Абе не лажи веќе се се знае.
КОШАРКА - ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО СТРУМИЦА Грнчаров една година гледач поради скршениот нос на Петровски
Казната експресно му ја одмери комесарот, кој за да ја заврши жалбената постапка ја презакажа втората средба меѓу овие две екипи за в среда
Тони Грнчаров со едногодишна забрана за настап и Дамир Латовиќ со четири средби пауза. Грнчаров и Србинот Дамир Латовиќ се казнети поради предизвикување физички напад на гостинскиот кошаркар Јане Петровски на полувремето од првиот натпревар меѓу Струмица и МЗТ ФОН, одигран во средата. Во паузата од првиот меч меѓу овие екипи во Струмица, Латовиќ и Грнчаров го навредувале на национална основа гостинскиот кошаркар Мухамед Тачи. Петровски се обидел да ја спречи физичката пресметка со Тачи, но Грнчаров го удрил по носот.
Постојано сум цел на навреди. Некои луѓе како да не знаат дека сме во 21 век. Во Европа клубови се казнуваат драстично поради вакви навреди. Се прашувам дали КФМ може да ме заштити како репрезентативец и граѓанин на оваа земја. Ние во екипата не се делиме по ниедна основа - рече Тачи на вчерашната прес-конференција.
повеќе на следниот линк
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0BEADEB6BB42F6468F40B2FA0F2F37F3