Кој го предаде Гоце Делчев?

Член од
20 февруари 2008
Мислења
57
Поени од реакции
1
:bilokojzbor: иако се боревме заедно за ослободуване од турското ропство..

moze nema vrska so temava, ama greska si. PEDERITE bile slobodni togas, i so toa se dokazuva deka 1912 e odamna planirana. Se dodeka ne se osvestime, ke trpime. Eftov sakase da kaze nesto so emisijata za balkanskite armii. GRCITE SPREMAAT REPRIZA NA 1912, inace ne za dzabe bi trosele tolku pari za vojska. Zatoa ne sprecuvaat da vlezeme vo NATO. I odete site na youtube, pisete END OF SKOPJE, ke izleze video na koe jasno se kazuvaat nivnite nameri

pozz
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
хахха дај бе бидете посериозни, остајте јутјуб и видео игри.

Турција е најголемата причина за Грчкиот страв, потоа нивните окупирани територии во Егејска.
 
A

anaveno

Гостин
Не е за Гоце Делчев,ама поврзано со кодошите:

Приказна од 1905-та за денешните 75 милиони на Бакојани

ГРЦИТЕ ГИ ПРАЌАЛЕ НА БЕСИЛКА ТИЕ ШТО ГИ ПОТКУПУВАЛЕ

Вие сте Грци уште од времето на Александар Велики. И земјата што ја газите е грчка, му велел костурскиот митрополит Каравангелис на разбојникот Коте од с. Руља пред да го поткупи. Така, тој станал борец за грчкото дело во Македонија.

My ја отсекол главата на војводата и поет Лазар Поп Трајков и му ја однел на Каравангелис на тацна, за да докаже дека платата од 10 лири месечно чесно си ја заработува. He требало да помине многу за токму Каравангелис да го предаде на Турците. А, тие, на 27 септември 1905 г. го обесиле среде Битола.

ГРЧКО-ТУРСКИ СОЈУЗ

...Битовски смета дека неговиот крај е резултат на желбата на Каравангелис да ја поврати довербата кај турските власти. Трите турски ордени што според Литоксоу костурскиот владика ги добил за својата антимакедонска борба, му носеле голема обврска....
 

da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
ajde malku povekje sekjavanja za Goce na 105 god od smrtta...da se raboteshe za Tito kje imashe trista postoj za cheho-hrvatot ili kojznae sho beshe.


105 години од загинувањето на Гоце Делчев

02.05.2008 12:11105 години од загинувањето на идеологот на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев, ќе бидат одбележани в недела со панихида на неговиот гроб во црквата Св. Спас и со положување цвеќе пред неговиот споменик во Градскиот парк во Скопје.
.......Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, загина на 4-ти мај пред 105 години.
Делчев е убиен од турска војска во 1903 година во селото Баница, на пат кон Сер.
Целта на неговото последно патување била намерата да го спречи или одложи предвременото востание, кое во тие денови (2 до 7 мај) се договарало на Смилевскиот конгрес во домот на Даме Груев. Делчев сметал дека се уште не се созреани политичките услови за кревање востание што, сепак, ќе се случи на Илинден, три месеца подоцна.
Неговиот 31-годишен живот почнува на 4-ти февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.
Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.
Во зачуваните писма, Делчев пишува дека се бори за слободна и независна Македонија, со широки права на сиромашното население:
„Успехот на борбата ќе дојде со планомерна работа со која ќе им се наложиме на просветените Турци, Грци, Власи, Арнаути. Ќе ги убедиме дека ние искрено се бориме за прогресивно-културна држава, основана врз радикални и социјални принципи во животот и, тогаш, тие доброволно ќе ни подадат братски рака, здружно ќе ја продолжиме сестраната борба. Јас така и го разбирам светот: како поле за културно натпреварување на народите“.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.052
Поени од реакции
11.184
105 години од смртта на Гоце Делчев



Денеска се навршуваат 105 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Делчев е еден од најголемите идеолози на ослободителното движење на македонскиот народ од крајот на 19 и почетокот на 20-от век.

Роден е во Кукуш, Егејска Македонија на 4-ти февруари 1872 година, а загина на денешен ден пред 105 години, во селото Баница, во борба против османлиската војска.

По повод годишнината од смртта на овој револуционер, денеска во Собранието ќе бидат доделени наградите „Гоце Делчев“ на пет научни работници за особено значајни остварувања во области на науката.

Годинешната награда „Гоце Делчев“ им се доделува на академик Владимир Серафимоски, за трудот „Клиничка панкреатологија”; на д-р Фросина Ташевска Ременски, за трудот „Македонското национално малцинство во соседните земји” и на д-р Валентин Мирчески, д-р Шебојка Коморски Ловриќ и д-р Миливој Ловриќ, за трудот „Квадратно-бранова волтаметрија-теорија и примена” ("Sguare-Wave Woltametry: Teory and Application").

A1
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Гоце Делчев е симбол на Македонскиот непокор и непобитност..Гоце Делчев е симбол на нашата борба против непријателите..Секој Македонец го носи во срце..Со Секоја Почит Голем МАКЕДОНЕЦУ...
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
ВЕЧНА МУ СЛАВА, ПОЧИВАЈ ВО МИР МАКЕДОНЕЦУ !
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Сликан неколку дена пред неговото предавство.



НЕМОЈТЕ НИКОГАШ ДА ЗАБОРАВИТЕ КОЈ ГО ПРЕДАДЕ АПОСТОЛОТ НА МАКЕДОНСКОТО РЕВОЛУЦИОНЕРНО ДЕЛО!



Гоце Делчев како да го посакувал тоа за да може целосно да му се посвети на македонското националноослободително дело. Така, во есента 1894 година станал учител во Штип, каде што веќе работел Даме Груев. Тука веднаш влегол во редовите на МРО и активно се вклучил во проширувањето на организационата мрежа во другите градови и села. На тие места Делчев создал здрави и цврсти бази на МРО, основал канали и погранични пунктови за пренесување на оружје, муниција и литература. При обиколката на тие места насекаде формирал месни комитети МРО.

Во есента 1896 година Делчев заминал за учител во Банско, Разлошко, каде што ја продолжил својата револуционерна дејност. Меѓутоа, наскоро дал оставка на учителската дејност, за да може целосно да се занимава со револуционерна дејност за потребите на македонското ослободително дело.

Уште додека учителствувал во Штип и Банско, по одржувањето на наставата, Делчев активно се занимавал со организаторска и агитаторска дејност. Напуштајќи ги училишните простории, особено по завршувањето на часовите, Делчев крстосувал по околните села и градови и вршел помасовно зачленување на населенито во редовите на ТМОРО. Така ТМОРО постепено ги префрлила градските ѕидини и се преселила и на село. Неделните училишта за возрасни, црковните и манастирските дворови за време на богослужбата претставувале идеални места за ширење на мрежата на ТМОРО. Свртувајќи го вниманието на селските маси, благодарејќи пред сé на поголемата Делчева ангажираност, се пристапило кон посмело, отворено и помасовно влегување на народот во редовите на ТМОРО. Со тоа се подигнало нивото на самочувството дека му се припаѓа на еден народ кој има своја традиција и дека е дојдено време тој да се ослободи од повеќевековниот османски поробувач.

Во пролетта 1895 година, за време на распустот, Гоце Делчев извршил повеќе обиколки во Македонија: во Велес, Солун, Кукуш, Дојран, Струмица, Радовиш и многу околни места во овие градови. Во сите тие места Гоце Делчев основал месни комитети на Организацијата и извршил масовно зачленување на населението во редовите на ТМОРО.

Мошне значајна е Делчевата дејност идното лето (1896 г.), кога во Солун се одржал Конгрес на ТМОРО. Заедно со Ѓорче Петров, го изработил нацртот на уставот и правилникот на Организацијата, која во иднина ќе се вика Тајна македонско - одринско револуционерна организација (ТМОРО). Во Уставот, кој содржел 19 члена, распоредени во четири глави, се следи политичката програма на македонското ослободително дело. Според него, Организацијата е “внатрешна” македонска (со вметнување на Одринско, кое сé уште не било ослободено од османлиите), која единствено ќе раководи со ослободителното дело на Македонија. Издигнувајќи го принципот на самостојност, независност и сувереност на Организацијата, без некакви надворешни попсегнувања и мешања, а особено оние кои што доаѓале од софискиот Врховен македонски комитет, била прокламирана целосна политичка автономија на Македонија и Одринско. Во таа смисла, според Член 1 од Уставот, се предвидувало дека ТМОРО има за цел да ги обедини во едно, сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народност, преку револуција, за извојување на политичка автономија. Значи со Уставот се трасирале патиштата за натамошниот развој на македонската ослободителна борба, дека патот кон слободата на македонскиот народ води само преку револуција, која ќе изврши коренити промени во општествено - политичкиот и социјалниот систем во земјата, но и во свеста на македонскиот народ.

Во периодот од 1896 до 1901 година Гоце Делчев, заедно со Ѓорче Петров, бил задграничен претставник на ТМОРО во Софија. Во оваа дипломатска мисија двајцата основоположници на Организацијата, во Бугарија настојувале да ја заштитат македонската ослободителна борба од ВМК во Софија и од освојувачките стремежи на бугарскиот двор.

Од 1897 година, па сé до смртта, во својство на општопризнат основоположник на четите на Организацијата и инспектор на револуционерните окрузи, Гоце Делчев праве повеќе обиколки низ Македонија, во повеќе правци и по неколку пати повторувања. Во историската наука е познат “Големиот поход на Гоце Делчев во 1901/1902 година во централна, западна и јужна Македонија”. Станува збор за Делчевата ревизија и организационата мрежа на ТМОРО, почнувајќи од Радовишко, преку Тиквешијата, во Прилепско и Битолско, завршувајќи во Леринско и Костурско.

Во почетокот на 1903 година Гоце Делчев со својата чета ги обиколил Серско и Струмичко. Во април истата година патувал за Солун со намера да го разубеди Даме Груев да го смени решението за кревање на предвремено и недоволно подготвено востание во Македонија. Не успевајќи во тоа, и доста разочаран, на враќање, за да земе учество на Серскиот окружен конгрес, предаден и следен, загинал на 4 мај 1903 година кај селото Баница, Серско.

Целиот свој краток 31 -годишен богат и плоден живот Гоце Делчев го посветил на самостојноста и самобитноста на македонското националноослободително движење, за подоброто утре на својот народ. Поради сето тоа, тој голем син на македонскиот народ зазема најзначајно - врвно место во историјата на Македонија.

Гоце Делчев водел непомирлива борба за ослободување на Македонија од стегите на османското владеење, потоа против посегнувањето на големобугарската завојувачка политика и на балканските земји во Македонија. Во таа смисла, неговата револуционерна девиза била борба за автономија на Македонија во рамките на Османската држава, како преодна фаза кон конечно ослободување на Македонија. Тоа значи дека тој го воспитувал македонскиот народ врз принципите на македонската автономија како услов за братско сожителство на слободните балкаснски народи. Оттаму, мошне јасна е неговата позната изрека: “Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите”.

Со својата храброст и личен пример, овој голем македонски син го будел духот за слобода на поробениот македонски народ, неговите чувства за самостоен живот, а со тоа ги продолжувал револуционерните традиции за национално и социјално ослободување. Затоа, неговото станало светол симбол, легенда во натамошните борби на македонскиот народ за извојување на слобода на татковината, поради што народот го опеал во народните песни.


Ѓорче Петров, Никола Малешевски и Гоце Делчев



Вечна му слава!
 
A

anaveno

Гостин
GREEKS BETRAY MACEDONIANS

Threatened Outbreak This Spring Will Probably Be Prevented-Montenegrans to Invade Turkey?

LONDON TIMES-NEW YORK TIMES
Special Cablegram.

LONDON, March 31.

A dispatch to The Times from Athens says the grave situation in Macedonia and Albania causes considerable uneasiness.
It is thought that the propaganda of the Macedonian committee in Bulgaria is somewhat discredited among the wealthier classes, owing to the crimes and extortion connected With it.

Still, the physical force party which may be compared to the Fenian section of the Irish Nationalists, continues to follow the lead of ex-President Sarafof, who has planned a general rising of Christians in the coming Spring.

The dispatch says that the overtures made in Athens and Belgrade have not been found tempting and that the Greeks havae disclosed the scheme to Turkey.

This, in conjunction With the strong military precautions being taken, will probably prevent the threatened outbreak.
Improvement, however, is impossible Without reform, and the Sultan's personal fears and the disunion of the European powers make the prospect of reform remote.



Published: March 31, 1902

Copyright © The New York Times
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Сепак, изгледа дека прадавството е на Врховниот комитет, т.е. на Софија. Впрочем, откако се донесени решенијата за Илинденското востание, Гоце оди на теренот, а врховистите свикуваат нови нелегални конгреси на Организацијата во која донесуваат нови одлуки за дигање на фронтално востание (што = на целосен неуспех). Набргу потоа, Гоце е ликвидиран.


ТРАГИТЕ ОД ПРЕДАВСТВОТО НА ДЕЛЧЕВ СЕ УШТЕ ПОСТОЈАТ




Убиството на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев не било сплет на околности, туку смислено предавство за негова физичка елиминација, смета Михајло Миновски, историчар, кој направил обемно истражувања на овој настан. Тој тврди дека постојат низа пишани документи што укажуваат дека ликвидацијата на Делчев на 4 мај 1903 година во село Баница, Серско, била инспирирана од Врховниот македонски комитет од Софија.


* Во историографијата не е се' уште расчистено дали убиството на Делчев е резултат на добрата акција на силите на Османлиската држава или на предавството?

- Индициите дека е извршено предавство долго не можеа да добијат соодветна потврда, главно, поради недостигот од докази. Но, во бугарскиот Централен државен историски архив, најдовме неколку извештаи на Бугарското трговско агентство во Сер, кои укажуваат на континуираното дејствување на бугарскиот фактор и на експонентскиот Врховен македонски комитет во Софија за елиминација на Делчев. Македонска револуционерна организација под раководството на Делчев за само неколку години стана масовно национално-ослободително движење. Тоа не им одговараше на владејачките кругови во бугарското кнежевство. Било примено како директно загрозување на големобугарските претензии кон нашата земја.

Токму тогашниот претседател на бугарската влада Константин Стоилов им упатил инструкција на бугарските трговски агенти во Османлиското Царство „да го знаат дејствувањето на таа Организација и да постигнат такво влијание за таа да не може да прави ништо што е спротивно со гледиштето на бугарската влада“.

* Кој бил преломниот момент во планот за елиминацијата на Делчев?

- Како што е познато, Делчев категорично се спротивставувал на кревањето на востанието во 1903 година. Сметал дека не се поволни околностите - од расположението на европските сили до степенот на вооружувањето на борците. И бил во право. Наспроти ова, бугарските врховистички елементи, кои имаа стратегија за инфилтрација во Организацијата, му даваат задача на Иван Гарванов, Бугарин од Стара Загора, што побргу да ја наметне одлуката за кревањето на востанието. Се очекувало османлиската војска најжестоко да се пресмета со македонските востаници. Со тоа, истовремено, би се убил секаков стремеж кај македонскиот народ за создавање самостојна македонска држава, а ослободувањето би се очекувало од бугарското кнежевство.

Таквата одлука за кревањето на востанието била донесена на јануарскиот конгрес во Солун. Врховистите стравувале дека Делчев, со својот авторитет, може да издејствува да се поништи решението за востание напролет. Затоа било потребно физички да се елиминира. Не сакаленепосредно да се ангажираат во ликвидацијата за да немало негативни последици по врховизмот. Бил воспоставен систем на перманентно следење на Делчев од врховистичките елементи, дојавување на неговото престојувалиште во Баница и конечната пресметка.

* Може ли да се каже конкретно кој е предавникот?

- Тајната за предавството на Делчев и за директната вмешаност на бугарската влада и на кнежевскиот двор била разоткриена по само неколку месеци од задушувањето на Илинденското востание. Непосредни актери биле тогашниот министер Паприков и агентот Кулишев, кои непосредно влијаеле на Солунскиот конгрес да се донесе одлука за предвременото востание. Тоа било утврдено на Собранието на раководителите на МРО одржано во почетокот на 1904 година. Водечките личности на МРО се изјасниле дека Бугарија со својата политика била и останала главен виновник за трагедијата на македонскиот народ. Тогаш биле констатирани и основани индиции за непосредната вмешаност на инфилтрираните врховисти и за предавството на Делчев. Раководствата на Серскиот и на Драмскиот револуционерен округ биле задолжени да преземат мерки за утврдувањето на предавството на Делчев. На терен биле упатени неколку вооружени чети, меѓу кои и четата на Георги Радев. Таа чета жестоко ги казнила тие за кои се утврдило дека го предале Делчев. Селаните од Баница Марин Георгакиев и Коста Маџаров биле застрелани, првиот на местото на загинувањето на Гоце Делчев, а другиот на неговиот гроб.

Има и други верзии за тоа кој го извршил предавството. Британскиот конзул од Серес, Теодоридес, во извештајот напишал дека на 4 мај во близина на Баница бил уапсен учител врз чиј исказ било блокирано селото. Францускиот конзулски агент, пак, тврди дека предавството го извршил неидентификуван селанец. Тоа го објавил и Пеју Јаворов, близок соработник на Делчев, кој ја дал и втората верзија според која предавството го направил „учител Андреј“. Даме Груев, пак, во своите спомени посочува дека предавникот бил некој благајник. Тврдењето на Ѓорче Петров за можно непосредно учество на Иван Гарванов во тоа останува недокажано. Бугарските историчари загинувањето на Делчев го претставуваат како сплет на несреќни околности.

Бранко Ѓоргевски


.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F7D793D04B8AFE49A646EBBF211D59BB
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Има и други верзии за тоа кој го извршил предавството. Британскиот конзул од Серес, Теодоридес, во извештајот напишал дека на 4 мај во близина на Баница бил уапсен учител врз чиј исказ било блокирано селото. Францускиот конзулски агент, пак, тврди дека предавството го извршил неидентификуван селанец. Тоа го објавил и Пеју Јаворов, близок соработник на Делчев, кој ја дал и втората верзија според која предавството го направил „учител Андреј“. Даме Груев, пак, во своите спомени посочува дека предавникот бил некој благајник. Тврдењето на Ѓорче Петров за можно непосредно учество на Иван Гарванов во тоа останува недокажано. Бугарските историчари загинувањето на Делчев го претставуваат како сплет на несреќни околности.
Сите си навртиле капа, и сите си напишале дека бил „некој“....

Нешто е труло у државата Данска.

КОЈ ГО ТОА НАПРАВИ!?
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Њујорк Тајмс известувањето го добиле од дописник од Софија, така што многу е веројатно некој да има шпекулирано со информацијата за предавство од страна на "грк".

Според мене поверојатно е Врховниот комитет да стои зад убиството на Гоце. :toe:
 
Член од
25 јули 2008
Мислења
21
Поени од реакции
0
da bevte sega pod tursko makedonija ke bese celo, so solun bez vizi ke idevte bez maltretiranje ama ete ksmetot vi bil takov
 
Член од
23 јули 2008
Мислења
11
Поени од реакции
0
da bevte sega pod tursko makedonija ke bese celo, so solun bez vizi ke idevte bez maltretiranje ama ete ksmetot vi bil takov
Да, да, точно така штеше да б'де.Manastir vilâyet, Üsküp vilâyet, Gorna Djumaya vilâyet, обединени с албанските вилаети в нјакаква странна административна единица, подобно на Marmara Bölgesi (нерде Тракија, нерде Мала Азија). С изучаване на турски език, турска историја, гласуване на турски избори и праштајки дечковци като аскер да се бијат с кјурдите в Анадола за целостта на родината Türkiye. Супер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom