и во поглед на конзервативните обичаи и браковите по договор.
http://www.kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=65&EditionID=440&ArticleID=8667
Bugarija ja nema