Македонски Телекомуникации се ребрендираат во T-Home!

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Со брендот на „T-Home“ до подобар имиџ и поголем број корисници. „Македонски Телекомуникации“ од следниот месец ќе работат со ново име „Македонски Телеком“.

t-home-logo.jpg


Со логото и боите на „T-Home“ преземени од германскиот сопственик „Дојче телеком“, ветуваат нови услуги, ребаланс на цените.

„Ќе нудиме различни продукти, еден по друг. Првиот е рамна понуда, што значи претплата со многу прифатлива цена, сите телефонски повици по 7 часот навечер и по 8 часот наутро ќе бидат бесплатни и ќе бидат вклучени во цената. Потоа ќе нудиме услуги со ВоИП системот, ќе ја развиеме брзината на интернетот, а во последниот квартал од оваа година ќе воведеме и интернет телевизија“, изјави Николај Бекерс, главен извршен директор на Мактел.

Влезот на Мактел во семејството од 150 милиони корисници од 50 држави во светот, за менаџерите од „Дојче Телеком“ е одлична можност за развој на земјава.

„На нашите корисници во Македонија сакаме да им овозможиме пристап до се поголемиот потенцијал на модерните телекомуникациски услуги. Врз основа на заложбите направени од „Македонски Телеком“ и од „Дојче Телеком“ сакаме да играме клучна улога во економскиот просперитет на вашата земја“, вели Тобиас Шмит, директор во „Дојче Телеком“.

Претставниците на Владата во Мактел му посакаа добредојде на брендот „T-Home“. Ветија дека ќе го затворат прашањето за дивиденда, а се најавуваат и поевтини цени за конкурентите кои ја користат мрежата на Телеком за сопствен бизнис. Интерконекцијата ќе поевтини од 1 јуни.

„Ќе постои ребалансирање, ќе постојат нови тарифни модели“, вели Жарко Луковски, претседател на Одборот на директори на Мактел.

Ребрендирањето ќе чини неколку милиони евра. Ќе заврши за еден месец со концерт на градскиот плоштад во Скопје. Граѓаните ќе ги забавува англиската музичка група Шугабејбс.

Извор: А1

што мислите дека ќе се смени...
дали во поглед на фиксна телефонија или во поглед на интернет...? Различни цени (нормално поевтини:vozbud:), неограничен даунлоуд и аплоуд...
 
Ај на здравје нека им е .. А дека ќе се смени нешто, тешко.
 
Браво ! Конечно нешто да променат на подобро, само едно нешто ме загрижува сеуште, никако да се ослободиме од таа претплата. Колкава и да е нема потреба од неа. Моментално 599 денари ми одат во ветар секој месец...јал не јал три ипол. Баш мислев да расчистам со фиксниот телефон, ама сега ќе почекам да видам што ќе понудат конкретно.
 
И тогаш Лазар ми рече....: чедо Божјо .... спиј на тоа уше​
 
Не верувам нешто драстично да сменат... Пак ќе воведуваат некакви тарифи, бесплатни пораки, ти реков-ми рече и повторно со рестрикции од типот: само кон корисници на T-Mobile (пардон, T-Home), па мора месечна претплата, па ти не знам што...
Битно ќе ми ги донесат Sugababes!
 
Не верувам нешто драстично да сменат... Пак ќе воведуваат некакви тарифи, бесплатни пораки, ти реков-ми рече и повторно со рестрикции од типот: само кон корисници на T-Mobile (пардон, T-Home), па мора месечна претплата, па ти не знам што...
Битно ќе ми ги донесат Sugababes!
ова јас не сум во тек или стварно неможат да се праќаат пораки од и на фиксни телефони...:kesa:
 
ова јас не сум во тек или стварно неможат да се праќаат пораки од и на фиксни телефони...:kesa:

Не си ти тој што не е во тек, туку јас :pos:
Ќе го изменев мислењето, ама веќе си ме цитирал :pos:
Се збунив дека T-Mobile ќе се ребрендира, а тоа всушност Македонски Телекомуникации (THREE)

Иначе да, мислам дека има варијанта да се праќаат и од фиксен само што не е воведена кај нас и пошироко!
 
Не си ти тој што не е во тек, туку јас :pos:
Ќе го изменев мислењето, ама веќе си ме цитирал :pos:
Се збунив дека T-Mobile ќе се ребрендира, а тоа всушност Македонски Телекомуникации (THREE)

Иначе да, мислам дека има варијанта да се праќаат и од фиксен само што не е воведена кај нас и пошироко!
:pos::pos::pos::pos::kez::kez::kez::kez:
не сум запознаен со оваа опција али дај нека напрает...шо и да е...само пубо нека е...
 
...ќе видиме.

најчесто со ребреднирањето фирмите добиваат подобар углед, затоа што со старото име си идат и старите мучки.
 
Синоќа баш гледав на Вести за ова и мислам дека е добро што ги купија
"Македонски Телекомуникации". A велат дека и многу побрз и поефтин интернет ќе имат овие така да ќе видиме ако излезе како што велат идам да си ставам нет од нив.....:toe::vozbud::pos2::pos2:
 
Прашање. Кога ке има резултати од ребрендирањево?
 
1 мај е официјално, колку што пишува.
 
Барем Шугабејбс ке ги донесат,ако ништо друго:)
 
Ќе почекаме и ќе видиме како ќе биде.

Но неверувам дека нешто ќе се смени.

Освен брендот. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom