Чекај бе брат, Србија, Грција и Албанија не се ли соседните земји. Зошто сите емигранти избраа Бугарија. А во втората светска војна, до септемри 1944г немало никаков отпор на Македонците. Отпор започнува по влегувањето на советската армија во Бугарија, комунистичкиот удар на 9 септември 1944г и по пристигнувањето на косовската бригада главорези на Темпо во Македонија и инструкцијте до македонските комунисти како да се однесуваат кон Бугарија.
Ова е исто ко да тврдиш дека немало бугарска војска до 1944 година.
Дај прочитај нешто повеќе од твоите пропагандни сајтови и можеби ќе научиш кога се формирани првите партизански одреди во Македонија!
-Скопскиот, Прилепскиот и Кумановскиот:
На 7/8 април 1941 година, Месниот комитет (МК) на Прилеп одржал состанок на кој била утврдена определбата за вооружена борба против окупаторот.
Во текот на април 1941 година подготвителни состаноци одржале повеќе МК во Македонија.
По нападот на Германија врз Советскиот Сојуз на 22 јуни 1941 година, самоиницијативните состаноци на МК на КПЈ во Македонија го иницирале Покраинскиот комитет (ПК) кон крајот на јуни 1941 година да формира Воена комисија која ќе биде одговорна пред ПК за военото прашање.
Активностите на Воената комисија резултирале со формирањето на Скопскиот партизански одред на
22 август 1941 година.
Нешто подоцна биле формирани Прилепскиот и Кумановскиот партизански одред, а на
11. октомври со нападот на жандармериската станица во Прилеп започнало планско и организирано вооружено востание на македонскиот народ.
А веќе во првата половина на 1943 западните региони на Македонија, Кичево, Дебар итн. биле ослободени.
Ивановски В. Априлските состаноци и советувања на Месните комитети на КПЈ во Вардарска Македонија, 1941 г. // Гласник на ИНИ, ХIХ/3, Скопје, 1975.С. 33-47.
Дури во март 1943 година
е формирана Комунистичката партија на Македонија (КПМ) на чело со Централен комитет (ЦК).
Главниот штаб на НОПОМ е проширен и преименуван во Главен штаб на народноослободителната војска и партизански одреди на Македонија.
Патот за новоформираните одреди како и за обновување на сите оние кои постоеја во 1941 година не беше лесен.Бугарската фашистичка војска и полиција жестоко се судрија со борците од македонските партизански одреди при нивното формирање и дејствување во 1941 година.Со тоа, тие се уверија дека духот на развојот на оруженото востание кај најширокиот слој на македонскиот народ во Македонија, Скопје и Скопско е во подем и дека бргу се шири во сите средини.........Во согласност со таа директива, поедини одреди ги започнаа своите оружени акции против непријателите.Така на пример, одредите "Даме Груев" , "Питу Гули" и Прилепскиот партизански одред веќе имаа судири со бугарскиот фашистички окупатор а Скопскиот партизански одред води борби кај манастирот Матејче и манастирот Благовештение со непријателски единици, која се наоѓа на Скопска Црна Гора и соработува со окупаторот.Бугарскиот окупатор и неговите помагачи за да се заштитат себе си и својот фашистички режим како и да му олеснат на својот господар Хитлерова Германија.......Бугарскиот непријател зголемувајќи ги своите војничли и полициски ефективи во Македонија, од почетокот на септември 1942 година отпочна офанзива против партизанските единици на просторот од Вардар до Охрид и од Скопје до југословенско-грчката граница на југ.Во таа офанзива учествуваа две дивизии коњанички и други воени единици како дел од Петтата бугарска армија.......
Група бугарски полицајци позираат пред исечени глави на македонски партизани во прилепско во 1942 година.
Тито, со писмо од 16 јануари 1943 година до ПК КПЈ за Македонија, преку С.В. Темпо, им се обраќа на
македонските комунисти: "Потребна е мобилизација на сите сили на
нашата партиска организација,
неизживеаноста и либералниот однос кон "автономистичките“ тенденции со национален карактер целосно да ги ликвидираме.
Ние недоволно енергично удривме по тие "автономистички“ тенденции, кои во голема мера ја зафатиле нашата партиска организација во Македонија!
За кои автономистички тенденции говори Тито ха?
Потоа на второто заседание на АСНОМ во 1944 самиот Темпо лично присуствува и признава дека Македонците се бореле за својата независност.