Факт е дека тимот е многу послаб од лани. Тоа дефинитивно е точно, се потврди со двата пораза од металург и слабите резултати во лигата на шампионите. Само не ми е јасно како заклучивте дека Вујовуиќ треба да си оди ? Читам некој постови и неможам да се изначудам какви глупости пишувате дека Вујо требало да си оди, па сами си кажавте дека Вардар сезонава нема играчи, дека најдобрите играчи си заминаа лани, значи кој и да биде тренер неможе да се извади подобри резултати од ова, максимумот е ова, со овој играчки кадар неможе да се победи метелург па незнам кој и да биде тренер, и зошто тогаш сакате да си оди Вујо ?
Значи на сите нека ви биде јасно, Вујо не е крив за ништо сезонава, со овие играчи го вадеше максимумот. За мене лично Вујо е најдобриот тренер што Вардар го имал до сега и би сакал да остане и понатаму да биде тренер.
Мислите дека ако дојде тој Савевски ќе се сменат некој работи ?
Бидете сигурни дека нема ништо да се смени. Со овие играчи тоа е.
Точно така.
Не е се до тренерот,оваа сезона Металург има далеку најсилен тим и повеќе од заслужено ќе ја освои титулата.
Вујо има огромно ракометно познавање,преферира модерен,брз ракомет-точно е дека направи некои грешки во минатото-ама Вардар под негово водство го крена нивото на својата игра во овие години.
Иако Вујо изјавуваше дека ова е најсилниот Вардар досега,сепак сигурен сум дека и самиот беше свесен за квалитетот и силата на Металург.
Ако ги анализираме играчите на Вардар-Диви,Раде Стојановиќ.Бранче Ангеловски,Макалот,Мараковиќ.Аљушот,Ѓорѓевиќ-ова се сите искусни играчи со многу големи утакмици зад себе,и сигурно имаат голем квалитет.
Голем хендикеп беше повредата на Раде Стојановиќ,играч кој ќе му беше од корист на тимот.
Ако го споредуваме составот на Вардар со оној на Металург-на прв поглед Вардар има можеби и позвучни имиња.
Металург со 3 бека кои играа по 55 мин-Мојсо,Маркиќевиќ и Миркуловски-(на моменти влегуваше и Стоилов) ја растури одбраната на Вардар.
Предноста на Металург е во одбраната-имаат далеку подобра одбрана од Вардар и таа им ги донесе двете високи победи и титулата.
Им се погодија и странските засилувања-проверени играчи-Чурувија,Маркичевиќ,еве сега доаѓа и Слоевенцот Каваш и ќе бидат уште пододбри.
Михајло и Вујо направија голема УТКА со некои засилувања,(не е прв пат во Вардар да доаѓаат вакви играчи)посебно пикерите Пешиќ и Томас,немаат квалитет да играат во јак клуб,обични просечни играчи кои на големо доаѓале во Македонија и не покажале ништо.
Подобро да му дадеа поголема минутажа на Никола Марковски,или пак на Дарко Јанев.
То е проблемот на нашите клубови,шо многу тешко се доаѓа до КВАЛИТЕТНО странско засилување,ако сакаш квалитет ќе треба да го одврзиш ќесето на големо-за тие пари ќе доаѓаат играчи со квалитет каков шо го имаат нашите играчи во Македонија.
А и нема квалитет повеќе и во Србија,Хрватска како некогаш,кога засилувањата шо доаѓаа овде беа со одлични ракометни познавања,сега грото странци шо доаѓаат се просечни ракомтари кои не ги заслужуваат парите кои ги добиваат.