Македонија под српска окупација

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.995
Поени од реакции
5.610
Nema potreba tolku da se vozbuduvash.:smir:
Sepak, za da se razbere konkretnava tema treba da se sogledaat site strani, a posebno pogledite na onie koi gi napravile zlostorstvata. A vo toj sluchaj, toa shto jas i ti si znaeme koi sme- ne e dovolno.
Taka i delot kade shto go izrazuvash revoltot radi toa shto nekoj ne te priznava/l, kako takov, e podednakvo nerelevanten so mojata poenta.:toe:
Па според тебе, да не треба да им се извиниме на србиве за злосторвата?А како можеме од нивна гледна точка да ги видиме работите, кога знам дека вршеле злосторства врз Македонското население, кои неретко од нивна страна било нарекувано јужносрпско..Епа нема јас што да гледам нивна страна, јас си знам кој сум, нема што да завземам позиција..Мојата позиција е..Јас сум МАКЕДОНЕЦ, а со крвта на моите предци рацете ги имаат извалкано многу непријателски народи, вклучувајќи ги и србите..Не знам зошто толку ги браните,викаш да гледаме на работите од нивни аспект?Не си сигурен во злосторвата што ги имаат извршено?Прочитај ги вистините што ги постираше Трн Во ОкО и ќе видиш, а ако и тоа не веруваш, брате , ти си југоносталгичар...И не барам од никој да ме признава, многу убаво знам кој сум, што сум и од што потекнувам...
 
Член од
6 април 2006
Мислења
972
Поени од реакции
11
Па според тебе, да не треба да им се извиниме на србиве за злосторвата?А како можеме од нивна гледна точка да ги видиме работите, кога знам дека вршеле злосторства врз Македонското население, кои неретко од нивна страна било нарекувано јужносрпско..Епа нема јас што да гледам нивна страна, јас си знам кој сум, нема што да завземам позиција..Мојата позиција е..Јас сум МАКЕДОНЕЦ, а со крвта на моите предци рацете ги имаат извалкано многу непријателски народи, вклучувајќи ги и србите..Не знам зошто толку ги браните,викаш да гледаме на работите од нивни аспект?Не си сигурен во злосторвата што ги имаат извршено?Прочитај ги вистините што ги постираше Трн Во ОкО и ќе видиш, а ако и тоа не веруваш, брате , ти си југоносталгичар...И не барам од никој да ме признава, многу убаво знам кој сум, што сум и од што потекнувам...
A kade toa branam ili napagjam bilo kogo?

Istoriska cel na bilo koja tema e da informira celosno za odreden period ili epoha bez razlika dali vo nea kolele srbite, bugarite, albancite, grcite ili makedoncite(onie antichkite:wink:). Shodno na toa jugonostalgicharite, komunjarite a i bugarashite, koi za zal (a voglavno kako poim) se neraskinliv del od nashata 'politichki aktivna' mladina, se ushte edna nerelevantna tema koja ja ufrlash poradi toa shto (barem spored razmisluvanjata) imas mala poteskotija da go razberesh postot koj ja pochna diskusijava.

Sepak, negova cel beshe dopolnitelno da informira, a ne da otvara polemika okolu toa kako ti ili nashite predci se chuvstvuvale. :toe:
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Не знам многу за овој дел на историјата....помрачен е со намера...
Ама знам за Тиквешкото востание против српскиот окупатор некаде во 1920-тите години мислам дека беше...
Знам дека и дедо ми кога тргнал на училиште учел на српски каде го учеле дека е србин,па му дошол бугарски учител кој го учел дека е бугар,па отишол во партизани да се бори за слобода на Македонија....​
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Пишав тука некаде за Тиквешкото востание...ќе се обидам да ја најдам таа тема...исто и за охридското...
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.995
Поени од реакции
5.610
Не знам многу за овој дел на историјата....помрачен е со намера...
Ама знам за Тиквешкото востание против српскиот окупатор некаде во 1920-тите години мислам дека беше...
Знам дека и дедо ми кога тргнал на училиште учел на српски каде го учеле дека е србин,па му дошол бугарски учител кој го учел дека е бугар,па отишол во партизани да се бори за слобода на Македонија....​
Помрачен од 1945та па наваму(од Тито и компанија)..Никој да не се сеќава на колежите кои се вршеле врз Македонското население од страна на српските окупатори..Ама најголем проблем е што кај нас има огромен број југоносталгичари и повеќе би загинале за југославија него ли за ова парче Македонија
 

Станоја

The Patriot
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.322
Поени од реакции
29
Помрачен од 1945та па наваму(од Тито и компанија)..Никој да не се сеќава на колежите кои се вршеле врз Македонското население од страна на српските окупатори..Ама најголем проблем е што кај нас има огромен број југоносталгичари и повеќе би загинале за југославија него ли за ова парче Македонија
Точно така од 1945 та па се еве до денес уште некои кругови на луѓе односно деца на поранешни југословенски офицери,се уште ја црнат Македонија.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.995
Поени од реакции
5.610
Точно така од 1945 та па се еве до денес уште некои кругови на луѓе односно деца на поранешни југословенски офицери,се уште ја црнат Македонија.
Абе не само што ја црнат бе, јас сум убеден дека уште има МАКЕДОНСКИ инсталации внатре во Македонија на српските тајни служби (како и на бугарските)..И денес, во 2008, на некој му смета да се донесе Законот за Лустрација, а за законот, како што гледам С.Андов беше најгласен одпрво, ама изгледа има видено дека и тој ќе лета, па не го слушам да речи нешто во последно..:kesa:
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
"Јужните краишта" - ветена земја за врањанците и пироќанците

Никола Жежов, магистер по историски науки. Текстот е дел од магистерска дисертација на авторот "Режимот на Кралството на СХС и отпорот на македонскиот народ во брегалничкиот округ - 1918-24"

Како еден од начините за воспоставувањето на својата власт во Вардарска Македонија, била и колонизацијата на овие краишта, која режимот на Кралството на СХС интензивно ја спроведувала во првите години меѓу двете светски војни, со различен успех. Колонизацијата во Македонија всушност започнала со основањето на Аграрна Дирекција во Скопје, согласно Уредбата за устројство на Министерството за аграрна реформа од 12 февруари 1920 година и со воспоставувањето на окружни аграрни повереници во сите поголеми колонизациони центри во Вардарска Македонија.
Населувањето добило одредена форма со Уредбата за населување на т.н. ,,јужни краишта" од 24 септември 1920 година. Со таа Уредба биле одредени земјиштата за населување: 1) слободните државни земјишта, 2) општинските и селските земјишта и утрини и 3) пустите земјишта и оние кои се трајно напуштени од нивните сопственици. При населувањето колонистите имале право на бесплатен превоз на сите членови на семејството, стока и покуќнина. Со ова право се искористиле голем број колонисти од Босанска Краина и од Лика. Колонистите имале право на бесплатно користење на државните и општинските шуми за подигнување на куќа, слободна испаша по селските и општинските утрини и други привилегии.
Со цел да се разбие етничката компактност на македонскиот народ во Брегалничкиот округ (област) и пошироко во цела Вардарска Македонија, режимот на Кралството сакал со законски мерки што нуделе олеснителни околности, да привлече што повеќе колонисти-Срби во Македонија, со што на неа и би се дал српски етнички белег. Според законот за колонизација на ,,јужните краишта", како колонисти се предвидувале: сиромашни државјани на Кралството на СХС , занаетчии, доброволци во војните (тука спаѓаат и четници), пониски државни чиновници кои вршеле служба во погранични реони, понатаму луѓе кои купиле земја според услови на Министерството за земјоделие, разни аграрни задруги, бегалци и други слоеви.
Ѓорѓе Крстиќ, кој од мај 1927 година бил главен аграрен повереник во Скопје, истакнал дека најпогодни за асимилација на македонскиот народ биле населениците од Врањскиот и Пиротскиот округ, бидејќи по менталитет биле слични со Македонците. Истиот како непогодни за асимилаторска политика врз македонскиот народ ги посочил Црногорците-колонисти, поради различниот менталитет. Првенство при колонизирањето во Македонија добивале доброволците од Солунскиот фронт во Првата светска војна, четниците, а потоа оптантите и бегалците. При колонизацијата најчесто земја добивале оние кои што воопшто не се занимавале со земјоделство. Овие лица не ја обработувале добиената земја туку ја давале под наем на месното население, а самите живееле во градовите занимавајќи се со друга професија. На тој начин колонистите се богателе за сметка на месното македонско население.
Големосрпската власт на Кралството на СХС, тргнувајќи од интересот за асимилација на македонскиот народ, им давала безброј привилегии на српските колонисти во Македонија: бесплатен градежен материјал, користење на селските и државните утрини за пасишта, ослободување од царина, ослободување од плаќање данок до 10 години и друго. Од друга страна колонистите биле должни сами да ја обработуваат земјата, да се зачленат во аграрните задруги, да не ја отуѓат земјата дури не станат сопственици (за 10 години), да ја обработуваат земјата, да sидаат куќи за себе и да одговараат на сите обврски од Уредбата (член 24). Колонистот го губел правото врз земјата, ако одржувал врски со антидржавни елементи.
При колонизацијата, односно населувањето на луѓе од другите краишта на Кралството во Вардарска Македонија, домородниот македонски народ не останувал рамнодушен на тој чин, туку активно се спротивставувал, поради фактот што плодното земјиште им било давано на колонистичките семејства. Со колонизацијата се стеснувале и селските утрини, а слободните ливади им биле отстапувани на колонисти. Како пример за отпор кон колонизацијата бил случајот со селаните од селото Арѓулица, Штипско, кои во расправија за ливадите го претепале Петар Вукчевиќ, бивш црногорски мајор, затоа што им ги гонел говедата од ливадите.
Владеачкиот режим на Кралството на СХС при колонизацијата главно внимание обрнал на Брегалничкиот округ (област), како важна геостратегиска точка, пред се поради близината со Бугарија и опасноста од комитските напади на четите на Тодоралександровата ВМРО. Во Брегалничката област предноат при колонизирањето им се дало на реонот на Овчеполието, Штипско и Радовишко, додека во другите делови од тогашниот Брегалнички округ, колонизацијата била со помал обем. Министерството за аграрна реформа образувало комисија под водство на професорите Александар Стебут и д-р Доброслав Тодоровиќ, која имала задача да изврши испитувања на земјиштето во Овче Поле. Според нивните истражувања, земјиштето каде била основана колонистичката населба Нова Батања, било неквалитетно за било каква култура и во услови кога би се наводнувало. За комплексот во село Мустафино комисијата поволно се изразила, а за село Ерџелија, комисијата изјавила дека земјата била со одличен квалитет и доколку соодветно би се наводнувала таа би се претворила во ,,градина” на Овче Поле.
Колонизацијата во Брегалничкиот округ (област), поорганизирана форма добила во текот на 1920 година. Во октомври 1920 година во Скопје требало да пристигнат 16 семејства од Лика, кои требало да бидат населени во селото Долани, Штипско. Повереништвото на Министерството за аграрна реформа во споменатото село успеало да насели 105 колонистички семејства и покрај отпорот на домашното население. Повереништвото барало од воените власти да им помогнат на овие колонистички семејства, кои требало да стигнат во Скопје, со тоа што ќе им обезбедат превоз на нив и на материјалните средства што ги носеле за изградба на колонистичката населба.
Во однос на населувањето на овие колонистички семејства во селото Долани, Александар Апостолов истакнал дека во селото во 1920 година биле населени 121 семејство колонисти, иако немало земја и за месното македонско население. Селото Долани имало голема стратегиска важност, што се гледа од фактот што биле мобилизирани луѓе од селото за да пренесат 16 колонистички семејства од Велес до Долани, заедно со покуќнината и земјоделскиот инвентар што бил натоварен на 30 вагони.
Забрзаната колонизација во Вардарска Македонија и посебно во Брегалничкиот округ, се гледала и од фактот што владеачките структури на Кралството во текот на 1920 и 1921 година, одвоиле големи финансиски средства за таа цел. Во 1921 година државата отпуштила 6 милиони динари за колонизација, а во 1922/23 година 23 295 000 динари и тоа најголем дел за Вардарска Македонија. Во овој период во Брегалничкиот округ, како што административно се нарекувал до 1921 година, биле колонизирани 532 семејства.
За широките размери на колонизацијата во Вардарска Македонија , а со тоа и во Брегалничкиот округ, податоци изнесувале и различните весници и списанија на македонската емиграција во Бугарија, коишто најчесто се повикувале на весници од Кралството што биле блиски до владеачкиот режим. Весникот ,,Македонија” повикувајќи се на ,,Епоха” изнесол податоци дека од 1 септември 1919 година до 20 август 1921 година во Вардарска Македонија се имале населено 6861 семејство со земја во размер од 57 530,01 хектари. Во 1919 година се населени 1302 семејства со 11 926 хектари. Во 1920 година се колонизирани 3484 семејства со 29 004 хектари земја од кои 279 семејства во Брегалничкиот округ со 2402 хектари земја. Според истиот весник во 1921 година биле колонизирани 2075 семејства со 16 600 хектари земја од кои 311 семејства во Брегалничкиот округ со 2115 хектари земја. Весникот ,,Македонија”соопштила и дека во селото Ерџелија, Св.Николско, требало во септември 1921 година да бидат населени 320 семејства, кои требало да претставуваат основа за формирање на ново колонистичко село со помош на државата.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Колонизацијата инструмент за Македонците да се претопат во "Јужносрбијанци"

Најсилен замав и најорганизирана форма, колонизацијата во Брегалничката област добила во текот на 1922 и 1923 година. Во 1922 година, оптанти (селани што биле заинтересирани за населување) од село Батања од Унгарија, Срби по националност, поднеле молба до конзулатот на Кралството на СХС во Будимпешта за населување и добивање земја на територијата на Кралството. Министерот за аграрна реформа на Кралството на СХС му наредил на Врховното аграрно поверенство во Скопје да им најде земја на овие луѓе. Врховниот аграрен повереник определил свој службеник кој требало да ги придружува колонистите во изборот на земја во Овче поле. Колонистите ја одбрале најплодната земја околу селото Горни Балван, Штипско, село Пишица, земја во близина на селото Карбинци, Штипско, дел од шумата на планината Плачковица и земја во близина на Злетовска река. На колонистите им требало површина од 6-7000 хектари за 700 семејства. Тогашниот министер за аграрна реформа на Кралството на СХС, Милетиќ, наредил да се дозволи 4000-5000 хектари земја за изградба на село за овие колонисти.
Во селото Горни Балван 1130 хектари земја била прогласена за напуштена и била предвидена за колонизирање. Од окружното поверенство за аграрна реформа во Штип биле одбиени сите жалби од селаните, а на 31 мај 1923 година биле издвоени 453 хектари земја од селските утрини, како замена за 590,5 хектари плодна земја одземени од тие селани и тие 453 хектари земја им биле отстапени на македонските селани, за да се види дека и Македонците добивале земја со аграрната реформа.
Ваквиот начин на распределба на земјата помеѓу новодојдените колонистички семејства и домашното македонско население имал за цел протерување на македонскиот селанец од неговата обработлива земја, нејзино присвојување од дојденските, претежно српски семејства, со што преку променетиот етнички состав на населението режимот од Белград би можел послободно да се повикува на своето ,,историско право” врз Македонија. Од друга страна режимот на Кралството сметал дека српскиот колонистички елемент во Македонија, посебно во Брегалничката област, поволно би дејствувал врз претопувањето на македонскиот народ и неговото претворање во "јужносрбијанци", што било и стратегиска цел на белградските владеачки кругови.
Во текот на 1922 година колонизација, иако не со голем обем, се вршела и во крајните источни делови на Брегалничката област што се граничеле со Бугарија. Во Малешевско биле создадени 6 колонистички населби со 131 семејство. Во Делчевската околија (тогаш Царевоселска) биле создадени 6 колонии со 24 семејства, а во Пехчево биле населени т.н. Срби-Галиполци на број, заедно со другите колонисти, 74 семејства со 320 члена. Карактеристичен е примерот со колонистичката населба на Србите-Галиполци во Пехчево. Колонистите биле од Галиполе и во српската држава дошле 1914 година со посредство на рускиот конзул во Цариград. За време на Првата светска војна Бугарите ги интернирале во Алексинац и околината, во Србија, каде останале до 1918 година. Кога разбрале дека Грците го зазеле Галиполе, 1921 година, се вратиле таму, но кога Турците повторно завладеале со нивниот крај, тие се вратиле во Пехчево. Според Ѓорѓе Крстиќ тие луѓе биле со благ карактер, биле многу работливи и зборувале српски јазик употребувајќи грчки акцент.
Колонизацијата на Брегалничката област, уште во текот на 1922 година, кога таа била во својот зенит, започнала да наидува на тешкотии. Ваквите проблеми биле забележани од многубројните списанија на македонската емиграција во Бугарија, кои иако повеќето блиски со ВМРО на Тодор Александров, која пак од своја страна била непријателски настроена кон Кралството на СХС, давале одредена слика на колонизацијата во Вардарска Македонија и посебно во Брегалничката област. Така според оценката на органот на Илинденската организација, "Илинден", српската политика за колонизирање на Македонија претрпела фијаско. Колонистите под притисок на комитските чети исплашено почнале да ги напуштаат своите поседи. Во Штипско, во селата Таринци и Долани, повеќето од колонистите според весникот, почнале да ги напуштаат своите населби. Според истиот весник, Министерството за аграрна реформа било растревожено од вестите што доаѓале од Македонија. Аграрните чиновници соопштиле дека големата суша лошо се одразила врз жетвата, поради што се јавила депримираност кај српските колонисти. Тој страв од глад, според ,,Илинден” се заканувал да ги уништи успешните резултати од колонизацијата во Овче поле и Тиквеш. Тука колонистите биле претежно од Далмација. Состојбата се влошила и од разни агитатори, кои пропагирале дека на колонистите им е дадена лоша земја. Поради тоа веднаш од Белград била испратена делегација под претседателство на Чедо Јанковиќ, која требало да им вети на колонистите државна помош.
Во почетокот на 1923 година, колонистичката политика на Кралството во Брегалничката област претрпела сериозен удар. Со нападот и убиството на повеќе српски колонисти во селото Кадрифаково, во јануари 1923 година, од страна на четите на ВМРО, била загрозена колонизацијата во Овчеполието. Меѓутоа властите на Кралството на СХС ја продолжиле колонизацијата во другите делови од Брегалничката област. Така за колонизацијата во Радовишко биле ограничени 837 хектари обработлива површина. По општини распределбата на земјата била следна: Ињевската општина 225 ха, Кончанската 231 ха, Подарешка 159 ха и Радовишка 222 хектари. Во Радовишката околија биле формирани 11 колонии создадени меѓу 1923 и 1937 година со вкупно 59 семејства и 239 членови на семејствата. Сите 59 колонистички семејства по националност биле Срби(за Срби биле сметани и Црногорците), а по вероисповест православни. Обични колонисти биле 55 семејства со 271 член, а четници 4 семејства со 22 члена.
И покрај настаните во Кадрифаково, големосрпскиот режим не се откажувал од своите зацртани цели што сакал да ги оствари преку колонизирањето на Брегалничката област. Весникот на македонската емиграција во Бугарија, ,,Независна Македонија”, пишувал за засилената српска колонизација во Овчеполско и намерата на тамошните власти за протерување на Македонците од нивните огништа. Според истиот Белград требало да даде заповед за запирање на злосторствата во Брегалничката област и да ја прекине колонизацијата со што би се создале услови за легална борба и тогаш од само по себе ќе се ставело крај на четничкото движење. Истиот весник, повикувајќи се на белградскиот весник ,,Време" соопштил дека во април 1923 година во Скопје пристигнале два транспорта колонисти од Унгарија, кои требало да се населат во Штип и во Овче Поле, но поради лошото време се задржале во Велес. Со нивното населување тие веднаш наишле на проблем поради недостатокот од земја и храна за нив и за добитокот. Своето останување колонистите го условиле со обезбедување доволно храна и обработлива земја, како и подобро место за градење на нивното ново село.
Органот на Извршниот комитет на македонските братства ,,Независна Македонија", во јуни 1923 година известила дека во Овче поле се населувале српски семејства од Унгарија, од областа Барања, со што се менувал првобитниот изглед на Овче поле, никнувале живеалишта и тие колонистички семејства почнале да ги произведуваат првите килограми жито. Весникот известувал за секојдневното никнување на нови куќи, но истакнал дека ,, само една пречка има, што безбедноста во тој крај е застрашена од кај бугарската граница."

Болестите на новата земја ги враќаат колонистите дома

Неприспособеноста на српските колонистички семејства кон условите за живот во Брегалничката област ја констатирале и средствата за информирање на Кралството на СХС и тоа оние што биле блиски до владеачките партии. Според "Политика", колонистичката населба Нова Батања, Штипско, во почетокот на нејзиното формирање добро се развивала и станала центар на Овче поле. Првите проблеми биле во тоа што куќите и нивните кровови почнале да распукнуваат, а причината за тие несреќи лежела во тоа што материјалот со кој sидале бил направен од проста набиена земја и гранки, која кога се сушела се распаѓала. Затоа колонистите во Нова Батања побарале од Министерството за аграрна реформа да им направи куќи од камен и цигла.
Во 1924 година како карактеристичен тип на колонистичка населба во Брагалничката област се издигнала Нова Батања, на 9 км. северно од Штип. Населбата Нова Батања била сместена помеѓу Овче Поле на северозапад и Ежово поле на југозапад. Блиската околина на Нова Батања била доста сува, без шуми и без површински теченија. Во летниот период деновите овде биле многу топли, а ноќе не се чувствувала никаква свежина. Атмосферските врнежи се движеле од 400-500 мм. годишно и била една од најсушните области на Балканот. Нова Батања била изградена на утрините на околните села: Долно Трогирци, Горни и Долни Балван, а била подигната во периодот од мај до ноември 1924 година. Спрема видот селото спаѓало во типот на панонско-војводински села од плански карактер. Куќите во форма на правоаголник спаѓале во војводинскиот тип и имале по две соби и кујна.
Првата поголема група колонисти пристигнала во Нова Батања во текот на летото 1924 година, а други групи пристигнале кон крајот на летото и есента. До почетокот на наредната година во Нова Батања биле населени 163 колонистички домаќинства со околу 800 жители. Од доселените најповеќе имало Срби-оптанти од Унгарија, од околината на Сегедин, а имало колонисти и од околината на Сомбор и Кикинда. Колонистите од оваа населба добивале земјиште во просек од 10-12 хектари, а поради неплодноста на земјата, тие добивале земјишта и во атарот на селата Мустафино, Сарчиево, Уларци, Крупиште и други села. Водата била најголем проблем, бидејќи и покрај бушењето на бунари при подигањето на населбата водата од нив не избивала на површината, така што колонистите вода морале да полнат од околните села. Поради новиот начин на обработка на земјата и немањето доволно земјоделски алати за обработка, голем дел од земјата колонистите ја издавале под закуп на македонски селани. Покрај земјоделство, колонистичките семејства во Батања делумно се занимавале и со сточарство, при што одгледувале коњи, свињи и гуски.
Со цел да ги надоместат загубите од земјоделието, жителите на Нова Батања со интервенција на локалните власти отвориле 6 кафеани во населбата и трговски и занаетчиски работилници, а било установено и седиште на општина и училиште.
Лошиот квалитет на водата за пиење, зимските студови, летните горештини, слабата исхрана и други фактори придонеле колонистите масовно да заболуваат од заразни болести: маларија, цревни заболувања и друго. Тоа било причина во текот на 1926 година да започнат поединечни раселувања во Војводина и Србија, така што кон крајот на 1928 година во населбата останале само 18 колонистички семејства. Во 1931 година започнала нова фаза во колонизирањето на Нова Батања.
Колонизацијата во Брегалничката област во 1924 година западнала во длабока криза. Постоечката колонизациона криза не ја криеле ниту белградските средства за јавно информирање, кои со своите статии го критикувале режимот за неуспехот на колонизацијата. Така според весникот "Време" колонизацијата на Брегалничката област била неуспешна. Овчеполието било нерационално експлоатирано и живеело како во првобитно општество. Весникот истакнувал дека тоа било мочурлива земја, така што селото Ерџелија претставувало вистинска гробница, бидејќи повеќето од колонистите изумреле од маларија. Белградската влада била критикувана затоа што за населбата Нова Батања потрошила 5 милиони динари, а сепак нејзините жители не успеале да се снајдат во земјоделието. "Време" го потенцирал и фактот дека овие колонисти немале српско национално чувство и се декларирале за Унгарци или Германци и затоа се барало нивно иселување и населување на Брегалничката област со "вистински” Срби".
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Колонизацата не успеала оти колонистите не сакале да се занимаваат со земјоделие

Со колонизацијата се занимавале и весниците од опозицијата и оние блиски до КПЈ, но последните проблемот го гледале од аспектот на класните разлики, додека националната компонента или воопшто не ја споменувале или ја ставале во втор план, бидејќи КПЈ сеуште тогаш немала оформено јасен став кон македонското национално прашање. Поаѓајќи од тие позиции весникот ,,Радник-Делавец” критички се осврнал на аграрната реформа што српската боржуазија ја спроведувала во Овче поле, со што се вршела експлоатација врз тамошното население. ,,Радник-Делавец” ја напаѓал и колонизацијата што се вршела во овој дел на земјата, со што на селаните им се одземала обработливата површина и им се давала на доселениците-колонисти. Весникот го истакнал податокот дека во селата: Балван, Трогирци, Крупиште, Сарчиево, Мустафино, Ерџелија и други села, на сите им биле одземени нивите со сеидбата од таа година и им биле дадени на доселениците.
Дури и луѓе од типот на Ѓорѓе Крстиќ, близок до режимот на Кралството и човек кој истапувал од големосрпски позиции, го констатирал поразот на колонистичката политика во Вардарска Македонија и посебно во Брегалничката област. Според него населувањето на колонисти-оптанти од Унгарија во Овче Поле било непростлива грешка, иако Овче поле им се допаднало на оптантите, зошто ги потсетувало на унгарските рамници. Изградбата на куќи во Овче Поле, според Крстиќ, чинела преку 10 милиони динари.
Поради неродните години и суровите услови за живот во колонистичката населба Нова Батања од 160 колонистички семејства останале само 16. Слична судбина доживеале и колонистите во село Ерџелија, додека успеала да се задржи колонистичката населба Кадрифаково, во која имало колонисти од Босна и Далмација.
Колонизацијата што режимот на Кралството на СХС ја презел во Вардарска Македонија и особено во Брегалничката област имала за цел да изврши денационализација на македонскиот народ и претворање на Македонија во послушна провинција на новоформираното Кралство. Во Брегалничката област претежно биле населувани српски колонистички семејства од Унгарија, Босна, Далмација и други краеви, при што тие најчесто биле населувани покрај важни геостратегиски точки во оваа област. Владеачкиот режим на Кралството за успех на колонизацијата вложувал огромни финансиски средства за изградба на колонистички населби во Брегалничката област, дозволувајќи им притоа на колонистичките семејства да ја приграбат најобработливата површина и сето тоа на штета на тамошното македонско население. На најсилен колонизаторски бран како места од приоритетно значење за Кралството на СХС , биле подложени Овчеполието, реонот на Штип и Штипско и реонот на Радовишко. И покрај големите напори што Кралството на СХС ги вложувало за успешно извршување на колонизацијата, тој процес не течел онака како што планирал официјален Белград.
Како прво, колонизацијата наишла на одбојност и отпор кај македонскиот народ, којшто никако неможел да се согласи да му се одземе најплодната земја и таа да се даде на колонистичките семејства. Второ, новодојдените колонистички семејства не можеле да се приспособат на климатските услови во Брегалничката област и особено во Овчеполието.
Сушните години, топлите лета и студените зими, предизвикувале најразлични болести кај колонистите, кои најчесто имале трагичен крај за нив. Како важен фактор за неуспехот на колонизацијата, не треба да се занемари и фактот што поголем дел од колонистите воопшто не се интересирале за земјоделие, така што често се случувало тие да ја дадат земјата под закуп на локалните селани-Македонци, а самите оделе во градовите и таму се занимавале со некои други дејности. Исто така вооружените комитски чети на ВМРО што крстосувале низ Брегалничката област, создавале чувство на несигурност кај колонистичките семејства, бидејќи многу често како мета на напади на четите на ВМРО биле токму новоформираните колонистички населби.
На крајот кога ќе се разгледаат сите овие показатели може да се констатира дека колонизационата политика на Кралството на СХС во Брегалничката област во периодот од 1918-1924 година, доживеала неуспех. Поголемиот број колонистички семејства поради горенаведените причини ги напуштиле новоформираните колонистички населби и се расселиле во другите краеви на Кралството или пак се вратиле во своите родни краишта. Сепак ова не ги расколебало властите во Белград, кои и во периодот по 1924 година се обидувале да вршат колонизација на Брегалничката област, но тие обиди биле од помали размери и со помал интензитет.
 
Член од
29 април 2006
Мислења
50
Поени од реакции
8
TRn vo Oko!!!

- Ti ja sfativme poentata so Srbite i nivnata kolonizatorsko-ugnetuvachka politika kon makedonskiot narod...

- Ti ja sfativme i poentata so "Srbokuministichkite lajna" tuku neshto me machi...

...Zoshto sega neshto ne ni dadesh vaka izvorno za B`lgarskata okupacija na Makedonija i makedonskiot narod za da ti poveruvam i celosno na patriotskiot ti naboj ( vaka samo 50 % sum uveren a ke se soglasish toa e "ni vamu ni tamu"!!!)..

Pozdrav od - www.macedonium.org - ako te interesira imash i predovolen materijal kaj nas a dosta pisma od kaj nas gledam tuka se postiraat, pa mozesh neshto i da vidish pooriginalno za B`lgarite i nivnite "osloboditelski misii" vo Makedonija...

Pozdrav
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Каран, да го поздравиш Дејан :) Со "macedonium" сум запознаен од самото отворање на сајтот, а и има благодарница до мене на самиот сајт. :smir:

Ако те разбрав убаво, ти се сомневаш во мојата Македонштина или?

П.С. Темата е наменета з тоа, и тој период од Македонската историја ќе се третира...ако не е проблем се разбира...
 
Член од
27 ноември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
11
Trn vo Oko !!!

- Izvini od mene - Karan Obedinitelot, eve kaj Dejan sum (a i od negoviot juzer ti se javuvam) me zapozna a i mi tekna za pochetokot koga kontaktiravme no te znaev po tvoeto vistinsko ime...

...Sluchajno samo pregleduvav po stranicite pa naletav nekako na tvoite tekstovi ...
...vo sekoj sluchaj sega podobro vidov i za temata i drugite raboti pa poveke ..

...voopshto ne se somnevam vo tvojata makedonshtina zatoa ushte ednash..

...Primi izvinuvanje od mene

Pozdrav od Karan Obedinitelot i Dejan (www.macedonium.org)
 
Член од
6 април 2006
Мислења
972
Поени од реакции
11
Помрачен од 1945та па наваму(од Тито и компанија)..Никој да не се сеќава на колежите кои се вршеле врз Македонското население од страна на српските окупатори..Ама најголем проблем е што кај нас има огромен број југоносталгичари и повеќе би загинале за југославија него ли за ова парче Македонија
Po tebe komunistite gi kriele nedelata na monarhistite, i strukturata za chij raspad se direktno odgovorni?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
НЕКОИ УГЛЕДНИ СЕМЕЈСТВА ОД ВРВОТ НА ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ПОТОМЦИ НА ЧЕТНИЦИТЕ НА ДРАЖА МИХАЈЛОВИЌ!
Пишува Блаже Миневски

Co документите за македонските четници, што ексклузивно ќе ги објави Архивот на Македонија, генерално се расветлува улогата на четничкото движење на Дража Михајловиќ во Македонија, неговата цел и стратегија. Познато е дека српските, односно србоманските четни-ци, кои дејствувале во периодот од 1941 до 1944-та година, овој дел на Македонија го тре-тирале како Јужна Србија, односно како дел од Велика Србија. Таа нивна замислена држава требало да ја опфати целата територија на тогашното кралство Југославија, исклучувајќи само мал дел од териториите населени со чисто хрватско население. Оттука, јасно е дека маке-донските четници се бореле за Голема Србија, a против својата татковина Македонија.

СПИСОК НА МАКЕДОНСКИТЕ ЧЕТНИЧКИ СЕМЕЈСТВА

Според д-р Ѓорѓи Малковски, во документите што наскоро ќе бидат објавени во неколку тома од страна на Архивот на Македонија, за првпат ќе бидат обелоденети имињата на македонските четнички команданти, на обичните четници, 'црни тројки' и јатаци, a тоа веројатно ќе биде многу непријатно за десетици и десетици денес угледни семејства во Македонија.
- Четниците на Дража Михајловиќ во Македонија жестоко се бореле за враќање на кралот, кој, како што е познато, не ја признавал Македонија. Иако најголем дел од нив биле Македонци, воопшто не ги интересирала Македонија како сопствена национална држава. Затоа македонските четници жестоко се бореле за Дража Михајловиќ и за Србија,
односно за избеганиот крал, што значи против интересите на Македонија и македонскиот народ. За таа цел четничката организација во Македонија формирала свои вооружени фор-мации, градски комитети и друго, што и' давало белег на организирана воена и политичка сила.

Нивниот план во однос на Македонија бил јасен, а тоа бил планот на југословенската емигрантс-ка влада за продолжување на доминацијата на Србите со српски крал на јужнословенскиот престол. За таквиот план четниците на почетокот имале подцршка од Англија. Така, во септември 1941-та, англиската известителна служба воспоставила непосредна врска со командата на Дража Михајловиќ, од каде доби-вала информации за состојбите во земјата. Веднаш потоа, на почетокот од 1942-та година, Владата и кралот Петар Втори Караѓоргевиќ официјапно ги прифаќаат четниците како своја
1
период не се работело за луѓе директно испратени од Дража Михајловиќ, туку за лица кои припаѓале на групата на четничкиот војвода Коста Пеќанац. Имено, Јордан Кимов(иќ) од Куманово, деградиран артилериски поручник на бившата Југословенска кралска армија, во јуни 1941-та година илегално ја преминал демаркационата линија и со група вооружени лица дошол на планината Козјак. Тука почнал да го организира локалното население, и тоа претежно во Кривопаланечката област, а подоцна го формирал и Козјачкиот четнички одред. Cпоред писмо од Кимов испратено до Милан Недик во февруари 1942-та година, една од задачите на овој одред била 'војнички да се подготвува за да биде спремен да се бори против сите непријатели, а првенствено против бугарската војска и полиција'.

КАКО ШТО СТОИ ВО ПИСМОТО, НЕГОВИОТ ОДРЕД
храбро 'ги чувал границите од навлегувањето на Бугарите и Албанците', при што наводно имале и 'пет судири со нив'. Од друга страна, за вакви судири нема никакви документи, што може да значи дека Јордан Кимов ги измислил за да добие повисок чин или некаква функција од Главниот четнички штаб во Србија. Сепак, неговиот одред не успеал долго да се задржи на тој простор, а во септември 1942-та година бугарската полиција ги открила јатаците, кои веднаш биле затворени. Без нив, четничкиот командант Кимов веќе не можел да се снаоѓа и да дејствува на тој простор. Во документот стои дека таа 'чета се појавила во Македонија на 22 август 1941-та година, и носела развеано срп-ско знаме, а реонот на нејзиното дејствување бил од Козјак планина, Кумановско до Осоговските планини'. Притоа треба да се знае дека четниците на Јордан Кимов биле под команда на Коста Пеќанац, кој со својата чета бил стациониран на Гајтан Планина во Србија, меѓу градовите Лесковац и Пуста Рекаа. Во меѓувреме, Јордан Кимов се поврзал со Петруш Денков, познат како Петруш Козидолски од село Козидол, Кривопаланечко, со кого воспоставил блиски односи и соработка. Всушност, Денков, по наредба на Јордан Кимовиќ (Кимиќ) ја формирал и првата вооружена чета од србо-македонски четници во Кривопаланечката околија - вели д-р Малковски.

За него интересен е и податокот кој говори дека нешто порано од појавувањето на четатата на Јордан Кимов, и во велешко се појавила една вооружена група цивили, за која се смета дека биле четници. Имено, во еден од документите се тврди дека на 7 август 1941-та година командирот на бугарскиот одред во Велес известил дека била забележана вооружена група од осум цивили во месноста 'Змијало', општина Карабунишка, Велешко. Според
3
се наоѓале на теренот морале да им се покору-
ваат на Војче, Сајковски и Видоески, како на ополномоштени претставници на Дража Михајловиќ. Подготвен со сите документи и овластувања, и со помош на локален курир, Трбиќ во Македонија пристигнал во јули 1942-та година, и веднаш започнал да се ангажира за спроведување на добиените задачи од Врховната четничка команда. Најпрво се обидел кај затечените Срби во Македонија, за кои мислел дека се великосрпски настроени, a се' уште биле во Македонија. Тоа биле претежно трговци, судии, адвокати, потоа офицери, подофицери на бившата србо-југословенска армија од различни националности, како и на дел од населението во одделни краишта во Македонија, кои во минатото било под влијание на големосрпската пропаганда. Затоа во Скопје се поврзал со Љуба Љубисављевиќ, индустријалец роден во Куприја, и со негова помош брзо биле опфатени околу триесеттина лица, претежно Срби и србофили, офицери и подофицери на бившата југословенска војска. Задача им била да го организираат населението во Месни четнички одбори и чети, кои во даден момент, кога англиската војска ќе влезе во Македонија, веднаш треба да се присоединат со неа, а одборите да ја земат власта во свои раце, односно да не дозволат таа да падне во рацете на комунистите. За таа цел бил формиран Воен штаб и Акционен одбор, кои требало да се подготват за преземање на власта во Скопје. Врската со штабот во Куманово се одржувала преку Петруш Козидолски, a co Скопска Црна Гора преку Никодин Урдаревски (Урдаревиќ), кои биле поврзани со некои четнички елементи во Косово - вели Малковски.

ОД ЧЕТНИК ДО АКАДЕМИК!

Истражувајќи ги купиштата документи поврзани со четниците во Македонија, проф. д-р Ѓорѓи Малковски дошол и до податоци дека поголем број од потомците на четничките активисти останале во Македонија по ослободувањето, а некои од нив дури и многу брзо напредувале во кариерите. Така, еден од угледните четници и организатори на четничкото движење во Македонија, скопјанецот Божидар Видоески, на пример, подоцна станал редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје, а подоцна и академик, член на МАНУ. Според Малковски, во документите можат да се идентификуваат потомци на четници на Дража Махајловиќ, кои сега се влијателни личности во некои политички партии во Македонија, а особено во главната опозициска партија. Сите тие оригинални документи, со име и презиме на сите активисти и соработници со четниците на Дража Михајловиќ во Македонија, ќе бидат објавени во неколку
5
Кичевско, пак, своја чета организирал Блажо Никодиноски, и таа директно соработувала со штабот на Дража Михајловиќ, а во селото Маврово македонските четници добиле дури и една радиостаница од штабот на Дража во Равна Гора. Во летото 1943-та годи-на биле засилени активностите на четничката организација во Македонија, а во тоа помогнал новоформираниот штаб на Вардарскиот четнички корпус на чело со командантот Стојан Крстев (Крстевиќ), гардиски капетан на бившата југословенска армија, роден во Порече, Македонец, се разбира. Таму влијанието на Србија било огромно, па во дел од Порече и денес има селани кои носат шајкачи на главата.

Инаку, Вардарскиот четнички корпус го сочину-вале Прешевската, Кривопаланечката, Скопската, Жеглиговската и Ристовачката четничка бригада, а неговата дејност се одвивала на територијата Врање - Гњилане - Велес - Гевгелија - бугарска граница. Прешевската бригада била, под команда на поручникот Александар Горѓевиќ, и таа се движела на теренот Прешевска долина - Пчињска околија. Кривопаланечката бригада, пак,,чиј командант бил Ангел Манасиевски, потоа Горѓи Попов, a на крајот Петруш Стефанов, сите Македонци, се разбира, дејствувала на Кривопаланечкиот терен, додека Жиглиговската под команда на Милош Анастасиевиќ се движела до Пчиња, a Скопската бригада, под команада на Никодин Урдарески, дејствувапа на теренот на Скопска Црна Гора. Бројната состојба и вооружувањето на Вардарскиот четнички корпус не може со сигурност да се утврди, но извесно е дека на почетокот на 1944 година нејзиниот командант, Македонецот Крстев, имал околу 800 луѓе под оружје, претежно Македонци, кои се бореле за Дража Михајловиќ и за Голема Србија - вели Малковски.

ПОРЕЧКА ЧЕТНИЧКА БРИГАДА!

Според документите што тој ги открил во српските и бугарските архиви, но и во архивата на ДБК во Скопје, во август 1943 година во Прилепско била организирана конфер-
енција на воените четнички команданти, со единствена точка 'проширување на органи-зацијата на Дража Михајловиќ и воспоставување воена организација во сите села и градови во
Јужна Србија (Македонија)'. Целта всушност била

војска во Југославија, а на 7 февруари истата година Дража Михајловиќ веќе е унапреден во чин бригаден генерал за потоа да стане дивизиски генерал, а четири дена подоцна и министер за војската, морнарицата и авијација-та. Потпирајќи се на четниците на Дража Михајлковиќ, пребеганата влада константно ја подцржувала линијата на четничкото движење за обнова на стариот општетствено-политички систем на кралството Југославија. Оттука разбирливо било приклучувањето во четничкото движење и на Македонија како составен дел на Југославија, односно Србија. Бидејќи Македонија веќе била окупирана од Бугарија и Италија, стратегијата на македонската четничка 'братија' на почетокот била само да се собираат разузнавачки податоци, a како главен четнички пункт за тоа бил градот
Скопје на чело со Душан Карамитровиќ
(Карамитровски). Во функција на тоа требало да се поврзат сите штабови со цел да се орга-низира цела Македонија, а потоа, тие штабови, кои до 1943-та година биле многу слабо поврзани, директно да се поврзат со надлежните регионални штабови на Козјак и Порече. Се разбира, на тој начин полесно би се вршела комуникација со Главниот четнички штаб на Дража Михајловиќ во Србија. Тоа секако трбало да ја олесни работата на четниците во Македонија, кои чекале поволни услови за отпочнување широка борба против македонските партизани. Сигнал за таа широка борба требало да биде истоварувањето на англо-американските сили во Југославија.

Значи, македонските четници на Дража Михајловиќ требало да бидат подготвени во секој миг да ја преземат власта во Македонија -вели проф. д-р Малковски, истакнувајќи дека бил фрапиран кога ги читал имињата на маке-донските четници во архивите, споредувајќи го она што го работеле за време на војната со нивниот статус по ослободувањето. Имено, бил зачуден од успешните кариери на некои од нив и од статусот на нивните семејства, кои и до ден денес одлично котираат во Македонија.

МАКЕДОНЦИ - ЧЕТНИЧКИ КОМАНДАНТИ НА ДРАЖА МИХАЈЛОВИЌ!

Според него, во првите години од окупацијата, Англија имала тесни врски со четниците, испраќајќи дури и разна помош, но и воени мисии меѓу четниците во Македонија.

- Првите обиди за формирање
четничка организација во Македонија се забележани во август 1941-та година, но во тој
2
полскиот падар Тодор Манев во групата четници биле и Стојан Несторов од село Стари Град, Велешко, како и Петруш Тошев од село Богомила, исто така Велешко. Во истиот документ стои дека во ноември таа година бил уапсен и струмичкиот српски четнички војвода Илија Кацарски, и притоа кај него бил запленет материјал кој ја потврдувал неговата србо-четничка дејност. Откриени биле уште 15 негови приврзаници, кои биле уапсени по наредба на обласниот полициски началник.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom