Ako diskutirame za pari i bogatasi Turcija e bogata zemja kolku pola Evropa
Турција - економски тиргар
Евроазиски економски тигар заробен во европскиот политички лавиринт. Турција повеќе од 30 години чека датум за старт на преговорите за членство во Европската унија.
Но, не го губи времето попусто. Земјата во меѓувреме стана една од 20-те водечки економии во светот, столб во НАТО, моќен меѓународен фактор.
„Многу значајна е географската местоположба на Република Турција, држава на два континенти, Босфорот ги спојува двата континенти и се надевам дека економскиот раст се развива на тоа што многу се произведува, голем пазар е, а луѓето се многу активни. Во градежништвото на пример, од 100 најголеми фирми во светот, 32 се турски компании“, изјави Ајдован Адемоски, почесен конзул на Турција во Република Македонија.
Главна дејност се туризмот и индустријата. Турција израснува во значаен производител на автомобили во Европа и светска бродоградителска сила. Бизнисот си врви напред, причините што ја кочат Турција во евроинтеграцијата не се економски. Официјални објаснувања се бараат во степенот на човекови права. Турците имаат други размисли.
„Турција не знам кога ќе влезе во Европска унија, може за две години, а може да бидат и десет, затоа што Европа не сака да не прими и не ограничува. Секоја година ни дава по два датума за преговарање“, вели еден турски граѓанин.
Истанбул не е главен град, но е центар на случувањата. Повеќе од 12 милиони жители и милион посетители дневно. Во бркотницата која за туристите можеби изгледа страшно, мештаните добро се снаоѓаат. На градот не му требаат европските стандарди за да се знае каде се вози а каде се паркира, да не се валкаат или брзо да се исчистат улиците, во хаосот да преовладува ред.
„Има многу различни споменици од многу култури. Луѓето се навистина многу фини“, вели една туристка.
Дали сметате дека Турција треба да стане членка на ЕУ?
„Да, затоа што е многу слична, многу блиска на Европа“, вели туристката.
Турците наоѓаат различни начини да се релаксираат од брзото темпо.
Бешикташ, Галатасарај или Фенербахче? -Мој фаворит е Бешикташ.
-Зошто? -Така, само Бешикташ.
Најдобар е? -Да. Тој е најдобар од најдобрите.
Каде е стадионот на Бешикташ? -Натаму.
-А на Галатасарај? И на Галатасарај е натаму, а на Фенербахче е од другата страна.
Многу цркви и уште повеќе џамии. По напорната туристичка тура, ред е да се вкусат типичните турски специјалитети. Угостителите се задоволни, рестораните со поглед на Босфор се полнат.
„Работата во мојот ресторан е преку летото. На лето имаме премногу работа. Тука доаѓаат многу луѓе. Доаѓаат од Македонија, од Англија, од Шпанија, од Италија... Сите тие доаѓаат тука на вечера, во рибниот ресторан. Таму се служи и риба и месо“, вели сопственик на ресторан.
„Тука има и рибен пазар. Цело утро доаѓа свежа риба“, додаде угостителот.
Убаво е да се мези донер и да се следат бројните бродови и танкери кои крстосуваат по најпознатиот морски теснец во Европа. Но, уште поголемо задоволство е да се плови по него и да се гледа во Европа од една и Азија од другата страна на копното. На брегот доминираат раскошните вили на турските богаташи.
Босфор разделува два континента, спојува две мориња. Го одделува Ориентот од Западот, ги меша културите на безброј народи, ги спојува судбините на дванаесетте милиони жители на турската туристичка престолнина.
Турците не се штедат во напорите докрај да ги угостат гостите. Оние што нема да се задоволат со чај и наргиле можат да уживаат во оригинален турски чочек.
И песна, специјално за македонскиот мерак.
Градот со богата историја и многу имиња им пркоси на вековите. Европската порта кон Азија пулсира во ритам што не можат да го следат многу европски метрополи.
Типична слика за модерното турско општество и гордост за 70-те милиони Турци кои трпеливо чекаат Европа да им ги отвори границите.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=101329