Знае ли некој како се одредува противникот за 1/4 финале и кога се играат натрпеварите...се утепав од барање не успеав да најдам
Рано е уште, треба прво да се помине оваа фаза. Откако ќе заврши и возвратниот дуел во Копенхаген е тогаш се прави ждребка за четврт-финалето. Инаку на другите средби нема некои особени изненадувања.
Романската Спорт Решица која ич не ја посакувам за понатаму е веќе пласирана во четврт финалето бидејќи веќе се одиграа двата дуела со Украинскот Будивленик. Вториот двомеч кој е веќе завршен меѓу Норвешкиот Елверум и Рускиот Каутсик го добија Сакндинавците со само 2 гола предност. Реално Норвежаните се најлесни противници во следната фаза, и треба да се молиме да ни се паднат они. Покрај нас кои сме скоро 100% во наредната фаза, таму со исто толкава веројатност ќе се најдат и фаворитот Гумерсбах кој на гостувањето кај Чико во Португалија победи со 19 разлика. И вториот фаворит Сан Антонио од Шпанија, победи дома со босанскиот извиѓач со 7 разлика. Шпанскиот тим е квалитетен, но сепак ќе оставам мала резерва околу севкупниот победник. Сигурен во следната фаза е и Словенечкиот Марибор кој ја декласираше Српската Колубара на гостински терен со 26-40...
Искрено незнам колку е јак марибор. Мислам дека комотно можеме да се носиме со нив, ама оваа победа сепак ме изненадува.
Останаа два двомеча каде што домаќините Мозер Кремс (Австрија) и Трембле (Франција) остварија победи од само два гола над Шведски Дрот односно Унгарски Балатон.
Единствено што ни останува да се молиме е да ги избегнеме Решица, Гумерсбах и Сан Антонио. Со сите други противници мислам дека нема да имаме проблем околу пласман во полуфиналето, т.е. од некој од нив сме подобри а со некои можеме да сме надигруваме и со голем процент да ги поминеме.