Каде е “поинаквиот концепт“ на БЦ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Svetovid
  • Време на започнување Време на започнување

Svetovid

Триглав
Член од
26 февруари 2006
Мислења
868
Поени од реакции
44
За оние кои заборавија, после ветото од јужните цигани БЦ ја даде следнава изјава: „Меѓутоа имаме нова реалност после овој самит, можеме со извесност да претпоставиме дека слични работи не очекуваат до процесот на нашето интегрирање кон ЕУ, што значи имајќи ги ви предвид тие факти, треба да ги дефинираме или редефинираме начините на коишто ќе функционираме. Од тој аспект гледано, подготвен сум заедно со Владата, заедно со клучните политички партии, меѓутоа и многу пошироко со целокупниот мислечки потенцијал во Република Македонија, да дефинираме еден малку поинаков поинаков концепт, пак ќе речам, не во остварувањето на целите и крајните цели, туку како тоа ќе функционира во наредниот период. А се со цел на најдобар начин да ги заштитиме, одбраниме и во моментов и перспективно, националните и државни интереси на република Македонија“
Во меѓувреме јужните цигани ја засилија својата пропаганда, а особено засилија со провокациите и притисоците враз Македонија, а ние сеуште си седиме како овци и глимиме кооперативност и конструктивност. Па јас би го прашал лицето БЦ до каде е со “новиот концепт“? Ќе го развие ли во скоро време, или се отрезни, па заборави што кажа во Букурешт додека беше “под влијание“?
 
Па ете вчерашната излава на б.ц.-луцифер му беше дека бил спремен да даде ама не се.Значи последниот поход на б.ц.-луцифер му е да го смени името на државава,а тоа политички само тој во моментов го можи како што рече стојан андов и го поддржа во тоа.Ете тоа му е новиот концепт на б.ц.-луцифер.
 
Како и се друго кажано типично за родот Плавикус Криминаликус остана само кажано.
 
Па ете вчерашната излава на б.ц.-луцифер му беше дека бил спремен да даде ама не се.Значи последниот поход на б.ц.-луцифер му е да го смени името на државава,а тоа политички само тој во моментов го можи како што рече стојан андов и го поддржа во тоа.Ете тоа му е новиот концепт на б.ц.-луцифер.

Извини, стварно си толку наивен или така ти одговара да се правиш во моментот ? Де Б.Ц. е предавник, де Б.Ц. ќе го продал името, де бил спремен да дава итн....Кажи ми дали некој од државниот ни врв директно инволвиран во преговорите ( Премиерот, министерот за надворешни работи или преговарачот Димитров) како и тие индиректно вклучени во тој процес јасно и јавно се изјаснија против преговори ? НЕ. А, преговорите за што се ? За извоз на македонското јагне ли се ? НЕ. За жал преговорите се за изнаоѓање на компромисно решение за името, а компромис значи двете спротивставени страни да ги напуштат своите тврди позиции и ставови и со отстапки да ги приближат така да не бидат ниту целосни победници, ниту пак целосни губитници. Ни се допаѓало тоа нам или не, таа е вистината...Цел свет не притиска и нас и грците на компромис. Затоа треба да ги напуштиме тие позиции на барање предавник дежурен виновник, без разлика дали е Црвенковски или Груевски, туку еднаш за промена да заземеме заеднички став како зрела држава (тука грците излегоа по курнази од нас) и да ја поделиме и одговорноста и ловориките (ако ги има). Нашата неединственост само на другите им е во корист, а не и на нас.:toe:
Поздрав, не мора да се согласуваш тука со мене, ама ако ме демантираш гледај нека биде со аргументи и тоа издржани.
 
Стратегијата што ја усвоила владата во Атина веднаш по самитот на НАТО, Македонија во следните неколку месеци ќе се соочи со сериозни притисоци од страна на Грција која во наредниот период треба да „глуми“ дека сака преговори и дека е конструктивен во барањето взаемно прифатливо решение, а всушност само ќе се обидува да ги пролонгира преговорите и ќе го зајакнува притисокот врз Македонија.

Меѓу мерките предвидени да се спроведат во следните неколку месеци се:
  • заострена царинска, полициска и санитарна контрола на лицата и стоката што од Македонија влегуваат во Грција,
  • построги процедури при издавање на грчки визи,
  • се до блокада на евентуалниот договор на Македонија со ЕУ за либерализација на визниот режим.
Во максимална активност треба да се стават и сите дипломатски претставништва во странство, кои во јавноста во земјите членки на Алијансата и ЕУ, треба да ја оцрнуваат Македонија како крадец на грчката историја.

Под притисок на САД, Грција ќе продолжи со јавните барања за брзо продолжување на преговорите, а во реалноста ќе се „купува“ време до септември.
Целта е Македонија, исто како пред самитот на НАТО, да биде ставена во временски теснец пред ноемврискиот извештај на Европската Комисија, за да попушти доколку сака да добие датум за преговори за членство во ЕУ.

Незадоволна од последните предлози на Нимиц, во кои се искристализира позицијата дека Македонија во графите за нација и јазик во ОН треба да го зачува атрибутот македонски, Грција сега ќе се обидува сегашниот македонски идентитет да го замени со посакуваната географска одредница, па македонските граѓани би се нарекувале „Горномакедонци“ или „Северномакедонци“.
 
Во меѓувреме јужните цигани ја засилија својата пропаганда, а особено засилија со провокациите и притисоците враз Македонија, а ние сеуште си седиме како овци и глимиме кооперативност и конструктивност. Па јас би го прашал лицето БЦ до каде е со “новиот концепт“? Ќе го развие ли во скоро време, или се отрезни, па заборави што кажа во Букурешт додека беше “под влијание“?

Треба водење на строга контрола во давањето на изјави, пред се, од високи државни и партиски раководители. Бидејќи од досегашната практика се забележуваат и изјави кои, не само што откриваат наши слабости и недостатоци, туку со тоа се создаваат реални претпоставки за нанесување на директна штета на нашите државни интереси.

-Офанзивност, наместо дефанзивност.
Тоа што во овој момент е неопходно во врска со името е да престанеме понатаму да се однесуваме како ние да сме го предизвикале проблемот, како ние да атакуваме на другата страна, како ние да напаѓаме, а не како другата страна да атакува на нас, па произлегува дека ние се браниме.
А, тоа значи замена на сегашната дефанзивност со нужната офанзивност. Но тоа не подразбира и некооперативно однесување во разговорите со другата страна, туку напротив - обратното.
Во оваа смисла е нужна поголема отвореност и поголема храброст во изнесувањето на факти и податоци, а ги имаме повеќе, така што, и кога не би го сакале тоа, тие одат - во наша корист, наместо како досега со ништо неоправданото „свиткување на опашот “.

Неопходно би било соодветно влијание и стратегија на електронските и на пишаните медиуми во државата, што не подразбира, кога се во прашање виталните државни и национални интереси, навлегување во слободата на говорот и слободата на мислата, што и инаку е практика и на организираните демократски држави, преку, пред тоа, организирање на посебни средби во таа смисла, зашто поинаку постои можност и до изместување на веќе договорените и утврдените основни државни и на општествените интереси и одредници.

Проф. д-р Благоја Брајановски
 
НЕ. А, преговорите за што се ? За извоз на македонското јагне ли се ? НЕ. За жал преговорите се за изнаоѓање на компромисно решение за името, а компромис значи двете спротивставени страни да ги напуштат своите тврди позиции и ставови и со отстапки да ги приближат така да не бидат ниту целосни победници, ниту пак целосни губитници.

Двете спротивставени Страни се обврзани на преговори со член 5 алинеја 1 од Привремената Спогодба од 13.септември 1995. Според цитираниот член на Спогодбата, целта на преговорите е усогласување на разликите околу името на Втората Страна.

Ни се допаѓало тоа нам или не, таа е вистината...Цел свет не притиска и нас и грците на компромис.

Тоа што ти се причинува дека е цел свет, не е цел свет. Навистина, фатаморганата е доста значаен фактор, но сепак, само мал дел од светот.

Затоа треба да ги напуштиме тие позиции на барање предавник дежурен виновник, без разлика дали е Црвенковски или Груевски, туку еднаш за промена да заземеме заеднички став како зрела држава (тука грците излегоа по курнази од нас) и да ја поделиме и одговорноста и ловориките (ако ги има). Нашата неединственост само на другите им е во корист, а не и на нас.

Заеднички став на државно ниво за менување на името Македонија може да донесе политички ентитет од класата на Бугарија или Грција. За држава која се нарекува Македонија таков став е contradictio per se, и следователно апсурдно е да биде баран на државно ниво; како идеја може да биде застапуван исклучиво од поедници - платени пропагатори од класата на Љубомир Фрчковски, или пак од заблеани овци без моќ на самостојно расудување.

Нема нова реалност, се е исто како и порано. Изјавите на президентот се само приспивна дрога наменета за заблеаните овци, за да не случајно им се активира некој центар во мозокот.
 
Двете спротивставени Страни се обврзани на преговори со член 5 алинеја 1 од Привремената Спогодба од 13.септември 1995. Според цитираниот член на Спогодбата, целта на преговорите е усогласување на разликите околу името на Втората Страна.

Тоа што ти се причинува дека е цел свет, не е цел свет. Навистина, фатаморганата е доста значаен фактор, но сепак, само мал дел од светот.

Заеднички став на државно ниво за менување на името Македонија може да донесе политички ентитет од класата на Бугарија или Грција. За држава која се нарекува Македонија таков став е contradictio per se, и следователно апсурдно е да биде баран на државно ниво; како идеја може да биде застапуван исклучиво од поедници - платени пропагатори од класата на Љубомир Фрчковски, или пак од заблеани овци без моќ на самостојно расудување.

Нема нова реалност, се е исто како и порано. Изјавите на президентот се само приспивна дрога наменета за заблеаните овци, за да не случајно им се активира некој центар во мозокот.

Павле,со тоа што си го болдирал делот од мојот пост токму така, само го реметиш контексот на мислата.
Значи да појаснам, не зборувам за заеднички став за промена на името, туку за промена на досегашната практика на неединствен став по тоа прашање, и за промена, еднаш да се заземе заеднички став. Има разлика во тоа.:toe:
 
Извини, стварно си толку наивен или така ти одговара да се правиш во моментот ? Де Б.Ц. е предавник, де Б.Ц. ќе го продал името, де бил спремен да дава итн....Кажи ми дали некој од државниот ни врв директно инволвиран во преговорите ( Премиерот, министерот за надворешни работи или преговарачот Димитров) како и тие индиректно вклучени во тој процес јасно и јавно се изјаснија против преговори ? НЕ. А, преговорите за што се ? За извоз на македонското јагне ли се ? НЕ. За жал преговорите се за изнаоѓање на компромисно решение за името, а компромис значи двете спротивставени страни да ги напуштат своите тврди позиции и ставови и со отстапки да ги приближат така да не бидат ниту целосни победници, ниту пак целосни губитници. Ни се допаѓало тоа нам или не, таа е вистината...Цел свет не притиска и нас и грците на компромис. Затоа треба да ги напуштиме тие позиции на барање предавник дежурен виновник, без разлика дали е Црвенковски или Груевски, туку еднаш за промена да заземеме заеднички став како зрела држава (тука грците излегоа по курнази од нас) и да ја поделиме и одговорноста и ловориките (ако ги има). Нашата неединственост само на другите им е во корист, а не и на нас.:toe:
Поздрав, не мора да се согласуваш тука со мене, ама ако ме демантираш гледај нека биде со аргументи и тоа издржани.

Па Калипсо обединетост и единственост околу проблемот со името е единствен начин да се извлече нешто позитивно од оваа мат позиција. Впрочем и Димитров во Х0 кажа дека треба да се издигнеме над ситните политичку интереси, и да изградиме единствена стратегија. Што следеше после сами знаете.
Стратегијата што ја усвоила владата во Атина веднаш по самитот на НАТО, Македонија во следните неколку месеци ќе се соочи со сериозни притисоци од страна на Грција која во наредниот период треба да „глуми“ дека сака преговори и дека е конструктивен во барањето взаемно прифатливо решение, а всушност само ќе се обидува да ги пролонгира преговорите и ќе го зајакнува притисокот врз Македонија.

Меѓу мерките предвидени да се спроведат во следните неколку месеци се:
  • заострена царинска, полициска и санитарна контрола на лицата и стоката што од Македонија влегуваат во Грција,
  • построги процедури при издавање на грчки визи,
  • се до блокада на евентуалниот договор на Македонија со ЕУ за либерализација на визниот режим.
Во максимална активност треба да се стават и сите дипломатски претставништва во странство, кои во јавноста во земјите членки на Алијансата и ЕУ, треба да ја оцрнуваат Македонија како крадец на грчката историја.

Под притисок на САД, Грција ќе продолжи со јавните барања за брзо продолжување на преговорите, а во реалноста ќе се „купува“ време до септември.
Целта е Македонија, исто како пред самитот на НАТО, да биде ставена во временски теснец пред ноемврискиот извештај на Европската Комисија, за да попушти доколку сака да добие датум за преговори за членство во ЕУ.

Незадоволна од последните предлози на Нимиц, во кои се искристализира позицијата дека Македонија во графите за нација и јазик во ОН треба да го зачува атрибутот македонски, Грција сега ќе се обидува сегашниот македонски идентитет да го замени со посакуваната географска одредница, па македонските граѓани би се нарекувале „Горномакедонци“ или „Северномакедонци“.
Епа Брату, нели сега ти текнува на еден заклучок, дека деновие не треба да се случува нешто што се случува во нашата стара и убава Македонија:smir:
 
Бранко Црвенковски продолжува да ја поткопува Македонската позиција за неменување на името!

Ова говедо повторно изрази спремност минатиот четврток за компромис т.е., промена на името, овој пат пред германскиот претседател Кохлер.

Да се потсетиме, притисокот врз Македонија пред самитот во Букурешт пошна откако Бранко јавно даде сигнал дека сме спремни на компромис т.е., промена на името.

"...President Crvenkovski noted that Macedonia, despite the snap parliamentary polls, would resume to take active participation in the negotiation process and to seek for a solution.

"Republic of Macedonia is not ready to accept anyone's dictate. We are prepared, in the name of the future of this country, to pay a certain price. However, we are not prepared to pay any kind of price", stressed Crvenkovski, voicing his optimism that a solution can be found if all parties involved in the process act with the same political will.

Asked whether Macedonia should make additional concessions in the name dispute, Koehler referred to Crvenkovski's words that the country is ready for a compromise, but not at any price.

Regarding Germany's readiness, alongside other European countries, for a more concrete initiative in the Macedonia-Greece name dispute, the German President was clear there is an appointed UN mediator for the issue.

"Europe is especially interested in resolving the problem, so that situation in Macedonia is finally resolved", stated Koehler. ..."

http://www.turkishweekly.net/news.php?id=54541

.
 
Еве што ќе се праќа во ЕУ и на други места:

Факти за заднината на грчката политика кон Македонија

Македонскиот народ не може да верува дека сето ова што му се случува е дел од современиот мозаик на демократска и легалистичка Европа. Дали вие верувате во тоа? Толеранцијата е синоним за култура, но може да значи и соучесништво, како во конкретниов случај. Чистата совест не смее да биде резултат (само) на слабо паметење:

3BB232DD04D9B24CBE3F8E7F70EFD444.jpg

1. Во април 1993 година, при приемот на Република Македонија, беше грубо прекршена Повелбата на ООН. Иако државата целосно ги исполнуваше сите критериуми пропишани со членот 4, и' беа додадени уште два нови услова! Тоа беше направено под силен грчки притисок. Во таа пригода беше игнориран фактот дека, во 1948 година, ГС на ООН има усвоено резолуција со која е стриктно прецизирано дека не е можно проширување на условите за прием во светската организација! Така, без преседан во функционирањето на ООН, без каква било легална основа, беше доведено во прашање историското и уставно име на РМ и и' беше наметната бесмислената референца: поранешна југословенска република Македонија. Значи, приемот на РМ во ООН беше класичен пример на силување на правдата, законите, процедурите и на правилата од страна на силата и политиката. Како резултат на тоа, оттогаш до денес РМ трпи исклучително тешки политички, економски и социјални последици.Доминација на политиката над правдата

2. Во првата половина на 90-тите години, за да ги постигне своите нелегитимни цели, Грција речиси две години ја блокираше границата на РМ, која истовремено беше граница на тогашната ЕЗ. Блокадата му нанесе огромни штети на стопанството на РМ, бидејќи низ пристаништето во Солун, кое нема природна алтернатива, транзитира значаен дел од извозот и увозот на земјата. Со оглед дека тоа беше спротивно на сите меѓународни норми и директно кршење на член 5 од ГАТТ (со кој се гарантираше непречен транзит на сите стоки), останатите 14 членки на ЕЗ ја дадоа Грција на Судот во Стразбур. Судот повеќе од две години не го разгледуваше случајот и не донесуваше никаква одлука, иако РМ секојдневно трпеше огромни штети. Откако беше потпишана Привремената спогодба (ПС) меѓу РМ и Грција, во 1995 година, со која беше прекината илегалната блокада, Судот го прогласи случајот за неактуелен! Тоа беше школски пример на доминација на политиката врз правдата.РМ не возврати на блокадата, иако можеше тоа да го стори: грчките возови и камиони слободно транзитираа.

3. Со Привремената спогодба (член 11), која е меѓународен правен документ, потпишан под патронат на ООН и депониран во светската организација, Грција се обврза да не го попречува интегрирањето на РМ во меѓународните организации и асоцијации во кои е таа член. Со таа обврска, Грција официјално се откажа од правото на вето, кое формално го има и во НАТО и во ЕУ. Во април 2008, на Самитот на НАТО во Букурешт, Грција не ја почитуваше својата меѓународна обврска, преземена со ПС, и го блокираше приемот на РМ во алијансата. РМ ги имаше исполнето сите критериуми потребни за членство, што беше оценка на сите членки, вклучувајќи ја и Грција.

4. Заднината на грчката политика покажува дека проблемот со името е заради фактот дека тоа го дефинира националниот идентитет на македонскиот народ. Се' до распаѓањето на Југославија, преку нејзиниот Генерален конзулат во Скопје, Грција официјално (во своите ноти) го користеше историското и уставно име на државата (тогаш дел од југословенската федерација) - (Социјалистичка) Република Македонија. Проблемот настанува со најавата на распадот на Југославија. Грција беше загрижена дека целосно независна РМ ќе значи недвосмислена афирмација на македонскиот народ, што, порано или подоцна, ќе води до неизбежно отворање на прашањето на третманот и позицијата на целосно обесправеното македонско национално малцинство во Грција. Ова малцинство е основата на грчката политика во однос на името на РМ. Грција живее со митот дека нејзиното население е хомогено и не признава постоење на национални малцинства, кои се меѓутоа неспорни. Тоа го потврдуваат и годишните извештаи за човекови права на американскиот Државен секретаријат, и документи на Советот на Европа и...

5. Проблемот на Грција е постоењето на одделен македонски национален идентитет, сублимиран во името на државата. Со децении таа ги едуцираше сите свои генерации дека Македонци - не постојат. Затоа, цел на грчката стратегија е промена на името, заради разнебитување на идентитетот на македонскиот народ. Доколку ја нема Франција, нема ниту Французи, без Данска нема Данци... Логиката е едноставна: доколку нема изворна македонска нација, не може да стане збор ниту за македонско малцинство во Грција!

6. Врв на апсурдните грчки манипулации сврзани со името на РМ е најновото тврдење дека Грците се Македонци! Целта е повторно проѕирна: ако се тие Македонци, не може да станува збор за постоење на друга македонска нација. Таа измислица не може да ги издржи прашањата: од каде се тие Македонци? Од кога? Како станале Македонци? Дали како такви се декларирале на некој попис? На кој јазик зборуваат? Македонски? Очигледно, грчката цел не избира средства.

7. За прв пат во историјата Грција доби пристап (access) на дел од регионот Македонија во 1913 година, по Втората балканска војна, со Букурешкиот мировен договор, кога Македонија беше распарчена. Никогаш порано дел од Македонија не бил под грчка власт! Делот од Македонија и Тракија, кои Грција ги доби во Букурешт, се' до средината на 30-тите години, во сите нејзини официјални документи се нарекуваа Новоосвоени територии (или Нова Грција). По тоа, тој регион беше наречен Северни територии и тоа име се користеше се до август 1988 година.

8. Поради многубројното македонско население што остана под Грција по 1913 година, името Македонија беше, практично - забрането за користење. Никогаш во својата историја, се' до август 1988 година, Грција официјално не го користеше тоа име. Тогаш (кога е веќе извесно распаѓањето на Југославија), со декрет на премиерот, областа доби неформално име Македонија и Тракија, бидејќи тоа не е дел од административно-политичката поделба на земјата. Паралелно, три дистрикти се преименувани во Западна Македонија, Централна Македонија и Источна Македонија и Тракија. Тоа значи дека ВО ГРЦИЈА НЕМА ПРОВИНЦИЈА КОЈА ГО НОСИ ИМЕТО МАКЕДОНИЈА! Тоа е една од грчките многубројни манипулации, која е од сите прифатена. Но, и да има провинција со исто име, таа не може да го доведува во прашање името на суверена држава.

Правило на првенството

9. РМ го носи своето име од 1944 година, кога беше и прокламирана македонската држава. Република Македонија БЕШЕ ПРВАТА ШТО ГО КОРИСТЕШЕ ИМЕТО МАКЕДОНИЈА и според меѓународното право, дефинирано во правилото Qui prior est tempore, potior est jure, НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА § ГО ОСПОРИ ТОА ИМЕ.

10. Цело време Грција цврсто стои на својата позиција, чија основна и единствена цел е разнебитување на македонскиот национален идентитет. Од самиот почеток, Грција жестоко инсистира во името на РМ да го нема зборот Македонија. Со изнудената Лисабонска декларација од 1992, Грција ја доби дури и поддршката од ЕЗ која, меѓутоа, брзо ја сфати апсурдноста на тоа барање и дискретно се повлече. Факт е дека РМ со целата своја територија (100 отсто) лежи во регионот Македонија. Дел од истиот регион, кој се наоѓа во Грција, претставува само 23,9 отсто од нејзината вкупна територија. И заради тоа, никој не може да и' го оспори правото на РМ да го користи името Македонија.РМ не и' го оспорува на Грција правото да го користи името Македонија според своите потреби и во согласност со меѓународните стандарди.

11. Врз основа на сите овие факти, сосема е јасно дека грчката пропаганда, дека тие преминале две третини од патот до компромис за името, се чиста манипулација. Тврдењата дека тоа го постигнале со „спремноста“ на РМ да и' го „дозволат“ користењето на зборот Македонија во нејзиното име, се апсолутно неодржливи. Значи, евидентен факт е дека Грција не се помрднала ниту за милиметар од своите првични, тврдоглави и целосно неосновани барања. Останува отворено и прашањето врз основа на што Грција бара и инсистира на целосна ексклузивност во користењето на името Македонија?

Промена на тактиката

12. Кога и самата Грција се увери дека никако не може да го оспори користењето на зборот Македонија во името на северниот сосед, таа ја промени тактиката и сега настојува значењето на тој збор да се релативизира, односно да не ја симболизира македонската нација. Тактиката е променета, но целта останува: разнебитување на македонскиот национален идентитет. Дека е тоа точно зборува и реакцијата на министерката за надворешни работи Бакојани на најновата изјава (април 2008) на американскиот помошник-државен секретар Даниел Фрид, дека македонската нација и јазик не се таканаречени, како што тврдат Грците, туку реалност. Таа веднаш одговори дека такви изјави не придонесувале за решавањето на проблемот и дека тие нема да се инволвираат во такви дискусии! Зар е можно денес некој да поддржува игнорирање на еден народ?

13. За разлика од екстремната грчка непопустливост во процесот на решавање на овој наметнат проблем, РМ покажа целосна кооперативност и флексибилност, иако сите аргументи и факти беа на нејзина страна. До сега, РМ направи, во меѓународната практика, невидени отстапки: го промени својот Устав, со цел на Грција да и' се дадат додатни гаранции а) за неповредливоста на границите и б) за не мешање во нејзините внатрешни работи, преку македонското малцинство. Интересно е дека Грција таква гаранција бараше, иако тврди дека македонско малцинство во земјата - нема! РМ го смени и знамето, чиј симбол го оспоруваше Атина. Треба да се спомене и фактот дека т.н. Бадентерова комисија, која во името на ЕЗ оценуваше кои држави од распаднатата федерација заслужуваа меѓународно признавање, одреди дека само РМ и Словенија ги исполнуваа критериумите. Комисијата на врвни правни експерти, во која беа претседателите на пет уставни судови од земјите-членки, јасно заклучи дека името на РМ не имплицира никакви територијални ревандикации.

14. Неодржлива е грчката теза дека и' се заканува опасност од македонскиот иредентизам. Тоа е чиста измислица. Впрочем, членството на РМ во НАТО, кое токму Грција грубо го спречи, би било најдобра гаранција против такво нешто. Не само дека нема такви намери, РМ нема ниту какви било воени капацитети со кои би можела да ја доведе во опасност грчката безбедност, да не зборуваме за нејзиниот територијален интегритет. Грција има 240 илјади, а РМ осум илјади војници. Навистина, РМ има четири хеликоптери, но факт е дека, од разни причини, два од истите се речиси постојано приземјени!

15. Доколку постои некаков иредентизам, тој може да се нотира само кај грчката страна. Таму постојано се извикува дека „Македонија е Грција“. Што треба да значи тоа? Неодамна, владиката солунски изјави дека делови од РМ (Битола...) треба да се присоединат кон Грција и слично. Наспроти тоа, македонското малцинство и' е лојално на Грција, и покрај сите неправди на кои било и е изложено од 1913 година до денес. РМ целосно го поддржува тоа. Меѓу нив нема заговорници на иредентизам, иако секаде има екстремисти.

16. Тврдењата дека РМ присвојува дел од културното наследство на Грција се само манипулација повеќе. Сите земји што биле дел од огромната империја на Александар Велики имаат еднакво право да ги користат сите симболи од тој период. Аеродромот во Скопје не може да биде исклучок, и' се допаѓало тоа на Атина или не, иако моментот на преименување можеби не беше најсреќно одбран. Со тоа никој не е ниту може да биде загрозен бидејќи тоа не имплицира никакво право. Впрочем, никој нема ексклузивност на античката историја: таа е историско наследство на човештвото.
 
Добрососедството е обврска

17. И покрај сите досегашни отстапки и крајната грчка нефлексибилност, РМ е сепак спремна за барање компромис со кој ќе се надмине проблемот. Компромисот меѓутоа, во никој случај, не смее да го доведе во прашење идентитетот на македонскиот народ ниту да ја постави државата во нерамноправна положба на меѓународната сцена. На РМ НЕ МОЖЕ ДА § Е ЗАБРАНИ ВО БИЛАТЕРАЛАТА И ВО МУЛТИЛАТЕРАЛАТА ДА ГО КОРИСТИ ИМЕТО МАКЕДОНИЈА, како што тоа го прават Германија, Италија, Шведска и сите други држави, со што ги симболизираат своите нации. За жал, грчката единствена цел е да го спречи токму тоа: експонирање на македонската нација. РМ смета дека е невозможно такво нешто да биде поддржано од високоценетите европратеници.

18. Со својата политика, Грција директно ја дестабилизира не само РМ туку и целиот регион. Обврската за градење на добрососедски односи не може да важи само за новите демократии, а не и за членките на НАТО и на ЕУ. Грција мора да биде лидер во регионот и пример за другите земји. РМ е целосно заинтересирана за надминување на недоразбирањата со Грција и за развој на најшироки односи и соработка со неа. РМ ја смета Грција за природен сојузник и логичен промотер на нејзините евроатлантски интегративни процеси. Досега, Грција играше крајно негативна улога во тие процеси и беше загрозувач на мирот и на стабилноста на регионот.

19. Основен столб во системите на сите западни земји е легализмот. Европскиот парламент (ЕП) треба и мора да биде симбол на највисоките демократски дострели. Пратениците и службите на ЕП, како највисок законодавен дом на Европа, треба и мора да бидат носители на борбата за доминација на правото над политиката. РМ е конкретен тест за сите.

20. Македонскиот народ не може да верува дека сето ова што му се случува е дел од современиот мозаик на демократска и легалистичка Европа. Дали вие верувате во тоа? Толеранцијата е синоним за култура, но може да значи и соучесништво, како во конкретниов случај. Чистата совест не смее да биде резултат (само) на слабо паметење.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8AE2B0057B240F458C01BD95265CBAB1
 
Ова говедо повторно изрази спремност минатиот четврток за компромис т.е., промена на името, овој пат пред германскиот претседател Кохлер.

Да се потсетиме, притисокот врз Македонија пред самитот во Букурешт пошна откако Бранко јавно даде сигнал дека сме спремни на компромис т.е., промена на името.

И згора на тоа, му се брза. Го притегнало, на зорт е. А правилото на пазарот се знае: тој што е на зорт, ќе плати.

"The theses that Macedonia can wait for five, ten or two decades to resolve this issue in a more favorable way do not hold any ground, because we will again come across Greece and its right as a NATO and EU member", he stated.

Проблемот е во тоа што Црвенковски прави пазар со имот што не е негов, па ич не го боли кој ќе биде “изгорен“ во зделката.
 
17. И покрај сите досегашни отстапки и крајната грчка нефлексибилност, РМ е сепак спремна за барање компромис со кој ќе се надмине проблемот.

Ристо Никовски доволно силно ги поставува аргументите. Но, внимание! Со горната реченица, сите убави аргументи автоматски се ставаат на второ место, и се признава дека грчките аргументи, за кои во текстот не се зборува ништо, воопшто не се спомнати, имаат реална тежина која е поголема од сето она што е така убаво кажано досега.

Недипломатски, но попрецизен израз би бил дека спремни за компромис се баграта на Црвенковски, Тито и “експертскиот“ шљам, а не Република Македонија.
 
Prasajte si go bokseroot koe ime go prifati samo so nema madinja da kaze deka ke pravi kompromis :tapp:
 
Back
На врв Bottom