Свадба, да!
Ама онаква, со стил, америчка. Сигурно помисливте на свадба од бајките.!! Не, не не таква.
Сакав да кажам дека не ги сакам овие нашиве, македонски обичаии, со шлапање, па за девојката пари даваат, божем таа е крава, па ја продаваат. Па оние песништана, одвратни ми се. Па шлапање, бакнување со роднини. Ма бљак!
Јас сакам свадба со стил, фустан класичен, локација: на отворено, музика: некои класици, и мојот омилен бенд, чоколадна фонтана, тоа би било тоа, без ора!! Тоа најважно, сакам интимна свадба, со само блиски личности. Многу пати за ова ми пререкувале моите дома, кога разговараме за слични работи.
Па што..А и знам дека не треба да се надевам за ваква свадба, нема да биде подржана од никој. :pos2:
А и знам дека е само ‘‘фантазија‘‘.
Бреееј! Зарем целиот овој пост го напишав јас!!?! Ма не не, рано ми е мене за свадби!! Скраја да е. :pos2::pos2: